Na Dora Bakojani, bidejki kako ja vodi politikata, arno e, ke se sredime so imeto vo OON i nasekade.
Mamu i jebem, ima da gi sotreme
Во седум коловозни ленти, исто како и во сезоната на годишните одмори, така вчера и денеска преку граничниот премин Богородица се влегуваше во Грција.
Атрактивните продавници и трговски центри кај јужниот сосед и овој продолжен викенд се покажаа како најпривлечни за македонските граѓани со подлабок џеб.
Вчера и денеска преку граничниот премин Богородица, на македонско-грчката граница, во Грција влегле 20.000 луѓе од Македонија.
И покрај зголемената фреквенција на возила и патници, подолги задржувања од вообичаените на Богородица не се случија, бидејќи пограничните служби го очекувале овој бран и навреме се организирале, а ги алармирале и грчките колеги од преминот Евзони.
„Ние ја очекувавме оваа гужва, овој бран, бидејќи Владата донесе продолжен викенд, Ние бевме доста организирани и спремни, работиме на шест-седум ленти по потреба“, рече Никола Стамнов, командант, полициска станица Богородица.