Бремена. Што сега? Брак или...?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Недај боже вакво нешто да ми се случи, но сепак тоа е моја и негова вина што не сме мислеле на време. Сум против абортус, така да би го родила.
За понатака стварно незнам што би било, нормално ќе си ги уништам најубавите години,ама за секоја грешка си има и последица.. така да..:toe:
Во Охрид, досега познавам 3 случаи кај шо девојки, на овие години останале бремени, така да се одлучиле да го родат и после си земаат вондредно да го завршат школото..
После слушам муабети од типот: леле за греота девојчево, шо ќе прави сега и незнам ти шо..
епа не е за греота девојчето, туку детето што ќе го роди и што ќе расти во таква средина...
 
А оти треба некоја да те сака за да има секс со тебе без заштита???
:tapp:
Девојко, секс без заштита се знае што носи. Потомоство. Ти сигурно нема да затрудниш од некој што не го сакаш.
 
Сега да забременам, не велам дека никогаш не би се случило, но можам да кажам дека никогаш нема да дозволам да абортирам. Не гледам од таа точка дека абортусот носи физички последици, туку дека убивам дете.
Не знам каква баш би била ситуацијата, а ни кој е таткото, па многу работи би зависеле од тоа. Дали таткото ќе сака заедно да го одгледуваме или не. Како и да е, не би се одлучила за абортус.
 
Девојко, секс без заштита се знае што носи. Потомоство. Ти сигурно нема да затрудниш од некој што не го сакаш.

Не биди наивен.
Секс без заштита имаат само оние кои се сакаат???
Свашта.
Колку само случаи на бременост постојат без љубов, кои се случиле од секс за една вечер, или оделе многу кратко каде сигурно уште нема љубов меѓу партнерите. Пијани биле заборавиле на кондом или прекинат однос имале, може и користеле кондом ама пукнал и сл.

Секој е јак на збор и секој може да збори што сака и сите се правиме паметни и секогаш велиме дааа обавезно кондом, ама реалноста е поинаква. Се се случува. Ама секој потоа си одговара за последиците.

И да и двајцата идни родители треба заедно да ја донесат одлуката за што понатаму. Али многу често за тоа одлучува само девојката, а момчето можеби и никогаш нема да дознае за бременоста која била прекината.

Реалноста е поинаква од онаа која си ја замислуваме и посакуваме.
 
Значи ете, сепак кривицата ќе биде во тие кои не пазеле. Јас реков дека ако МЕНЕ ми се случи тоа би стапил во брак. Тоа дете кое ќе се роди нема да биде криво за моите непромислени постапки. За другите не можам да зборувам.
 
Девојко, секс без заштита се знае што носи. Потомоство. Ти сигурно нема да затрудниш од некој што не го сакаш.

Овде се дискутира за случајно забременување, значи по грешка.
Не намерно. Не е работата: го сакам, имав секс со него без заштиа за да напрајме бебе. Работата е: во врска сме имавме секс без заштита и сега сум трудна. Ти текнува????
Значи ако се случу грешка, мање битен е факторот ЉУБОВ.
И не се 100% сигурни шансите дека се забременва одма ако имаш секс без заштита, каде пак идиме на моето дека не мора да сакаш некого за да имаш секс без заштита.
Е сега ако ти се раководиш по правилото дека треба да ја сакаш, за да ја плесниш без кондом е друга тема на дискутирање.
Не биди толку наивен...
 
Ти што би направила во таков случај?
 
Од самата помисла дека мали шмекерчиња ќе ми пискаат у 5 сабајле за да мењавам пелена ме прави паничен. Не не. Еднаш го јадев стапот. За малку ќе станев татко. Ама...еднаш се потрефи да имам среќа. Сега имам памет и имам секогаш по три кондома у себе!
Не сум спремен за брак...особено не во овакви пастувски години!
 
Ти што би направила во таков случај?

Му појаснував на гладиус дека не мора да се сакат двајца за да напрат грешка.
Инаку јас би го родила, без разлика на моите амбиции, без разлика дали таткото ќе сака брак.
Се мисли на такви работи порано, ама ете и да не се мислело еднаш, ќе го родам. Нема шанса абортус заради мојата себичност и неодговорност.
Абортусот не е ни опција.
 
My body, my choice.

Вакви теми мал милион.

