Што со темпераментните деца?

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Како би постапиле во ситуации на пример цел ден се чувате со детето му/и правите нешто за јадење нели што оно посакало а после тоа нејке ни залче во уста да стави,одеднаш гледаш храна на сите страни,на под,на ѕид...ама никако во уста :)
Или пак пример со играчките,цел ден играте и таман сте ги собрале тие пак се нашле низ цела куќа...Што тогаш?!
Има милион вакви примери но моментално сега ова ми падна на памет а и понесен од една случка....

Како би постапиле,или пак како постапувате?
Ви се случило ли да "пукнете" некогаш?
Дали е подобро да се биде попустлив кон детето уште од мало (сум слушнал многу пати мало е остај го) а после кукаат родителите,или пак е подобро да се биде по строг родител?!
И што мислите за изреката "Ќотекот од рајот е излезен" и колку треба да се применува?

:pipi:
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Подобро темава да се преименува во темпераментните и непослушни деца....
А што со нив? Е па тоа е пракса која се усовршува секој ден:wink:
 

vlatkolik

~I'm busy U are UglY,Have a Nice DaY!!!~
Член од
17 мај 2007
Мислења
2.647
Поени од реакции
28
Подобро темава да се преименува во темпераментните и непослушни деца....
А што со нив? Е па тоа е пракса која се усовршува секој ден:wink:
супер,преименуваја така,звучи подобро од ова "живите" :)

Точно со секојдневна пракса се усовршува,но еве како би постапила,како би реагирала ти?
 
Член од
23 март 2007
Мислења
2.370
Поени од реакции
62
Децата секогаш бараат благ приод, ненападен исто како нас возрасните...Кога и со нив се понашаме пријателски, возвраќаат со дупла мера:pipi:
 

Smasher

Професионален молер
Член од
27 јуни 2007
Мислења
811
Поени од реакции
9
Не бе ќотек, срамота како така. ц ц ц ц
Ќе му дадеш валиум и се кома по дома децата има да бидат, Е неее...!!! ќе се зезаме. :pos:

Се шегувам, се разбира дека ќотекот, дрогата и сите други ирационални средства за смирување на деца треба да се исфрлат. Јас со моето дете уште од мало би разговарал, би му ги објаснувал работите, би бил трпелив со него, би изградил сериозен сооднос родител-дете и обратно. Сепак треба да ги чуваме, да ги сакаме, да се грижиме за нив, во децата е животот, во нив е иднината.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Сигурно не би реагирала благо, ниту пак многу строго..Би му укажала дека то не е убо шо го напрај и следниот пат да не се дозволи..А за ќотек никако..Со тепање нема ништо да постигниш. Треба да се воспостави една рамнотежа, да се има граници. Да не биди премногу разгалено, ниту пак да се држи премногу строго.
Избегав од темата.
Значи, тонот со кој шо ќе биди кажано нештото ќе биди малце повисок, а рака кревање никако..
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Многу е лесно ко со куче...ке го измориш ке го истршаш и после не аздисуе... коа е ептем гладно само ке бара ако фрла играчки ке му ги фрлиш ни зпрозор или скиеш дур не се свести и препека по нив дур не сфати дека греши

ама најважно е да осети дете дека го сакаш имаат тие сензори не може да ги излажеш
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
67
Поени од реакции
2
Pa vaka roditel sum na edno mnoooogu temperamentno dete i mozam da ti kazam deka stvarno e mnogu tesko cel den da bides po doma so nego i da go sreduvas negoviot nemiren temperament prosleden so mnogu rasfrleni igracki i glupavi posakuvanja.Za jadenje nemame problem si jade sto saka i kolku saka i ne pravi problem da bara edno nesto a potoa da ne go jade.Toa e vo red. Inaku ne znam kolku od vas se srekavaat so vakvi situacii i kolku ke recat deka nikogas ne "puknale "od nervoza ama mislam deka nema sansi kolku i da sakas da ne se nerviras stvarno nema sansi.Mi doagalo na momenti da se isklucam od pamet i da ne znam kako go karam moeto dete.Ponekogas ne-tuku mnogu cesto mi se slucuva da dobie po nekoja slakanica po "gazceto" ili "obrazceto" ,no seuste nemam razgraniceno i postaveno mislenje za toa "Kotekot e od rajot" bidejki ponekogas koga smireno ke postapam so moeto dete dobivam podobar rezultat, otkolku da go iskaram pa potoa da treba i da go smiram,da ne place zatoa sto na majkamu ja boli glava itn itn...mislam toa e tema za koja ima mnogu da se zboruva i kolku i da zboruvame pak nesto ke ostane nekazano.
 

Britney'85

I'm sad...love me!!!
Член од
19 декември 2007
Мислења
135
Поени од реакции
2
Па тоа со темпераментот е проблем но може да се реши.Ке треба само повеќе време да им се посвети а зависи и од издржливоста на нервите на родителите.Јас немам дете но кога би имала ке избегнувам да го тепам,бидејки мене ме тепале и знам како е.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Bi go kaznila deteto za da ne pravi dr pat taka, ama ne so tepanje
 

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.749
Поени од реакции
1.010
Ах бе деца...шо сте чудни со размислувањава...не може секогаш се да се реши само со збор...мора и ќотек понекогаш...тешко дека од дете шо не е барем еднаш тепано од родителите ќе стане асолен чоек...не велам дека треба децата да се кршат од мавање , но неколку воспитни по газето понекогаш се и тоа како добродојдени...ок, можеби во последниве години децата се поретко тепани од родителите ( некои можеби и никогаш не се тепани ), но баш поради тоа најголем број од маливе шо се сега се никакви...разгалени,невоспитани,итн...јас имам ќерка од 11 месеци и досега не сум ја удрил ( мала е за тоа ), но кога ке почне да разбира ако не е послушна и ако прави работи од инает, тогаш веројатно ќе заигра и ќотечето како воспитна мерка...поентата ми е дека не гледам ништо лошо во повремено давање на порција ќотек на децата како воспитна мерка ( нормално не за секоја ситница туку за работи кои се прават намерно и од инает )...впрочем сите ние сме растени со ќотек па еве најголем дел од нас се ок луѓе ( за разлика од маливе денес кои шо најголем дел се за нигде )
 

Шмики

Byakugan
Член од
12 март 2008
Мислења
743
Поени од реакции
16
Јас би постапил со тоа што ке го ставам под казна и ке гледам да избегнувам тепање зошто знам како е (иако сум мал да размилсувам за деца) хехе:nesvest:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
Имам комшиче, 6 години, колку е бесно, хиперактивно, бог да чува!Мајка му го прати на карате, кошарка, ама бадијала, јас стварно не знам од каде има енергија да спортува и да учи(нултаче:))и пак да им паѓа косата на сите од него.Го имаат и здраво плескано, казнувано, но ништо.Мислеа да го спасат со раѓање брат сестра, но сфатија дека или ќе добијат уште еден ваков примерок, или овој примерок ќе го мрдне новиот, и се откажаа.
Страшното е тоа што не е дивтар, сака да се дружи, ама е сосема откачен и бесен, и не можат да го смират.Чаре бараат во времето-ќе порасне, па ќе видиме.:pos2:
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ќотег. Кај темпераментните (читај - аздисаните) муабет не помага, иако муабетот е секогаш решение кое треба прво да се примени. Кога муабет не помага - ќотег. Ќе го малакса малку и ќе му се намали темпераментот, ќе биде мирен ко бајче :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom