Јас воопшто немам ама баш никаква доверба во политичарите и во нивните изјави, барем што се однесува до PayPal.
Што се однесува до PayPal, ќе поверувам во било кое тврдење, се додека истото биде официјално потврдено од страна
на овластени службени лица од PayPal.
Воопшто не ми е целта да ги ставам под знак прашалник информациите кои ги објавуваат новинарските агенции,
но после 3 години дриблање не му верувам буквално на никого.
Но, доколку сериозно се земат во предвид тврдењата во оваа вест, тогаш значи PayPal треба да ни каже што недостига
кај нас за да почне повторно да ги нуди своите услуги во Македонија, бидејќи во веста пишува дека Србија ги исполнува
сите услови за да PayPal почне да ги нуди своите услуги таму, но воопшто не пишува дали Македонија и/или Црна Гора ги
исполнуваат истите тие услови.
Исто така, што се однесува до законот за банки, според самата вест, во Хрватска истиот закон бил олабавен така што,
хрватските граѓани можат да отвораат банкарски сметки во странство. Со оглед на тоа дека Хрватска го има направено ова
неодамна, во време кога се ближи крајот на преговорите за поноправно членство на Хрватска со ЕУ, тогаш значи ваквите
измени се во целост прифатливи за европската законска регулатива.
Е па, ако можело така во Хрватска, тогаш така ќе може и кај нас, така што не мораме да чекаме за да започнеме
преговори за полноправно членство со ЕУ, па при крајот на истите да го олабавиме македонскиот закон за банки.
Заклучок:
На крајот повторно вината останува во македонските политичари, кои не се многу активни кај PayPal за да почне повторно
да ги нуди своите услуги во Македонија, како и во информатичката безбедност во Македонија, за чиешто подобрување мора
да се превземат мерки.