Секој со свој ум и размисла. Секој е во право, а и секој е во криво. Зависи од призмата на гледање, рефлексијата на состојбите и неколку други повеќе или помалку важни фактори, а сепак, најмногу од изборот на личноста/ите која/и се во прашање и засегнати од новонастанатите состојби.
 
Еве што ти одговори гладиус...
Значи ете, сепак кривицата ќе биде во тие кои не пазеле. Јас реков дека ако МЕНЕ ми се случи тоа би стапил во брак. Тоа дете кое ќе се роди нема да биде криво за моите непромислени постапки. За другите не можам да зборувам.

Му појаснував на гладиус дека не мора да се сакат двајца за да напрат грешка.
Инаку јас би го родила, без разлика на моите амбиции, без разлика дали таткото ќе сака брак.
Се мисли на такви работи порано, ама ете и да не се мислело еднаш, ќе го родам. Нема шанса абортус заради мојата себичност и неодговорност.
Абортусот не е ни опција.
А за тебе знам дека така би постапила, но те цитирав за да го сватиш и гладиус кој е многу редок од машките кои размислуваат така.

My body, my choice.

Вакви теми мал милион.
И за педери и лезбејки така наречени хомосексуалци има еден мал милион па уште се дискутира на секоја поединечно :)
 
Наташа, ај ти раѓај си на раат, остави останатите да си одлучат самите без да им држиш лекции и квази-морални попувања. Бива. Ако некој решил да раѓа, ќе раѓа, ако не, нема.

Не е наше да им се мешаме, поентата е да си одлучат сами, да проценат сами, за самите да бидат творци на својата судбина.
Ниту ти, ниту јас не сме повикани повеќе од еднаш да дадеме наше мислење (не совет, ами само мислење).

П.С. Лезбејките и хомосексуалците си имаат мал милион теми исто така, но не те гледам таму да придикуваш.
 
Мачору ни ти немаш помалку мислења во темата абортус каде можам со сигурност да ти кажам дека 99% се од една иста реченица (ти си ја знаеш која).
И штом се осуди да ја напишеш првата реченица од твојот цитиран пост, автоматски ми се мешаш и ми држиш лекција, затоа не мрчи, кулирај и биди подалеку од мене :)
п.с. И во темата на хомосексуалците ме има Мачору :) (педерите си ги испуштил во реченицата)

Pozzz
 
Man having sex with man е политички коректион израз - оф топик.

Инаку, не ти се мешам јас тебе, јас истакнувам дека е потребно никој никому да не му се меша.

Ти осудуваш секој кој се изјаснува за абортус не прифаќајќи дека и определбата за абортус е своевиден тежок избор како и одлуката да се донесе на овој свет уште еден нов живот.
Има многу компоненти кои влијаат на една одлука, особено на одлука од ваков карактер.

Средства за живот - не секој сака да гледа како децата му немаат доволно за живот, каде да живеат, како да живеат. Не секој е подготвен за правилно одгледување на дете, не секој е способен за одгледување деца, затоа не смееме да си дозволиме луксуз да попуваме кога не сме им во кожа.

Фудулак да, разбирам придика, разбирам попување ако е произволна одлука без консултација, обмисла или од себична причина, но има многу други причини кои не ги знаеме и не треба да сакаме да ги дознаеме, а кои водат до некаква, било каква, животопроменувачка одлука.
 
-Ако немате сериозна врска, односно ако не ни помислувате на брак со особата, или па ако се работи за one night stand, онда, искрено, моронски ми изглеа уопште брак да стои ко опција . Бракот не треба, по некоја логика, да биде плод на "инцидент" или присила, пошо у тој случај стартуе со страшно раздрмани темели, и тешко дека ќе се одржи, што никако не иде во корист ни на детето, ни на родителите.

-Абортус, ако ни едниот од родителите нема желба за дете, е едино решение (и сеа си контрирам со мои претходни ставови на слични теми, али јбг луѓе и ставови се мењаат).
Лично сум у глобала против абортус. Али ја можам да одговарам само за себе и своите одлуки. Неам право да ги наметнувам или да барам друг да ги почитува. Ако некој стварно смета дека не сака и не може да се грижи за дете, Боже мој, негово тело, негов плод, негова одлука, и најважно...негови последици, па стварно неам право да му судам.

-И ко најјасна ситуација...Ако мајката ипак сфати дека сака дете, онда споруг по секоја цена не е потребен. Начини за издржување и подигање на детето вака или онака ќе се најдат, доволна е само воља.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom