Мистичен
Човек
- Член од
- 23 јануари 2005
- Мислења
- 13.578
- Поени од реакции
- 1.098
Четворица полицајци се суспендирани, а против еден е покрената кривична пријава за малтретирање при вршење служба поради вчерашниот напад на снимателот на Алсат телевизија, соопштија од МВР.
Како што соопштуваат од МВР, Секторот за внатрешна контрола откако екипата на Алсат го пријавила случајот ги презел сите мерки за расчистување на инцидентот и пронаоѓање и санкционирање на виновниците. Во текот на ноќта биле спорведни разговори со ракводители и вработени во тетовската полициска станица и припадници на единцата „Алфа“. За четворица од нив било утврдено дека биле инволвирани во инцидентот. Против тројцата кои го негирале учеството во настанот, откако ќе биде извршена дополнителна идентификација, ќе продолжи постапката за разгледување на кривична одговорност.
Поднесена е кривчна пријава против Б.А од Танушевци поради нападот кој го изврши врз новинарот на А1. Тој засега е недостапен за полицијата и по него е распишана потрага.
Секторот за внатрешна контрола го разгледува и постапувањето од страна на полицијаците кои го побарале снимениот материјал од екипата на Алсат, кои снимаа во вторникот пред Собранието. За овој случај утврдиле дека полицијата постапила според законот.
Во однос на припадникот на собраниското обезбедување кој беше повреден во тепачките во Собранието, МВР соопшти дека добиле известување од него дека бил удрен со нога во препоните од страна на пратеникот Р.А од ДУИ во моментот кога заедно со други службени лица интервенирале да го спречат инцидентот кој настанал кога двајца пратеници од ДУИ се обиделе физички да се пресметаат со пратениците на ДПА.