И неговото име започнува на Че

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Pa aren coek bil ovoj Cento jebiga malce nerealen za prilikite ama to ti e , imashe i Srbija Sava Kovachevich pa go utepaa odzadi grb ...toa ti e
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Споредувањето со Che Guevara е излишно и недржи вода...ако се мисли на „Носете маички со Ченто“ тоа е веќе глупост.

Che Guevara е симбол на општествениот непокор, а не на националниот непокор...
Че Гевара денеска е многу богат мртовец, ако си ги продал навреме маркетиншките права. Лик на маица, лик на постер....кул револуционер. Не како нашиот Че-нто, македонче просто...

Ебаго Чегеварата....

Бертоне, може ли да ми ги објасниш подобро поимите општествен и национален непокор?
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Pa aren coek bil ovoj Cento...
Штета што нема и сега во Македонија такви луѓе како него... Ченто е човек кој што заслужува голема почит... Тоа што му го правеле Колишевски и тие околу него е за најстрога осуда... Можеби не до тој степен, но секако за осуда се и оние кои што и денес се обидуваат да му ’замачкаат’ дел од неговата биографија... Се обидуваат да ја негираат неговата улога во Народно-Ослободителната Борба и да го негираат фактот дека Ченто бил комунист... Затоа Ченто рекол дека “верувал во се’, но не верувал дека ќе го осудат неговите“... На улогата на комунистите во Македонија за време на НОБ никој не може да и’ најде црна дамка... Таа била позитивна, народна и прогресивна, а дури после ослободувањето започнува оној црн период со новата комунистичка власт на чело со Колишевски... Ченто не сакајќи да биде дел од ’таквата’ власт, се повлекол... но го вовлекол и гневот кај тогашната власт која што одлучи да му го уништи животот!

a ima ova prodolzenie ?
bas interesen tekst
Има уште малку...

...И си отидоа двајцата, а ние си ја продолживме работата. Арно ама, тоа се сметало како инцидент за кој може да се повлече партиска одговорност. Вечерта ни соопштија дека утредента изутрина секого поединечно ќе не викале и тоа никој друг, туку самиот Видое Смилевски-Бато. Него го одредиле да испита зошто така сме постапиле, националистички и зошто сме немале доверба во еден проверен комунист да не биде член на Президиумот. Сите добивме укор.
Подоцна дознавме дека Темпо веднаш му напишал телеграма на Тито во која побарал итно да биде сменет командантот на Главниот штаб генерал Михајло Апостолски. За ова не знаевме никој, бидејќи шифрантка му беше една жена која подоцна му стана сопруга. Таа со него одеше насекаде, каде тој, таму и таа. Одговорот на Тито беше ваков: 'И порано имам слушано за генералот Апостолски, а овде се другарите кои лично го познаваат, бидејќи беше командант на планинските единици во Словенија за време на војната. Кога Германците упаднаа во Југославија, Апостолски наредил да се урнат сите мостови, да им се попречи лесното заземање на Словенија. Германците тоа го премостиле со понтонски мостови, но факт е дека тој тогаш го направил тоа. И второ, Михајло таму бил поврзан преку Митар Бакиќ со Партијата, знаеле за него и сметале на него. Тој ми е познат, така што, за жал, не можам да го прифатам твоето мислење и ќе го унапредам во чин генерал-потполковник".
Набргу потоа дојде наредба од Тито генерал Апостолски да ги преземе и јужноморавските бригади. Значи, покрај тоа што командуваше со единиците во Македонија, го одредија да биде командант и на јужноморавските бригади и да ги координира акциите. Имаше и некои други такви разногласија, поинакви мислења и несогласувања меѓу Иницијативниот одбор, Главниот штаб, Централниот комитет, но ги разрешувавме...

Еве некои книги за Ченто... Кој е заинтересиран, може да ги најде и да ги прочита...
Фиданка Танаскова „Методија Андонов Ченто“ (1990)
„Ченто: човек, револуционер, државник“ (1993, зборник)
Илија Андонов - Ченто „Мојот татко - Методија Андонов Ченто“ (1999)
„Методија Андонов-Ченто: документи и материјали“ (2002)
Ристе Бунтески „Методија Андонов-Ченто: македонски народен трибун“ (2002)
„Ченто и македонската државност“ (2004, зборник)
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Стрелец, изворот од каде тече? И каде можам да се напијам и јас од водава, освен по некоја голтка тука?

Фала :smir:
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Стрелец, изворот од каде тече? И каде можам да се напијам и јас од водава, освен по некоја голтка тука?

Фала :smir:
Serpico, овој текст ми е од еден пријател... Македонец од Охајо... Неодамна ми затреба за еден бизнис, но единствено што разбрав е дека се отселил... И сега веќе (за жал) немам контакт!
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
ченто е легенда и е неправедно оцрнуван од проју комунистите
колишевски до 44 беше у затвор у бугарија а киро глигоров се пишуваше бугарин за да отворе адвокатска канцеларија у скопје
за разлика од нив ченто периодот 41-45 газеше снег до рамења и биеше бој заедно со панко брашнаров и уште еден многу значаен револуционер кој исто така беше отпишан од комунистите-павел шатев
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
I sto stanalo so toj Mihajlo Apostolski ?
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Не знам дали знаете дека Ченто на изборите во 1945 година бил избран за македонски пратеник во Сојузното народно собрание на Југославија. Дури и му бил прифатен еден амандман на предлогот за Устав за правото за самоопределување на народите (федералните единици) за присоединување до отцепување.

Инаку, еве дел од автобиографските белешки на Ченто... Многу се интересни, прочитајте ги!

На седницата на Националниот комитет, која се одржа на дваесет и четврти јуни, на која присуствуваа, покрај Тито, уште Ранковиќ, Ѓилас, Кардељ и други, беа поставени две точки: известие на Иницијативниот одбор и македонското прашање. За да се увери Тито во она што му го кажав, се договоривме, по првата точка да зборува Мане Чучков. Тој ги пренесе поздравите на македонскиот народ до АВНОЈ, до националниот комитет, а посебно до Тито за разбирањето за правата на нашиот народ, со уверение дека македонскиот народ, во заедничката борба, ќе ги оствари своите идеали и национални права, односно ќе се обедини. Кажа дека со одлуките на АВНОЈ, Тито ужива голем авторитет меѓу борците и кај народот, кои веруваат дека е вистински борец за слобода. Накусо зборуваше за нашите идеали и за развојот на народно-ослободителната борба, која треба да се круниса со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ. На крајот рече дека за успешно одржување на заседанието, а со тоа и за поголемо разгорување на борбата со окупаторот, треба да се разјаснат некои прашања, кои се разгледувани од Иницијативниот Одбор и од Главниот Штаб. За да не ги пренесува, предложи да ги прочитаме записниците од нивните заседанија.

Пред да ги прочитаме записниците, Тито се заблагодари за поздравите и накусо изложи како, тој и Националниот комитет, гледаат на борбата на македонскиот народ. Кажа дека нивните гледања се содржани во одлуките на второто заседание на АВНОЈ, и дака нема сила што ќе го спречи нивното остварување, а во таа смисла, дека македонскиот народ треба да ја засили борбата против окупаторите, која во почетокот не била разгранета, како во другите делови на Југославија, но дека се гледа оти ќе се разгори после одржувањето на заседанието на АСНОМ, па побара да се одржи што е можно поскоро.

Потоа ги прочитав записниците и го повторив она што му го реков на Тито во врска со грчките комунисти, а Киро Петрушев даде некои појаснувања во врска со решенијата од заседанијата на Иницијативниот Одбор и на Главниотт Штаб. Поставив прашање како да се поврземе со Македонците во Грција и во Бугарија и предложив Националниот комитет да издаде еден меморандум за Македонија, од кој ќе се види дека и македонскиот народ се бори против заедничкиот фашистички непријател и за остварување на националното право на обединување.

Но, овие работи беа премолчени во дискусијата.

На крајот, Тито предложи да се донесат заклучоци во врска со македонското прашање, кои беа во смисла на нашиот предходен разговор:
- дека историските идеали на македонскиот народ за обединување се наше национално право и дека ќе остане наше барање;
- дека, со оглед на положбата во соседните земји и договорите меѓу сојузниците е прерано тоа да се поставува, затоа што би ја ослабело борбата против заедничките окупатори;
- дека за остварување на тоа право најдобро е да се соработува со сите народноослободителни движења;
- и дека треба што поскоро да се одржи заседанието на АСНОМ и да се формира Народно-ослободителен фронт. Исто така, се предложи, по заседанието на АСНОМ да појдам во Националниот комитет, за да ги застапувам интересите на нашиот народ.

Кога заврши состанокот, на кој, во споредба со другите, ние бевме облечени во истуткани алишта, кои по прегазувањето на Морава, дуру ни се смалија, Тито рече:

- Организирајте, на нашиве другари од Македонија, да им се сошијат одела по мерка. Нема смисла да одат во вакви истуткани одела.

Додека бевме таму, ни сошија униформи од еден убав сивкаст штоф, но не ги облековме ни таму, ниту кога се вративме, бидејќи ни беше незгодно пред другите, ние да изгледаме како грофови.

По два дена одржавме состанок со Кардељ, на кој ни советуваше како да го организираме одржувањето на заседанието на АСНОМ: како да биде украсена простoријата, каде што ќе се одржи заседанието; што да се избере на заседанието - президиум и влада, при што може да изберeме и лица, кои не се на слободната територија, па дури и да се в затвор (што мене ми личеше на одговор во врска со расправијата со Темпо, кога дискутиравме за делегацијата во АВНОЈ ); да испратиме поздравни телеграми до Сталин, до Рузвелт, Черчил, Тито и до Рибар и исто така да ги избереме во почесно председателство на заседанието; каква декларација и прокламација да донесеме, со која ќе се обратиме до македонскиот народ; декларација со која ќе ги одобриме одлуките на АВНОЈ; одлука со која АСНОМ како и АВНОЈ, ќе се прогласи за врховно законодавно и извршно тело за Македонија ; одлука за избор на комисија за испитување на воените злосторства; и друго”.

“... На триесетти јуни повторно се сретнав со Тито. Се интересираше дали сме задоволни од разговорите. Јас му кажав дака разговорите се едно, а друго е што навистина ќе се направи и дака за задоволство ќе зборуваме подоцна кога ќе се остварат ветувањата. Тој пак ми повтори дека при првата можност ќе проговори и ќе се заложи за обединувањето на Македонија и на македонскиот народ:
- Ќе видите оти нема да ве изневерам. Ова не се празни ветувања. Еве ви една моја фотографија за спомен, како залог за она што ви го ветив. Ако ве изневерам, ќе можете да покажувате кој ве изневерил.
Ја зедов фотографијата, на која беше со маршалска униформа и на која имаше напишано:
“За спомен на соборецот, другарот Методија Ченто.
Тито. 30.IV.1944."
 
Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28

На ЈБТ и Барон Минхаузен не му бил рамен. За тоа капа му симнувам. Кого стасал прелажал. Ти мислиш дека Ченто му поверувал?
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ти мислиш дека Ченто му поверувал?
Не мислам, туку знам дека Ченто му верувал... И знам дека Тито тоа што го кажувал за Македонија, тоа и го мислел... За жал, подоцна работите многу се промениле... Од една страна, Черчил и Рузвелт не покажале никаков интерес за идејата за обединување на Македонија, а од друга страна и Тито го сменил ставот... Одлучил да се (из)бори за таа федеративна држава Југославија... Сепак, наша среќа е што Тито така ги поставил работите, што со неговата политика исчезнале условите за да продолжи протекторатот што Србија го имала над Македонија пред војната... Учеството на Македонија во таа југословенска федерација на некој начин претставува и преодна фаза кон самостојноста до која што стигнавме пред 16-17 години!
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Mnogu letal pred vreme Cento ... nemal on losa misla ama nerealen... poleka drzava ne se prai po prv pat za tri dena drus tras ...

Daj te molam pojasni za toa strelec za toa kako se smenile uslovite vo vrska so Ruzvelt i Cherchil i zasto ?
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Шведо и Многознајко, ептен забегавте оффтопик. Ај полека малце!
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
И никој ли не знае да каже нешто повеќе за Здружената опозиција? Кој ја водел, кои партии биле членови?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom