Ќеифот со пари не се купува...

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
....или се купува? :)

Што е она што парите можат да ви го приуштат, а ви прави ќеиф на душата? И обратно: Кои се работите кои едноставно не може да се купат со пари - а ве прават среќни, за момент или подолго.

Дали ако со пари си овозможите ќеиф, нема да си го расипете задоволството знаејќи дека сте платиле за него, и дали сметате дека моментално или подоцна ќе зажалите за направениот ќеиф кој бил поткрепен со Ваша финансиска подлога?

Крајно, што може да има конечно поголемо значење, поголема моќ и влијание врз вас: платениот или неплатениот ќеиф?
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Неплатениот ќеиф е посладок дефинитвно.Се разбира голем дел од работите што ни прават мерак се купуваат или се плаќаат,но голем дел и се бесценети и нема ниедни пари што ќе ги купат.
Не знам колку ова се брои или се важи како ќеиф,а и сум го кажала порано,ама за мене нема поголем ќеиф од тоа да се шетам додека времето е сончево,ама дувка ветер,кој ми ја бушави косата.Ма немам зборови да опишам како убаво се осеќам во тие моменти.
Или пак кога ќе се собереме другарки и муабети,делење совети,смеење.За мене нема поголем ќеиф од тоа.Целата душа ми се исполнува.
Има уште мал милион работи кои ми причинуваат задоволство,а не можеш да ги купиш со ниедни пари.
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
6.775
Поени од реакции
314
Богами се плаќа.
Ми е ќеиф и ми причинува задоволство кога ќе му купам нешто на дечко ми што ќе му причини и на него задоволство и насмевка на лицето,кеиф ми прави кога ќе си купам чоколадо што сум го посакувала цел ден,а ме мрзело да одам до продавница,ќеиф ми е кога ќе си купам некое ново парче облека што ми се свиѓало...
Ама има и некои работи што ми причинуваат кеиф што не можат да се купат...љубов,среќа,здравје,пријатели.добар муабет...нали?:)
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Една кинска поговорка гласи:
Куќа се купува со пари, но не и мир во неа.....
Доктор се купува, но не и здравје.....
 

Точкест

I'm Awesome
Член од
25 јануари 2007
Мислења
7.641
Поени од реакции
458
Има многу разлики околу „купувањето„ на кеифот. Материјалниот ќејф што си го пружаме самите на себе, на други или ни го пружаат е некој така убав чин ама не е тоа тоа. Ќејфот што ќе ни се направи за безпари е поубав, затоа што не се плаќа:pos: (шала:wink:). Туку озбилно бесплатниот ќејф т.е. некаде наречен љубов е најубавото нешто што може да му се случи на човекот:)нели....

Еве неколку стихови кои што мислам дека го докажуваат тоа

...Зар не е тоа убаво чим сакаш да ти враќаат
Некои за тоа плаќаат но јас го имам бесплатно
За моите блиски убивам а се надевам и обратно...
 

Ashley

بين الحياة والموت
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.043
Поени од реакции
35
Ако ги тргнам на страна љубовта и другарството, секое друго задоволство се плаќа. Неможам да го оделам платеното и неплатеното задоволство. Некако заедно ми идат. За скоро секој кејф што го плаќаме ни треба, ни прави задоволство и друштвото за кое не плаќаме. Никогаш не жалам за потрошените пари, тие се тука за тоа, да ги трошиме.
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
секој ќејф се купува дури во последно време можеш и љубов и другарчиња да си купиш што е стварно жалосно!
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
2.830
Поени од реакции
21
секој ќејф се купува дури во последно време можеш и љубов и другарчиња да си купиш што е стварно жалосно!
Не се купуваат тие работи...со пари можеш да имаш само бедни копии од другарчиња и љубов
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
секој ќејф се купува дури во последно време можеш и љубов и другарчиња да си купиш што е стварно жалосно!
А како ги купуваш?
Зборев општо!
Сва среќа не сум стигнал сеуште до тој степен за да си купам љубов или другари,а и не планирам,но има многу луѓе што со пари милсат дека можат се да имаат а и такви што летаат по пари,значи во денешно време ако имаш пари сите ти се другари,што повеќе пари тоа повеќе девојки и љубов(некој вид на љубов) :wink:
Не се купуваат тие работи...со пари можеш да имаш само бедни копии од другарчиња и љубов
точно,јас не кажав дека тие ти се вистински другари или вистинска љубов,но некои едноставно мислат дека можат да ги купат!
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Се можеш да имаш со пари.
Освен заемно разбирање и доверба и искрена љубов. :smir:
 
Член од
27 јуни 2007
Мислења
2.157
Поени од реакции
507
како не!па ќеиф во денешно време можеш само да си купиш!имаш пари и си правиш ќефови!
 
Член од
9 март 2007
Мислења
483
Поени од реакции
6
како не!па ќеиф во денешно време можеш само да си купиш!имаш пари и си правиш ќефови!
Да,ќеифот (за одредени нешта)можеби со пари се купува,ама среќата тешко....
Зарем само парите се средство за правење ќеиф?Само купеното не прави исполнети?Не би рекла дека е така!
Постојат многу работи кои ти прават ќеиф на душата,а не се поврзани со парите...
 

mirkec

Неостварена желба
Член од
26 јуни 2007
Мислења
502
Поени од реакции
3
Stvarnosta e stvarno takva, no sepak mislam deka treba da ja ignorirame.

" Odbivam da mislam deka se moze da se kupi so pari ".

Ne ja sakam stvarnosta - ke ziveam vo minatoto, barem nekoe vreme dodeka ne dojde podobra i poubava idnina.
 

Fantom

Chikara
Член од
4 јуни 2006
Мислења
11.453
Поени од реакции
812
Ќејфот се купува, во најголем број случаи.
Ќејф ми беше да гледам Црвена Звезда - Милан, па пут под ноге и право Белград. Јес да фрлив доста пари по кафани и сувенири, ама срцето бавча од ќејф ми се напрај.
И најважно, тешко заработениот ќејф, ако можам така да го наречам, е најсладок. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom