За претепувањето на снимателот на Алсат четворица полицајци суспендирани

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Четворица полицајци се суспендирани, а против еден е покрената кривична пријава за малтретирање при вршење служба поради вчерашниот напад на снимателот на Алсат телевизија, соопштија од МВР.
Како што соопштуваат од МВР, Секторот за внатрешна контрола откако екипата на Алсат го пријавила случајот ги презел сите мерки за расчистување на инцидентот и пронаоѓање и санкционирање на виновниците. Во текот на ноќта биле спорведни разговори со ракводители и вработени во тетовската полициска станица и припадници на единцата „Алфа“. За четворица од нив било утврдено дека биле инволвирани во инцидентот. Против тројцата кои го негирале учеството во настанот, откако ќе биде извршена дополнителна идентификација, ќе продолжи постапката за разгледување на кривична одговорност.
Поднесена е кривчна пријава против Б.А од Танушевци поради нападот кој го изврши врз новинарот на А1. Тој засега е недостапен за полицијата и по него е распишана потрага.
Секторот за внатрешна контрола го разгледува и постапувањето од страна на полицијаците кои го побарале снимениот материјал од екипата на Алсат, кои снимаа во вторникот пред Собранието. За овој случај утврдиле дека полицијата постапила според законот.
Во однос на припадникот на собраниското обезбедување кој беше повреден во тепачките во Собранието, МВР соопшти дека добиле известување од него дека бил удрен со нога во препоните од страна на пратеникот Р.А од ДУИ во моментот кога заедно со други службени лица интервенирале да го спречат инцидентот кој настанал кога двајца пратеници од ДУИ се обиделе физички да се пресметаат со пратениците на ДПА.
 
Член од
31 јули 2007
Мислења
1.580
Поени од реакции
39
За поздрав е фактот дека требе да функционира внатрешната контрола во МВР со суспензија и кривични пријави за сите кои недостоинствено ја носат сината униформа. Меѓутоа дали ќе му го одземат пратеничкот имунитет на пратеникот Р.А кој физички се пресметал (натепал) со член на собраниското обезбедување при што и против него ќе се поднесе кривична или пак дигнитетот на пратеникот Р.А (Рафис Алити) е поголем од дигнитетот на еден обичен смртник каков што е членот на обезбедувањето на парламентот при што тој, Р.А и понатака ќе може да удара по 2-3 шамари кога ќе оде на седница на собрание на секои представник на обезбедувањето кои ќе го сретне по пат.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ова е после свадба тапани

Најпрвин ЕСЗ Тигар ја преполнија со партиски (багабонти), а оние што беа на прва борбена линија сега се по Арачиново, Чаир, Шапка, Блаце, Дебар и тд, и сега барвте гледајте.

Е за ова треба да ссноси одговорност Директорот на Јавна Безбедност (Радникот)
 
Шо е поентава со Тигрите? каде се во филмов? во собрание? не таму си има посебно обезбедување...на наплатната рампа? и таму небеа тигри туку алфи?
Сварно не те разбирам
 
ЗА твоја информација 2/3 од алфите се од ЕСЗ на служба во АЛФИ на недела две три месец итн
 
swallow

UrBaNeBoY
Член од
27 септември 2007
Мислења
81
Поени од реакции
0
Не ми е криво за оние будалине у собрание што се влечат ко кучуња али не останав рамнодушен за настанот со алсат тв :nenene:
 
head

ЧОВЕКОТ СО МАЛО ТЕЛО
Член од
15 септември 2005
Мислења
1.412
Поени од реакции
598
Ова е после свадба тапани
Најпрвин ЕСЗ Тигар ја преполнија со партиски (багабонти), а оние што беа на прва борбена линија сега се по Арачиново, Чаир, Шапка, Блаце, Дебар и тд, и сега барвте гледајте.
Е за ова треба да ссноси одговорност Директорот на Јавна Безбедност (Радникот)
Не бе брат, за се е крив премиерот , не ги мешај работите :uvo: Стварно без усул се овие на власт . . . Ах златни СДС , кога ли ќе се вратат...
Каква внатрешна контрола какви бакрачи , за ова владата оставка нека си даде:uvo:
 
Член од
26 јули 2007
Мислења
230
Поени од реакции
0
Понекогаш и "новинарите" и снимателите претеруваат. Го пикаат носот и каде што треба и каде што не треба само да дојдат до некоја "спектакуларна" вест, притоа пумпајќи ги нештата до небеса само за да остварат поголема гледаност или читаност, а тоа значи повеќе пари во нивниот џеб.
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
ЗА твоја информација 2/3 од алфите се од ЕСЗ на служба во АЛФИ на недела две три месец итн
А нели Алфите бе создадени како единица за време на Џанго и тогаш исто вака им се случуваше да затепаат некој по грешка?
А сите занеме дека дека Алфите се поосетливи, а новинариве со провоцираат повеќе.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
А нели Алфите бе создадени како единица за време на Џанго и тогаш исто вака им се случуваше да затепаат некој по грешка?
А сите занеме дека дека Алфите се поосетливи, а новинариве со провоцираат повеќе.
Точно е дека имало вакви случаи и порано, и тогаш одговорните требало да сносат последици, одговорен тогаш би бил Цане Чапраговски.
Ама сега како што знам некои информации ептен е радикализирана состојбата со АЛФИТЕ.
Треба да се смират мислам дека сите се согласувваме со тоа нели
 
Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Точно е дека имало вакви случаи и порано, и тогаш одговорните требало да сносат последици, одговорен тогаш би бил Цане Чапраговски.
Ама сега како што знам некои информации ептен е радикализирана состојбата со АЛФИТЕ.
Треба да се смират мислам дека сите се согласувваме со тоа нели
Јас лично не сум добил впечаток дека границата на толеранција им е симната од предходно, ама како и да е сум за тоа да си останат и да не ги тераат да бидат, похумани, јасно е дека некој ради тие директиви да бидат повнимателни ќе го јаде, ама пак многу допринесуваат за општата безбедност што неможе да се мери на кантар со неколку инциденти годишно.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Јас лично не сум добил впечаток дека границата на толеранција им е симната од предходно, ама како и да е сум за тоа да си останат и да не ги тераат да бидат, похумани, јасно е дека некој ради тие директиви да бидат повнимателни ќе го јаде, ама пак многу допринесуваат за општата безбедност што неможе да се мери на кантар со неколку инциденти годишно.

Само сепак имам некој впечаток дека АЛФИТЕ на рампата кај тетово имале задача, нормално од некој многу високо, да им ја одземат касетата па после се случи што се случи.

Е сега внатрешната контрола сигурен сум дека ке излезат со став дека полицајците самоволно го направиле тоа, а нормално наредбодавците ке останат заштитени како бели мечки.
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Само сепак имам некој впечаток дека АЛФИТЕ на рампата кај тетово имале задача, нормално од некој многу високо, да им ја одземат касетата па после се случи што се случи.
Ако веќе одиме по логика на зададени задачи, може и новинарот имал задача да биде безобразен и да испровоцира инцидент, од каде да знаеме, се е можно. Сигурно не го "погалиле" пошто бил многу љубезен и фин.

Сепак, настанот е за осуда.
 
asterix_m

Регулатор
Член од
19 април 2006
Мислења
2.765
Поени од реакции
33
Ако веќе одиме по логика на зададени задачи, може и новинарот имал задача да биде безобразен и да испровоцира инцидент, од каде да знаеме, се е можно. Сигурно не го "погалиле" пошто бил многу љубезен и фин.
Да и во камерата имал скриено дрога, а тонецот имал скриено снајпер.
И така снимателот луд и не нормален за плата од 12000 ги испровоцира алфите за да шефот му рече бравос.

Дај, не бранете напад над новинари, и тие некогаш претеруваат ама ова е премногу
 
Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.098
Дај, не бранете напад над новинари, и тие некогаш претеруваат ама ова е премногу
Не ги бранам воопшто, реков дека настанот е за осуда, ама знаејќи ги колку можат да бидат безобразни изнесов претпоставка. Во оваа држава се е можно, прљавите игри одамна изгубија граници. Жално е што и новинарите во некои ситуации се само заморчиња на нивните шефови.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom