Кога би оделе на приватен универзитет, кој би го избрале?

Кога би оделе на приватен универзитет, кој би го избрале?


  • Вкупно гласачи
    147

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Сеуште постојат многу стереотипи за приватното високо образование во Македонија, но, полека се спушта топката и сите почнуваат да ги прифаќаат благодетите на студирање во приватен универзитет. Се отворија неколку приватни високообразовни институции, кој акредитирани а кој не. Прашањето ми е, кога би се одлучиле да студирате на приватен универзитет, кој би го одбрале? Односно во кој имате најголема доверба. Следува листа на акредитирани универзитети (приватни) во Македонија, заедно со нивните смерови (факултети)

ПРИВАТНИ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ:


Југоисточно - европски универзитет – Тетово:
- Правен факултет
- Факултет за јавна администрација
- Факултет за бизнис администрација
- Факултет за комуникациски науки и технологии
- Педагошки факултет
- Јазичен центар, висока стручна школа и
- Компјутерски центар, висока стручна школа


MИТ - Факултет за информациски технологии;
МИТ - Факултет за менаџмент


Нов балкански факултет за технички науки во Скопје;
Нов балкански факултет во Скопје


Прв приватен ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ - Република Македонија
- Факултет за економски науки - Скопје и Охрид
- Факултет за политички науки - Скопје и Охрид
- Факултет за информатика - Скопје и Охрид
- Правен факултет - Скопје и Охрид
- Факултет за арт и дизајн - Скопје и Охрид


Прв приватен универзитет - ФОН - Скопје
- Факултет за правни науки - Скопје и Струга
- Факултет за политички науки и меѓународни односи - Скопје и Струга
- Факултет за применети странски јазици - Скопје и Струга
- Факултет за детективи и безбедност - Скопје и Струга
- Факултет за менаџмент со животната средина - Скопје и Струга
- Факултет за информациски и комуникациски технологии;
- Факултет за економски науки;
- Факултет за спорт и спортски менаџмент.


Европска Филмска Академија ЕСРА Париз-Скопје - филијала во Република Македонија (Parisian European Film Academy ESRA)
Универзитет Њу Јорк во Скопје
- Факултет за бизнис администрација
- Факултет за информатика
- Факултет за комуникации
- Факултет за меѓународни односи и
- Факултет за англиски јазик

Универзитет ”Американ колеџ”- Скопје со факултетите:
1) Факултет за деловна економија и организациони науки (постојниот факултет кој продолжува со работа);
2) Факултет за политички науки;
3) Факултет за странски јазици;
4) Факултет за јавна администрација;
5) Висока школа за архитектура и дизијан;
6) Висока школа за комјутерска техника и иниформатика.


- Приватна високообразовна установа Факултет за бизнисекономија – Скопје

- Приватна високообразовна установа Факултет за туризам - Скопје

- Приватна висока стручна школа Академија Италјана - Скопје
 

STARTER

Firestarter
Член од
31 август 2007
Мислења
935
Поени од реакции
246
Па јас би го избрал тој со најдолга традиција и најстручен професорски кадар
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Па го избрав Првиот приватен Европски универзитет, економски факултет, од причина што само тој ги исполнуваше моите барања и само тој ми изгледаше најсигурно во поглед на економските науки. Подетално друг пат:helou:
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Го избрав Американ колеџ. Од секогаш сум имала високо мислење за тој факултет и него би го избрала доколку би учела на приватен.
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Го избрав Штул. Не можам да кажам најдобар, бидејќи не сум видела како е на другите приватни факултети, но моите очекувања ги исполнува.
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Ни еден. Прво да си завршам државен, па после колку да си купам диплома ќе изберам некој, ако ми се учи. Штуловиот не доаѓа во предвид. Можно е: Прв приватен ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ - Република Македонија или ФОН.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Ни еден. Прво да си завршам државен, па после колку да си купам диплома ќе изберам некој, ако ми се учи. Штуловиот не доаѓа во предвид. Можно е: Прв приватен ЕВРОПСКИ УНИВЕРЗИТЕТ - Република Македонија или ФОН.
Мислам дека станува збор за тоа кој универзитет, а не дали, како и да е за купување дипломи т.е. за твоите мислења кои не ги подржувам има посебна тема.:helou::helou:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Мислам дека станува збор за тоа кој универзитет, а не дали, како и да е за купување дипломи т.е. за твоите мислења кои не ги подржувам има посебна тема.:helou::helou:
Ако де, јас кажав на кој, т.е. 2, не сум одреден. пак се држам до темата :helou: :baeh: :smir:
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ај без провокации skrstevsky, прави се паметен на друга тема:wink:
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Факултет за Бизнис Економија – Скопје,пак.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Не би било лошо да дадете образложение зошто токму тој
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.700
Поени од реакции
288
Иако не сум бил на другите приватни факултети за да можам да споредам,почнувајќи од пристапот према студентите па се натака е на многу високо ниво (училници,програма,не многу голема школарина).Затоа.
 
Член од
29 март 2007
Мислења
6.820
Поени од реакции
238
Ја би избрал Американ колеџ зашто има Архитектура и Дизајн а башка универзитетот е топ има се.
 

Buterfly

*Just Fabulous*
Член од
4 јули 2006
Мислења
4.616
Поени од реакции
114
Нели Американ колеџ и Њу Јорк се споија?
 

Ivajlo

Sexual Harassment Panda
Член од
21 септември 2007
Мислења
127
Поени од реакции
18
Jas ke odberam fakultet na koj ke mozam normalno da studiram bez pritoa moite doma da nemaat za leb. Jas ke si odberam fakultet na koj pred da odam da polagam ke ja nemam dilemata dali ke polozam ili ke polozam. Ke odberam fakultet koj na svoite reklami nema muzika koja ja tera baba mi navecer da spie so zapaleno svetlo. I na kraj ke odberam fakultet koj ke mi ovozmozi da naucam nesto.
E arno ama toa so ja go baram go nema vo privatnite univerziteti.
Ustvari toa so ja go baram go nema ni vo drzavnite ama nejse tie se baska prikaska
 

Kajgana Shop

На врв Bottom