Дали Скопје треба да биде главен град на Р.Македонија?

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
sto se luftirate be:nenene: nema da se smeni Skopje se e tamu , se se pravi vo Skopje a drugite gradovi se zanemaruvaat:toe: , inaku od bezbednosen aspekt Veles e najpogoden barem nekoe ministerstvo kaj nas da se prefrli
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Дефинитивно Скопје си е главен град и треба да си остане, па најразвиен град во државава ни е, се е тука...
 

курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.662
Поени од реакции
48.748
Добро си е вака да не комплицираме сега Скопје си е главен град
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Ако го земаме примерот на поразвиените земји не! Нека остане главен град, ама малку треба да се растерети. Катастрофа е! Со такси да се возиш испод 150 денари нема да си поради огромните гужви. Плус цела концентрација е таму. По другите градови никаде нема работа и сите остануваат Скопје. И после сме имале депопулација на помалите градови. Е имаме. Треба да се направи план некои функции на државата да се тргнат од Скопје и да се распоредат по другите градови.Пример факултетите да не се во Скопје(пример е ова). Па и скопјаните се луѓе, и тие треба да живеат малку порелаксирано. А сега во моментот во Скопје е невиден метеж. Сообраќајниците се толку преполни што и метро да направат во Скопје нема да се решат проблемите. Лоша работа.:toe:
 

Britney'85

I'm sad...love me!!!
Член од
19 декември 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Pa kako da ne e glaven grad Skopje koga 75% od kapitalot na cela drzava e tamu.Ako treba da se menuva koj bi mu bile konkutrenti Probistip i Kriva Palanka?Gradovi kade sto ima 2 glavni ulici i 8 prodavnici vo cel grad?
Cela administracija e tamu,glavno sudstvo tamu,medicina tamu se e vo Sk.Edinstveno sto nemaat kuturno nasledstvo kolku Bitola i sto go nemaat ezeroto od Ohrid.Aj da ne pisuvam poveke oti se iznervirav
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
792
Поени од реакции
327
Bitola treba da bide glaven grad. Ima istorija, a i vo tursko bil glaven grad na togasnata oblast Makedonija. A i ke bidem eden cekor poblisku do EU, grcija ni e na 15 Km.
 

ViRuS

ПрОвОкАтОр
Член од
20 август 2005
Мислења
2.048
Поени од реакции
21
Skopje otsekogas bil "Prestolnina na RM" i po moi slobodni procenki taka i ke ostane uste dolgo vreme!Nesakam da gi potcenam drugite ostanati gradovi zosto sekoj se odlikuva so svoja avtenticna ubavina !
ако добро сум учел скопје не бил одсекога престолнина на македонија... за време на самоил охрид бил центар и за некое друго царево владеење
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.472
Поени од реакции
7.924
Луѓе, баталете историја, за сегашноста а богами и за иднината се работи.
Скопје има најдобри комуникациски врски развиено. Има аеродром, железница север-југ (за жал никако да се изгради и исток-запад).
Постојан индустриски развиток. За среќа на жителите на Илинден (и несреќа на Скопје), таа веќе не е скопска општина.

Пресвртот во развиток се случил за време на СФРЈ и сега веќе мислам и дека нема назад. Едноставно во Скопје има и премногу Битолчани а премалку Скопјани во Битола.

Бај д веј додека во Битола доаѓаат Грци да си купат ефтини работи и да добијат ефтин медицински третман, во Скопје доаѓаат Косовари за да се снабдат со квалитетни продукти и услуги, така да и нема некоја разлика.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.472
Поени од реакции
7.924
Го има езерото Треска, се што треба е да се возобнови.
 

Batistuta

..пак од скриен број...
Член од
16 февруари 2005
Мислења
1.945
Поени од реакции
50
Проблемот не е во тоа што Скопје е политички центар, повеќе во тоа што е економски, образовен и слично и тоа се провлекувало долго време со силен интензитет додека се развивала државата. Сега имаме премногу население со тенденција за нови доселувања и слично. Имаме 35% од популацијата во само еден град и уште повеќе проценти од економијата.

Значи.. веројатно мора да се растерети тоа. Отварање на повеќе факултети по другите градови, производствени капацитети, културно-забавни манифестации, концерти, клабинг, спорт, подобрување на сообраќајните врски и слично.

А за политички центар најмалку битно.. може да биде и Битола, Охрид или некој нов нека напраат ако сакаат (пр. Бразилија во Бразил и сл.).
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
a dali nekoj drug grad ima kapacitet za da bide glaven grag
 

Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
a dali nekoj drug grad ima kapacitet za da bide glaven grag
Тоа е важното за коешто повеќето не-скопјани на темава не (сакаат да) размислуваат.

На кратко - нема, и не гледам некој таков во блиска иднина. Скопје е, и ќе остане главен град на Македонија. Се` останато е wishful thinking. Единствено што може да се направи е тоа што Батистута и Чомбе го имаат напишано неколку мислења погоре.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Проблемот не е во тоа што Скопје е политички центар, повеќе во тоа што е економски, образовен и слично и тоа се провлекувало долго време со силен интензитет додека се развивала државата. Сега имаме премногу население со тенденција за нови доселувања и слично. Имаме 35% од популацијата во само еден град и уште повеќе проценти од економијата.

Значи.. веројатно мора да се растерети тоа. Отварање на повеќе факултети по другите градови, производствени капацитети, културно-забавни манифестации, концерти, клабинг, спорт, подобрување на сообраќајните врски и слично.

А за политички центар најмалку битно.. може да биде и Битола, Охрид или некој нов нека напраат ако сакаат (пр. Бразилија во Бразил и сл.).
Тоа е важното за коешто повеќето не-скопјани на темава не (сакаат да) размислуваат.

На кратко - нема, и не гледам некој таков во блиска иднина. Единствено што може да се направи е тоа што Батистута и Чомбе го имаат напишано неколку мислења погоре.
Бразилија е главен град токму поради тоа. Брегот на Бразил е развиен а остатокот е катастрофа. Бразилија е поставен за главен град п.овердрајв за да се надминат сите тие приблеми кај останатите региони. Ама еве некој како тебе го мислат обратното и џабе е да се расправаш.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom