Goran Bt
локал патриот
- Член од
- 28 јуни 2009
- Мислења
- 9.357
- Поени од реакции
- 8.459
Албанци демонстрираа против дискриминација
Протестниот марш доби опозициска поддршка, а ДУИ го оквалификува како „малоброен“
Река луѓе со транспаренти и албански знамиња в раце, кои извикуваат „УЧК“ и погрдни пароли за Владата и за премиерот Никола Груевски, и полиција на секој чекор - беше сликата на центарот на Скопје вчера попладне, за време на протестите што ги организираше Советот на албанските организации, под мотото „За правда“.
Неколку илјади демонстранти маршираа на релација Судска палата - Собрание - Влада, бидејќи, како што рекоа, овој потег го симболизира дискриминирачкиот трином против Албанците. Тие настапија со барања за запирање, како што велат, на монтираните судски процеси и дискриминацијата на албанската заедница во земјава. Демонстрантите инсистираат на ургентно прекинување на хашките случаи од конфликтот во 2001 година, запирање на процесите „Бродец“ и Сопот“ и повлекување на проектот „Скопје 2014“, за кој сметаат дека дека ги дискриминира Албанците и дека е штетен за меѓуетничките односи. На списокот се и барањата за регулирање на употребите на албанскиот јазик и на националните симболи, за пропорционална распределба на државниот буџет и за запирање на дискриминаторските политики врз етничка основа во економијата, образованието и културата.
Центарот на главниот град беше под полициска опсада. Цели одреди полиција го обезбедуваа потегот низ кој се движеше протестната поворка. Демонстрантите на цел глас извикуваа „Сакаме правда“, „Етничка Албанија“, „НАТО“, „Стоп за дискриминацијата“...
Организаторите на протестот добиле тивка поддршка од опозициската ДПА, а пратениците од НД лично и' се приклучија на колоната протестанти. Владејачката ДУИ, пак, се огради од протестите уште кога тие беа најавени.
Премиерот Никола Груевски, кој вчера присуствуваше на почетокот на изградбата на ново тениско игралиште во населбата Ѓорче Петров, одби да ги коментира протестите на невладините организации. Но, потоа се огласи еден од портпаролите на Владата, Шефик Дураку, кој оцени дека „малубројноста на протестот е силна порака до сите фактори дека Албанците во Македонија се подготвени да ги решаваат нивните барања и проблеми преку институциите на системот“. Тој негираше дека на протестот учествувале и членови и симпатизери на ДУИ.
„ДУИ и претходно имаше став дека не ги поддржува протестите и дека нашето учество во Владата е доволен доказ оти поголемиот број Албанци поддржуваат институционално решавање на проблемите“, рече Дураку, заклучувајќи дека протестите се уставно загарантирано право на сите граѓани во Македонија кои сакаат да го изразат своето незадоволство.
Протестот заврши без инциденти, а неговите водачите прво решија да дадат изјава за медиумите само на албански јазик, со образложение дека тоа е во знак на револт поради тоа што во Владата се зборува само на македонски. Потоа, тие, сепак, лиферуваа до редакциите и изјава на македонски јазик. Во неа, меѓу другото, се бара интервенција од меѓународната заедница контра „корумпираното и политизирано судство и одредени владини субјекти кои шират политика на разделби“.
„Нашиот единствен и неповратен пат е зачленувањето во НАТО и во ЕУ, но таму не се стигнува со дискриминирачка и антидемократска политика. Треба да се стремиме кон наша заедничка подобра иднина, преку еднаквост на граѓаните Македонци и Албанци во Македонија“, се наведува во изјавата од протестот.
Заради ова не треба скопје да биде главен град има уште многу работи но сепак ова е недозвливо за еден главен град да му текне на кој кур сака да си игра со сите други и баш би сакал да биде Битола главен град не само што сум од таму туку и да видам како ќе ги организираат овие протести албанците дали со автобуси ќе ги носат тука или и да му даваат автобуси ќе идат празни со еден збор ова е брука за државата кога за секоја ситница некој оди пред собрание влада и судот
Од историски аспект е повеќе од јасно дека Битола треба да биде главен град на обидинета Македонија со тоа што ќе биде во центарот на таа држава и ако сакате по пишувањето на Крсте Петков Мисирков во книгата за македоските работи одлично е објаснето ова прашање и причина за што би бил Битола главен град :salut: