Bacillus gagous
Biohazardous
- Член од
- 21 јануари 2006
- Мислења
- 7.380
- Поени од реакции
- 168
Како и да е се стегаат правните стеги во државава и почнуваљат се повеќе некои закони да се спорведуваат како на пример:
Еве му ги и на SWEDEN обложувалниците.Канал 5 29.092007 напиша:Пломби на скоро сите спортски обложувалници во Скопје
Пломби на скоро сите спортски обложувалници во Скопје. УЈП утврдила дека работат без лиценци.
Отворени останаа само обложувалниците на лотарија на Македонија, каде навала од луѓе чекаше на ред и по неколку часови.
Откако вчера Управата за јавни приходи ги затвори речиси сите приватни обложувалници, граѓаните овде чекаа ред за да уплатат или да подигнат добивка.
Во здружението на спортските обложувалници се револтирани. Тврдат дека од поодамна ги поднеле барањата за лиценците а министерот за финансии и лично ги информирал дека тие што ќе поднесат барање до 31 август нема да бидат затворени.
Сега се чудат зошто УЈП ги става под клуч. Денес одговор немаше ниту од Министерството за финансии ниту од Управата за јавни приходи.
Со новиот закон за игри на среќа обложувалниците треба од спортски да се пререгистрираат во трговски друштва што значи добивање нови лиценци за работа за време од три години.