И неговото име започнува на Че

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.197
Поени од реакции
12.102
Го читам блогов редовно, кога гледам денес еден текст кој стварно пријатно ме изненади и решив да ви го прикажам.

Ако веќе „револуционерите“ во Македонија потрчаа да го слават Че, да ги потсетам дека нашиот Ченто од секој аспект вредел повеќе од Кубанецот и тоа не само затоа што е наш. Ако ништо друго, Ченто барем не беше свиреп со своите соработници, не егзекутираше политички противници и не оправдуваше нуклеарен напад на САД (повеќе).

Од друга страна, Ченто беше скромен, не уживаше никакви привилегии како Претседател, беше вистински близок со луѓето, дури и го ослободуваше својот личен шофер, бидејќи самиот пешки одеше до работа и назад дома секој ден. Додека Темпо и Колишевски им го свртија грбот на нашите Македонци кои гинеа во Егејска Македонија и ја пратија македонската армија да биде масакрирана на Срем, Ченто цврсто стоеше на своите про-македонски принципи, за кои еднаш дури избегна и стрелачки вод.

Комуњарските црвчиња конечно му дојдоа до главата кога во експресен монтиран процес го осудија на 12 години затвор. По мачни 9 години, излегува од затвор тешко болен и набрзо потоа умира. Некои од неговите егзекутори сеуште се на позиции во Македонија, да не ги ни спомнувам нивните семејства (цели кланови, поточно) кои ги изпонаместија на убави фотелји за овие изминати децении. Некој спомна лустрација? Хм, малку им е тоа.

Така другари, јас разбирам дека сите ги мава глобализацијата по глава, но домаќински е прво своето чергиче да си го зачистиме од тиња, уште повеќе што под тињата на заборавот се кријат блескави дијаманти. Во споредба со Ченто, Че е добар само за на маица. И кога сме тука, зарем немаме некои добри црно-бели ретуширани портрети од Ченто, па да ги напечатиме? Нешто како: „Ченто беше сто пати подобар“. :)

"Верував во се, но не верував дека ќе ме осудат моите." - Методија Антонов - Ченто.

Видео клипови

http://mislam.blogspot.com/
Не можам повеќе да се согласам со текстот од авторот. Сето што е напишано во потполност е точно и нажалост таа е денешната ситуација.

За некои подобри времиња кога неговото дело ќе биде ценето.
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Како прво Гевара не бил Кубанец туку Аргентинец,никогаш не уживал во привилегии(да уживал ќе си останел на Куба,а не да оди во Африка да дига нови востанија),а во врска со нуклеарниот напад,па Американците први фрлија а-бомба на Јапонија.

п.с.Цела почит кон Ченто.
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
"Верував во се, но не верував дека ќе ме осудат моите." - Методија Антонов - Ченто.

Нели тоа потсетува и на приказната со Љубе Бошковски? :toe:
Кај нас многу нешта се повторуваат, а причината е немањето храброст да се соочиме со вистината и правилно да ја читаме историјата и затоа не можеме да се поучиме од неа. Колкумина и други наши се осудени или оцрнети од нашите?! Многу.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ako nemanjeto "HRABROST" stanuva hronicna bolest malku poodolgo vreme togas e krajno vreme da se razmisli dali e obratnata situacija " IMANJE NA HRABROST"vsusnost isklucok osuden na propast???
Sekoja cest na Cento , na nego licno kako covek , no ne sum siguren deka negoviot "neuspeh' e rezultat samo na nekoi zelbi na "NEKOI NASI" da go unistat..............
Vistinski drzavnik, vo vistinsko vreme ja obezbeduva idninata na svojot narod za odreden period godini...do slednata istoriska raskrsnica , koga togasnata nova generacija ke ja otvori vistinskata vrata za vistinskiot "HODNIK".
Cento e cisto promasuvanje vo toj pogled............gledano od aspektot na Makedoncite ....no taka ti e toa realno...sekogas nekomu treba da mu smrkne, za na drug da svetne.."svetol den"...:):)!!!
I sudbinata na Cento i nekoi drugi neopravdano zaboraveni i od nas ovde, ne treba da se gleda kako mikro pojava, na drugata strana ne bile nekolkute Makedonski , aj da receme uslovno janicari.....se rabotelo za MOKEN I TOGAS NEUNISTIV SISTEM....VESTINATA BILA DA MU SE PRIDRUZIS I VO DADEN MOMENT DA DELUVAS, A NE DA MINUVAS SO GLAVA NIZ ZID, na svoja steta i na steta na MNOOOGU DRUGI...eden cel narod....
Ljube???? Na zalost toj batka ne moze ni da se sporeduva so Cento osven mozebi vo beskrajnata naivnost.....
Na mestoto na Ljube vistinski karakter vo toj moment ke postignese neopisivo poveke, pri togasnoto za Makedoncite neocekuvano delenje na novi karti....., no tradicionalno za nas....pak utka....isto kako pred 50 godini.....i mnogu pati pred toa.....:)
I sega ne e Goli Otok ...sega e Seveningen.....iako Ljube ke nauci da gotvi ..nema da krsi kamenja :),a nas na isto ni odi...
........si sedime i ponataka vo GETO , a veke ni drzava na Makedoncite nemame :)
Namesto Lazo,.... imame ex premier koj apla si stana bugarin.....i namesto Narodna Republika Makedonija........ imame protektorat koj go spremaat za "KONECNOTO RESENIE"......
 
Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Го осудувам фактот што тогашната влада на Југославија го осуди Ченто, но од друга страна ја сфаќам и нивната позиција.

Имено, Ченто и неговите соработници, сакаа да ја ослободат Егејска Македонија (Солун е наш и сл). Грција беше сојузник на Југославија против Германија и нејзините сојузници. Каков пример ќе дадеше Југолсавија на нејзините сојузници (Британија, САД...) ако ја освојуваше територијата на Грција (која сите знаеме како е земена од нас). По 1945 година ќе навлезевме во Трета балканска војна ако се дозволеше тоа. Тоа е повеќе од јасно. Историски нас ни припаѓа таа територија, но распоредот на силите во тоа време беше таков.

Јас мислам дека требаше (и имаше повеќе смисла) да се ослободат териториите окупирани од Бугарија и Албанија, како нацистички (фашистички - намерно не пишувам оти во Грција имаше фашистичка влада и по 1945 година), сојузници...

Споредувањето со Che Guevara е излишно и недржи вода...ако се мисли на „Носете маички со Ченто“ тоа е веќе глупост.

Che Guevara е симбол на општествениот непокор, а не на националниот непокор...
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Онака само, еден текст кој што ми беше пратен по е-маил пред година-две...
Ми изгледаше интересен и го зачував:

Еве едно сведоштво од една подготвителна седница, пред свикувањето на Првото заседание на АСНОМ:

Откако пред сите беа прочитани предлог-текстовите, онака како што беа направени, Ченто неколкупати праша: "Има ли некој некаква забелешка, нешто да се дополни, да се измени?" Никој не се јави за забелешка.
Добро ни одеше се, како "подмачкано". Тука седеа луѓе со разни сфаќања за некои работи, разни возрасти и сл. Некои, како на пример, Ченто, едноставно не сакаа да им се командува, многумина сакавме да мислиме и со своја глава. Можеби е карактеристична следнава епизода. Кога на Иницијативниот одбор расправавме за органите на идната држава, се постави прашањето по примерот на СССР и на други кај нас да се формира Президиум. И тука се сложивме. Тоа е модел и тоа треба да се почитува. И почнаа да се даваат разни предлози. И тогаш Страхил Гигов дигна два прста и рече: "Јас предлагам да биде член на Президиумот еден голем комунист, дојден сега од Србија, кој бил во Јабланичкиот одред - Видое Смилевски-Бато".
А Ченто, како што го дал Господ, стави очила, па го погледна, па го праша Страхила: "Кој ти е, пак, тој?" А тој му одговори: "Другар Ченто, тој е многу познат комунист, неговата фамилија се иселила уште на крајот од минатиот век, имале кафеана во Белград, таму се родил, ..." и се така.
А Ченто пак го праша: "Да те прашам, знае ли тој македонски?"
"Па", му рече Страхил, "малку тешко, ама ќе се потсети, ќе научи".
"Е", заклучи Ченто, "ако е толку добар комунист, да си го примите во Централниот комитет, а не во државниот орган".
А Страхил го погледна, не можеше да поверува оти Ченто така отсечно му одговори. "Ако е таква работата, јас барам пауза".
Ченто се согласи, а Страхил право во куќата каде што беа Централниот комитет и Главниот штаб. И по петнаесетина минути дојдоа заедно со Ченто. Темпо чекореше, каков што беше висок, лут, дојде над главата на Ченто и го праша:
"Како можете вие да не го примите Видое Смилевски-Бато во Президиумот?"
А Ченто не се ни обѕрна да го види, му го слушна само гласот и му одговори: "Ти другар Темпо не си член на ова тело и немаш право тука да се мешаш".
Го постави прашањето на гласање: "Ова, сепак, е важна работа, кажете кој е за, кој е против". Прв крена рака Ченто, велејќи: "Јас сум против", Апостолски - против, Киро Глигоров - против, Лазар Соколов - против, кичевчанецот Полежина - против. "Е па", заклучи Ченто, "оваа работа да остане така како што решивме, а одлуката ја донесовме на демократски начин".
Темпо збесна. Побара да му се подготви придружната чета, утредента ќе си заминел за Србија. А по него се стрча Страхил Гигов: "Немој другар Темпо, сега е многу значајно време, наскоро ќе се одржи АСНОМ, па немој сега да не напуштиш!"
И си отидоа двајцата, а ние си ја продолживме работата.
 
Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28

Тие во црвеното се едни од гробарите на Независна Македонија и директно одговорни за убивањето и затворањето на македонските патриоти: Ченто, Брашнаров, Полежиноски...
 
Fabullous_178

Psychonautics:.
Член од
21 февруари 2007
Мислења
2.987
Поени од реакции
190
Че Гевара оправдувал нуклеарен напад врз Америка?...И шо е тука лошо не ми е јасно...Ако блогов е на левицата,а мислам дека е,не знам како немаат срам да се служат со такви аргументи...
Инаку секоја почит за Ченто,не велам дека треба малку повеке да си ги цениме нашите патриоти ама во секој случај неможеме да го порекнуваме делото на некои светски....
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Да не беше Ченто Македонец, поише ќе го сакавме, ќе го почитувавме, ќе го славевме и на маици ќе го носевме.
Јебига, таков народ сме. Поише ги цениме оние од надвор.
Секоја чест за Че, имал свој утисок врз светската историја, но повеќе го ценам Ченто од причина што се борел за МОЈАТА држава. Че Гевара не направил ништо за МОЈАТА држава.
Затоа го сакам повеќе Ченто.
 
Bertone

Автомобилски Дизајнерски Гуру
Член од
1 октомври 2007
Мислења
808
Поени од реакции
6
Го има слика од Ченто со висока резолуција?

Возачот на Ченто
 
SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
a ima ova prodolzenie ?

bas interesen tekst

Онака само, еден текст кој што ми беше пратен по е-маил пред година-две...
Ми изгледаше интересен и го зачував:

Еве едно сведоштво од една подготвителна седница, пред свикувањето на Првото заседание на АСНОМ:

Откако пред сите беа прочитани предлог-текстовите, онака како што беа направени, Ченто неколкупати праша: "Има ли некој некаква забелешка, нешто да се дополни, да се измени?" Никој не се јави за забелешка.
Добро ни одеше се, како "подмачкано". Тука седеа луѓе со разни сфаќања за некои работи, разни возрасти и сл. Некои, како на пример, Ченто, едноставно не сакаа да им се командува, многумина сакавме да мислиме и со своја глава. Можеби е карактеристична следнава епизода. Кога на Иницијативниот одбор расправавме за органите на идната држава, се постави прашањето по примерот на СССР и на други кај нас да се формира Президиум. И тука се сложивме. Тоа е модел и тоа треба да се почитува. И почнаа да се даваат разни предлози. И тогаш Страхил Гигов дигна два прста и рече: "Јас предлагам да биде член на Президиумот еден голем комунист, дојден сега од Србија, кој бил во Јабланичкиот одред - Видое Смилевски-Бато".
А Ченто, како што го дал Господ, стави очила, па го погледна, па го праша Страхила: "Кој ти е, пак, тој?" А тој му одговори: "Другар Ченто, тој е многу познат комунист, неговата фамилија се иселила уште на крајот од минатиот век, имале кафеана во Белград, таму се родил, ..." и се така.
А Ченто пак го праша: "Да те прашам, знае ли тој македонски?"
"Па", му рече Страхил, "малку тешко, ама ќе се потсети, ќе научи".
"Е", заклучи Ченто, "ако е толку добар комунист, да си го примите во Централниот комитет, а не во државниот орган".
А Страхил го погледна, не можеше да поверува оти Ченто така отсечно му одговори. "Ако е таква работата, јас барам пауза".
Ченто се согласи, а Страхил право во куќата каде што беа Централниот комитет и Главниот штаб. И по петнаесетина минути дојдоа заедно со Ченто. Темпо чекореше, каков што беше висок, лут, дојде над главата на Ченто и го праша:
"Како можете вие да не го примите Видое Смилевски-Бато во Президиумот?"
А Ченто не се ни обѕрна да го види, му го слушна само гласот и му одговори: "Ти другар Темпо не си член на ова тело и немаш право тука да се мешаш".
Го постави прашањето на гласање: "Ова, сепак, е важна работа, кажете кој е за, кој е против". Прв крена рака Ченто, велејќи: "Јас сум против", Апостолски - против, Киро Глигоров - против, Лазар Соколов - против, кичевчанецот Полежина - против. "Е па", заклучи Ченто, "оваа работа да остане така како што решивме, а одлуката ја донесовме на демократски начин".
Темпо збесна. Побара да му се подготви придружната чета, утредента ќе си заминел за Србија. А по него се стрча Страхил Гигов: "Немој другар Темпо, сега е многу значајно време, наскоро ќе се одржи АСНОМ, па немој сега да не напуштиш!"
И си отидоа двајцата, а ние си ја продолживме работата.
 
Стрелец

El Mariachi
Член од
23 јануари 2005
Мислења
910
Поени од реакции
10
Ченто држи говор на главниот плоштад во ослободено Скопје, 1944 год.

Ченто ја прифатил и ја бранел македонската национална кауза уште од раната младост. Учествува на изборите во 1935 година како заменик кандидат, а на изборите во 1938 година и како кандидат на листата на Здружената опозиција, бранејќи ја македонската национална кауза и залагајќи се за поголема слобода на Македонците и отворање на училишта на македонски јазик. На изборите во 1938 година од вкупниот број гласови дадени за кандидатите на опозицијата, Ченто добива најмногу, но не бил избран за пратеник поради државната манипулација со изборниот систем.

Ченто бил од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1939), за што бил затворен во затворот во Велика Кикинда. Во 1940 година се залага за воведување на мајчин македонски јазик во наставата во училиштата и повторно е затворен и интерниран во Баина Башта, при што е осуден на смрт. Дури и е одведен на стрелање, но е ослободен во последен момент на 15 април 1941 година.

Уште на почетокот на бугарската окупација, на 26 април, Ченто добива покана да соработува со бугарските окупаторски власти. Тој ја одбива поканата и наместо тоа одбира да соработува со оние што се залагаат за ослободување на Македонија од нејзините нови окупатори. Неговата продавница за алкохол во Прилеп станува свртилиште на комунистите од градот, поради што бугарските власти го интернираат во логорот „Чучулигово“, Петричко (Пиринска Македонија).

Во октомври 1943 година Ченто е именуван за член на Главниот штаб, а по основањето на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ станува негов претседател. Како дел од Одборот учествува во подготовките и организацијата на свикувањето на АСНОМ. На почетокот од мај 1944 година тој, Емануел Чучков и Кирил Петрушев заминуваат за Вис на средба со Народниот комитет за ослободување на Југославија на чело со Јосип Броз Тито. Средбата се одржува на 24 јуни при што македонската делегација го поставува прашањето за обединување на Македонија по ослободувањето од окупацијата. Тито начелно се согласува, но не смета дека тоа треба да биде непосредна задача.

По враќањето на делегацијата од Вис, се привршуваат подготовките околу АСНОМ и на 2 август се одржува Првото заседание. На него Ченто е избран за претседател на Президиумот на АСНОМ на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија (подоцна НР Македонија).

За време на извршување на својата фукнција, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и сакан од народот и се залагал власта целосно да биде народна и народот да може слободно и преку истата врата преку која влегуваат службениците, да влегува во институциите. Според неговите лични сведоштва, Методија Андонов - Ченто бил многу почитуван и од самиот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито кој успеал да го убеди да се кандидира за пратеник на изборите во 1946 година и покрај опструкциите кои му се правеле на Ченто од страна на КПМ (Лазар Колишевски).

Првите несогласувања на Ченто со новата комунистичка власт, особено со Светозар Вукмановиќ – Темпо, почнуваат многу брзо по неговото преминување на слободна територија. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на Сремскиот фронт, се залага за обединување и поголема самостојност на Македонија и од тие причини пополека му ја одземаат реалната власт. На 14 март 1946 година Ченто поднесува оставка на функцијата претседател на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, сака да се повлече од политиката и намира да живее во Прилеп, но на 14 јули е уапсен од полицијата пред својата куќа во Прилеп, а на 31 јули Министерството за внатрешни работи објавува дека Ченто бил уапсен поради обид за бегство во Грција и е осуден на 11 години затвор. Додека бил во затвор, властите често му нуделе да признае и потпише дека згрешил и се покајува, по што животот ќе му бил наполно обезбеден. Затворскиот живот остава траги врз неговото здравје. Осамен и во тешки болки и маки, Ченто на 24 јули 1957 умира од рак на желудникот, во својот дом во Прилеп.

Долги години по смртта, Методија Андонов - Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети.

Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Една работа не ми е јасна, го уапсиле поради бекство во Грција? Имало ли потерница по него па го фатиле во бекство?

Знае ли некој нешто повеќе за „Здружената опозиција„? На Влатко Мачек ли е или имало и други. Кои партии биле во опозицијата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom