Dexter26, одлично си објаснил се

Но сепак има картички кои може да бидат поврзани со девизната сметка и ја имаат истата функција како и картичките поврзани со денарската трансакциска сметка. Најдобра картичка е Visa Electron (само не од Стопанска, со неа не може да се купува на интернет). Сега некои банки не дозволуваат нивните картички да се користат за уплаќање во online кладилници.
Добро сега, јас не сум запознаен со ништо такво.
Јас имам девизна книшка на која што можам да ставам странски валути и преку која можам да вршам меѓународни
трансакции на истите тие странски валути. Еве за да не ја "фалам" банката која ми ја има издадено таа девизна книшка,
ќе ја пишам кратенката од името на таа банка, а тоа е ОБ.
Јас само сакав да потенцирам дека без разлика во која валута се плаќа, се додека е дозволено плаќање од Македонија преку Visa Electron дебитна картичка од НЛБ ТБ, или преку MasterCard Standard дебитна картичка од ОБ,
најважно е да се има истата сума која ја бара продавачот на трансакциската сметка со која е поврзана дебитната картичка,
но во денарска противвредност.
Не велам дека не си во право, но на крајот на краиштата, јас никогаш не сум ни имал искуство
со дебитна картичка поврзана со девизна сметка па ете, од тебе дознавам дека и тоа било изводливо.
Благодарам за информацијата.
Некој линк да пастирате кај сто купувате со Visa Electron (NLB) картичка???
Значи, на eBay,
http://www.ebay.com/, можеш да купуваш буквално се и сешто, но мораш да запазиш 2 услова:
1. Продавачот мора да испорачува во Македонија;
2. Продавачот мора да дозволува плаќање со Visa, MasterCard, American Express, или било која друга картичка,
која ја издаваат во Македонија било како дебитна или кредитна, но најважно е истата да доаѓа со CVV2 код или со CVC2 код,
бидејќи како што PIN кодот е важен при подигнување на готовина од банкомат и многу често го бараат и при купување во
продавница, така и CVV2 или CVC2 кодот (зависи каков ќе ти дадат со картичката) е важен бидејќи истиот секогаш го бараат
при купување преку Интернет.
Без разлика каква картичка имаш, без CVV2 или CVC2 код, истата не можеш да ја користиш за купување преку Интернет.
Е сега, eBay е сопственик на PayPal и го форсира како главно, ако не и како единствено средство за посредништво при
плаќање при купување на eBay. PayPal е повеќе од потребен за било кој заинтересиран да купува како од eBay, така и од
некои други сајтови кои бараат PayPal. Целта на PayPal е да обезбеди безбедно плаќање и да спречи било какви злоупотреби
на картички. PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија, но може да се користи словенскиот PayPal со Visa Electron
дебитна картичка од НЛБ ТБ. Има и други методи за посредништво при плаќање при купување на eBay, како Moneybookers,
AlertPay и некои други кои се достапни во Македонија но на крајот, се зависи од продавачот.
Дури и ако продавачот врши испорака во Македонија, доколку истиот бара плаќање преку PayPal, се паѓа во вода.
Плаќање преку словенскиот PayPal со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ ТБ е докажана успешна алтернатива.
Други сајтови од кои што можеш да купуваш се:
http://www.amazon.com/, на кој можеш да платиш со картичка од Македонија,
но во Македонија испорачува само книги, филмови и музика;
http://www.alibaba.com/, досега ништо немам купено од овој веб сајт, но на страниците 18 и 19 од оваа
тема на форумов има доста пофалби дека на истиот може да се плати со картичка од Македонија и дека истиот
одлично функционира и испорачува во Македонија;
http://www.steampowered.com/, на кој можеш да платиш со картичка од Македонија, продава видео игрици за
Microsoft Windows и за Apple OS X оперативни системи, од овој сајт можеш да го симнеш софтверот Steam со кој можеш да
купиш видео игрица и веднаш откако ќе ја купиш, софтверот почнува истата да ја симнува, бидејќи само така функционира,
не може да ти испорача копија од видео игрицата во Македонија по пошта, односно воопшто не испорачува копии од ниту
една видео игрица во ниту една држава во светот.