Ова е една од тие теми каде што сите можеме да се удираме во гради со хипотетички конечни решенија, ама никој од нас не може однапред да знае како ќе постапи кога вистински ќе дојде до тоа.
Па така и јас чисто хипотетички од оваа перспектива можам да кажам дека доколку тоа се случи сега, на овие години и во овие услови, многу е веројатно дека ќе абортирам. Особено затоа што не сум во врска моментално, па брак не би дошол во предвид, а и да сум, сепак не би се омажила од тие причини, тоа е цел еден нов живот, поради една мала грешка. Имам други планови за себе, и себична сум јебига, не би си дозволила да си го уништам животот поради една ноќ, иако сум свесна за последиците кои ќе следуваат по абортус.
Ќе се оградам од тепачка со секој про-абортус член по ова прашање, ама треба да им е јасно дека став е во прашање, и како што се изрази еден од нив, џабе и со инка да ни ставате, некои ќе раѓаат, некои не, абортусот постои како опција, а мислењата секогаш ќе бидат поделени.