Можеби ова е ептен глупава претпоставка од моја страна, но може ли да пишете во
кои филијали на НЛБ Тутунска Банка ви ги издале Visa Electron дебитните картички ?
И на мене ми делува како глупава теорија дека проблемот би бил во филијалата која
ја издава картичката, но мене ме дриблаа во филијалата во Автокоманда и во седиштето
во Центар до Рамстор, во Автокоманда ми велеа дека престанале да издаваат Visa Electron
дебитни картички уште од пред неколку месеци, во седиштето во Центар до Рамстор ми велеа
дека немале пластика за картичките, ќе им стигнела во октомври 2010, па во октомври 2010
повторно ме дриблаа велејќи дека ќе им стигнела во ноември 2010, па од друг форум ме советуваа
да отидам во филијалата во ГТЦ, бидејќи сите што биле таму свршиле работа од прва.
Филијалата на НЛБ Тутунска Банка во ГТЦ не е внатре во ГТЦ, туку надвор од ГТЦ, гледа кон Вардар.
Во ноември 2010 отидов во филијалата во ГТЦ, веднаш ме услужија, ми дадоа да го пополнам формуларот
за поднесување на барање за издавање на Visa Electron дебитна картичка, недела дена подоцна преку
СМС на мобилен ме известија дека картичката е готова и дека можам слободно да дојдам за да ја подигнам.
Ја подигнав картичката, ја регистрирав на словенскиот PayPal, и одлично ме служи до денешен ден.
Па затоа ви велам, да направиме споредба на кого во која филијала на НЛБ Тутунска Банка
му ја издале Visa Electron дебитната картичка, да не има нешто поврзано со тоа.
Не верувам дека има, ама сепак, за секој случај, верувам дека вреди да ја направиме таквата споредба.