Дали би ја промениле верата за милион евра?

Не ми е јасно како некој може со пари да ве натера да верувате во нешто спротивно на тоа во што сега верувате.
A зошто да не? Досегашниот принцип на примање на локалната, мнозинска религија е “поправилен“? Истите што тука го сакаат Христа, на друго место жестоко би го бранеле Алах доколку би биле родени таму.

А ова со парите и желбата да се стане богат преку ноќ е сечовечка појава. Како љубовта. Значи е поголем начин за помирување на луѓето. Алелуја! :back:
 
Данаил, друго ми беше зборот.

Дали ако ти дадам 1 милион евра, ќе те натерам да веруваш дека надвор моментално е ноќ и паѓа град? Мислам на вистинско верување, а не само декларативно да кажеш, верувам.
 
Истите што тука го сакаат Христа, на друго место жестоко би го бранеле Алах доколку би биле родени таму.


Епа...........Слава на Бога што сме се родиле тука,во православна земја.Но,има и многу припадници на други вери,на пр,исламот,кои кога ја спознале нашата православна вера,сватиле дека се крие вистината во неа,и се покрстиле.Знам многу такви примери.....Значи,се е до тоа дали човекот ќе ја почувствува верата внатре,во себе,како вистинска,или не.......Бидејќи неможе на светот да постојат многу вистини,Една е.
 
Епа...........Слава на Бога што сме се родиле тука,во православна земја.Но,има и многу припадници на други вери,на пр,исламот,кои кога ја спознале нашата православна вера,сватиле дека се крие вистината во неа,и се покрстиле.Знам многу такви примери.....Значи,се е до тоа дали човекот ќе ја почувствува верата внатре,во себе,како вистинска,или не.......Бидејќи неможе на светот да постојат многу вистини,Една е.

Имаш и мал милион обратни ситуации , кога вашите верници ја осознаваат “вистината“ во други религии , па што ?

Не сум сретнал до сега човек кој ја знае апсолутната вистина ..
 
Имаш и мал милион обратни ситуации , кога вашите верници ја осознаваат “вистината“ во други религии , па што ?

Не сум сретнал до сега човек кој ја знае апсолутната вистина ..

Никој неможе се да знае,но вистината повеќе се чувствува.Кога и самата љубов е вистинска,ти тоа го осеќаш внатре,во себе.Така и со верата...Ти можеш да ги испробаш сите религии на светот,но само една ке ти даде такво чувство.Бидејќи верата не е во зборот,туку во срцето.Јас лично водев разговор со една католиќиња од Словенија,која патуваше насекаде со велосипед,заедно со татко и,и влезе во наш православен храм,присуствуваше на Литургија,сосем случајно.Кога заврши,таа самата ми кажа дека никогаш во животот не видела толку Величенствено нешто.Ми кажа:“Јас сум католик,и одам понекогаш на миса.Кај нас,пеењето е придружено со оргули,и звучи многу лошо(нападно).Кај вас нема оргули,а сите пеат чудесно.Пеење што кај нас го нема... предизвикува чудно чувство,убаво.Самиот иконостас,е толку вешто изрезбан....Кога влегов внатре,иако незнаев што беше тоа што се пееше,почувствував огромна топлина.бев смирена.Кога влегувам кај нас во храмовите,се чувствувам ладно.Мисата,пеењето,самиот изглед,не ми пружаат никаква топлина на душата.Дури,чудно ми е,незнам зошто кај нас не е така.Има тука нешто посебно......„. Јас заќутев,зошто немаше потреба веќе ништо да кажам.Нејзе срцето и кажа.:)Токму за вакво чувствување на вистина ти зборувам.
 
kolku i da mi davaat nikogas ne bi ja promenila verata
 
Оној кој си ја “продава“ верата пари за тој всушност никогаш не се сметал за верник на истата, ниту пак на било која друга.
 
Spored mene ne e vo red da se menuva verata nasa pravoslavna bidejki nasite predci se borele za nas i za nasata vera, ako ja smenime togas kako da sme se otkazale od niv!
 
Верата моја не е на продажба. Ако нешто ми е свето тогаш е таа. ,,Ако некој се откаже од Мене,тогаш и Јас ќе се откажам од него пред мојот Отец небесен,,.
Не ја ставам во влог мојата вера и вечноста. Не сум толку луд коцкар.
 
Како може некој да помисли на ова, додека дедо му, пра дедо му, пра пра дедо му... умирале за својата вера...
Па лесно ќе им било да ја сменат и да уживат... ама не... бидејки искрено верувале...
Такви теми се раѓаат од слаба или воопшто неприсутна вера... но еј, кој сум јас да осудувам.
 
Можам официјално да бидам христијанка, будист, муслиманка и т.н. Се е во игра, но верата останува иста. Ако сменам религија, не мора да значи дека ќе сменам вера, она во што верувам, секогаш ќе ми остане и ќе најдам начин да го воздигнам во било која религија.
Сепак, ако некој ме тера да менувам религија, само за да го искористи тоа во националистички цело, нема шанси.
 
uf. odma. za milionce. ama da biram koja.:). pa koa ke si investiram posle. pa dobar prihod. pa paricki....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom