Не мислев да се вмешам во оваа тема, ама се предомислив. Читам дека масоните биле владетели со светот и што уште незнам што, што сосема не е точно. Ај ќе објаснам отприлика што се масони:
Ќе започнам со сектите. И сектите се како некој дел во масонството. Има голем број и на секти (Црна ружа, Јеховини сведоци...) и исто така голем број на масонства во кои најголема и најпозната е П2. Сите масонства во светов се поделени на 12 генерали. Секој генерал има своја одредена територија во светов. Потоа, над тие 12 генерали има уште еден поголем човек (нешто како 13ти генерал), кој пак, му е заменик на ЦРНИОТ ПАПА. Епа тој човек е владетел на светов. Тој има најголема моќ и си прави што сака. Значи светов него му е некој вид на марионета. По неговата смрт, на неговото место доаѓа 13тиот генерал, а додека на негово место се избира еден од 12те генерали.
Моментално Црн Папа е црнец и е шпанец (така мислам). Откако некој ќе стане црн папа, остатокот од животот го поминува во една палата, од која што не смее да излезе (заради сигурност). На одреден временски период се собираат сите генерали во палатата на состанок со црниот папа, но, сите облечени во бели наметки и со капи (слични како и оние од кју клукс кланот), каде што преговараат за случувањата за светот.
Ако нешто ве интересира повеќе, прашајте.