Го читам блогов редовно, кога гледам денес еден текст кој стварно пријатно ме изненади и решив да ви го прикажам.
За некои подобри времиња кога неговото дело ќе биде ценето.
Не можам повеќе да се согласам со текстот од авторот. Сето што е напишано во потполност е точно и нажалост таа е денешната ситуација.Ако веќе „револуционерите“ во Македонија потрчаа да го слават Че, да ги потсетам дека нашиот Ченто од секој аспект вредел повеќе од Кубанецот и тоа не само затоа што е наш. Ако ништо друго, Ченто барем не беше свиреп со своите соработници, не егзекутираше политички противници и не оправдуваше нуклеарен напад на САД (повеќе).
Од друга страна, Ченто беше скромен, не уживаше никакви привилегии како Претседател, беше вистински близок со луѓето, дури и го ослободуваше својот личен шофер, бидејќи самиот пешки одеше до работа и назад дома секој ден. Додека Темпо и Колишевски им го свртија грбот на нашите Македонци кои гинеа во Егејска Македонија и ја пратија македонската армија да биде масакрирана на Срем, Ченто цврсто стоеше на своите про-македонски принципи, за кои еднаш дури избегна и стрелачки вод.
Комуњарските црвчиња конечно му дојдоа до главата кога во експресен монтиран процес го осудија на 12 години затвор. По мачни 9 години, излегува од затвор тешко болен и набрзо потоа умира. Некои од неговите егзекутори сеуште се на позиции во Македонија, да не ги ни спомнувам нивните семејства (цели кланови, поточно) кои ги изпонаместија на убави фотелји за овие изминати децении. Некој спомна лустрација? Хм, малку им е тоа.
Така другари, јас разбирам дека сите ги мава глобализацијата по глава, но домаќински е прво своето чергиче да си го зачистиме од тиња, уште повеќе што под тињата на заборавот се кријат блескави дијаманти. Во споредба со Ченто, Че е добар само за на маица. И кога сме тука, зарем немаме некои добри црно-бели ретуширани портрети од Ченто, па да ги напечатиме? Нешто како: „Ченто беше сто пати подобар“.
"Верував во се, но не верував дека ќе ме осудат моите." - Методија Антонов - Ченто.
Видео клипови
http://mislam.blogspot.com/
За некои подобри времиња кога неговото дело ќе биде ценето.