Кога се сака се се може. И работам и студирам и уживам. Уживам во работата, уживам во студирањето и уживам кога излегувам. Сега немам секогаш слободно време јбг ама па таков пат сум избрала и сакам да одам до крај. Не се откажувам од ништо! Незнам да седам пред пц и само така ништо да не правам, збудалувам ако немам некоја обврска, скоро секогаш сама си ги креирам. Завршија првите колоквиуми, и да, положив
Не мавам просек зашто физички неможам, идам на вежби после работа и кога имаме попладне предавања. Напорно е и тоа многу, никој неможе да ме сфати кога ќе кажам дека сум уморна. Треба да си сконцентриран на работата, треба да трчаш на факултет и таму да слушаш, треба дома да трчаш и дали да учиш, дали да спиеш, дали да излегуваш? Ама кога се сака се се може
Не сум спор тип на човек, сакам динамика и богами си ја барав и си ја добив. Жртва е голема, ја само го жртвував времето за спиење и за еден ден барем го намалив времето за излегување.