Навали народе на ваучерите на владата

и мене ме интересира што стана со ваучерите на правен?
 
и мене ме интересира што стана со ваучерите на правен?


Ништо уште у пи*ку матер никој ништо не знае денес бев да прашам никој не те ферма да ти ебам факултетот заебан :nerv: :nerv:
 
Ајде, сега пишете од машините што ги купивте, кој што купил пофалете се.
 
Епа фино, јас за еден испит не земав ваучер. :toe:
 
Епа фино, јас за еден испит не земав ваучер.

Што имаат врска испитите со ваучерите ако ти е запишана последната година од студиите треба да земеш без оглед ако ти останале испити.
 
Пред да почните да продавате:

Контрола за наменско користење на ваучерите

Со цел да се обезбеди доследно спроведување на програмата, т.е. да се осигури наменско користење на ваучерите ќе се врши инспекциска контрола кај купувачите-студенти, како и кај компаниите, каде соодветно ќе се прати лагерот и реализираната продажба од страна на овластени лица од Министерството за финансии, т.е. Државниот пазарен инспекторат.
Каква инспекција бре, што збориш, демек јас ако купам компјутер за друг одма казна ќе ми пиѓат. Па ќе кажам го купив и го поклонив.Ај докажи дека лажам!
 
Напишано од cYb3rc0re
Пред да почните да продавате:

Контрола за наменско користење на ваучерите

Со цел да се обезбеди доследно спроведување на програмата, т.е. да се осигури наменско користење на ваучерите ќе се врши инспекциска контрола кај купувачите-студенти, како и кај компаниите, каде соодветно ќе се прати лагерот и реализираната продажба од страна на овластени лица од Министерството за финансии, т.е. Државниот пазарен инспекторат.


Кај пишува, колку време се должни студентите да ги чуваат купените компјутери
 
луѓе, не се палете. тоа мора да стои во законот, никој ништо нема да контролира и проверува. -))
 
не да нема никој ништо да проверува..денес дознав и дека еден другар си купил принтер и скенер со ваучерот..викам не е можно,он ми вика ти така си мислиш

btw а на правен ќе има ваучери и за ектс??
 
не да нема никој ништо да проверува..денес дознав и дека еден другар си купил принтер и скенер со ваучерот..викам не е можно,он ми вика ти така си мислиш

btw а на правен ќе има ваучери и за ектс??


А да си љубезен или љубезна да кажеш ако не овака јавно барем пиши ми на ПП каде ги купил тој другар ти тие делови да одиме и ние да направиме профит само ако е со врски тогаш ОК

За правен рекоа дека оваа недела ке даваат ваучери за нас што сме со 3 години по новиот систем али до денес немаше ништо.Некој рекоа дека ке го продолжеле законот дека и после 30 овој месец ке даваат ваучери али ништо сигурно не се знае.
 
а информацијава ти е сигурна или од муабети низ факс??
зошто тој списокот што беше направен со студенти од 4,не важи-никој нема земено,на студентски кажале дека ке се прави нов:(
 
Што имаат врска испитите со ваучерите ако ти е запишана последната година од студиите треба да земеш без оглед ако ти останале испити.

Епа за еден испит, немам доволен број кредити за семестарот од таа последна година, фактички имам квадрат (по стара програма), по нова нема врска квадратот, само бројот на кредити се гледа. Требаа 96, јас имав 90. 1 испит.
 
Еее Банџи се зезна малце ;) Ама ако....со твојата плата....10 компјутери ќе си земиш :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom