Paypal во Македонија

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.692
kako ne e....trebase da bide uste 1995 ....za da bide vo red,ova e apsolutno vo NERED!!! :) za godina dve propagja svetot , a nie uste se tesime......ke iscezneme necelivani!!!
Смири малку хормоните.
eBay постои од 1995 и е достапен во Македонија.
PayPal, од друга страна, постои од 1998, а е во сопственост на eBay од 2002, и сеуште не е достапен во Македонија, со исклучок на триковите како словенски PayPal преку Visa Electron од НЛБ Тутунска Банка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.692
Ништо ново.
Уште една приказна, слична како и оваа:
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=0&EditionID=1489&ArticleID=97682
само што е отпечатена во друг весник, во друг временски период, и во друго пакување, односно, со друго сценарио.

Во август 2008, министерот за информатичко општество на Република Македонија, Иво Ивановски, за Време изјавува дека, преку македонската дијаспора, успеал да оствари средба со првите луѓе на PayPal, со кои се договориле PayPal да почне да ги нуди своите услуги и во Македонија од 2009.
Во летото 2009, српската министерка за телекомуникации и информатичко општество, Јасна Матиќ, за српската јавност изјавува дека, PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги и во Србија од 2010.
Во септември 2010, истата таа српска министерка за телекомуникации и информатичко општество, Јасна Матиќ, заедно со министерот за транспорт и врски на Република Македонија, Миле Јанакиески, за јавноста изјавуваат дека, Македонија и Србија заедно ќе испратат нота до PayPal за да почне да ги нуди своите услуги и во Македонија и Србија:
http://www.b92.net/biz/vesti/srbija.php?yyyy=2010&mm=09&dd=19&nav_id=459601

И еве не, на 1 ипол месец од новата година 2011, а на македонската, српската и црногорската јавност, им се продава истата приказна, но во друго пакување, односно со друго сценарио, според кое, PayPal ќе почне да ги нуди своите услуги во Македонија, Србија и Црна Гора од 2011.

Се разбира, тоа не значи дека веќе на 1 јануари 2011 ќе почнеме да ги уживаме услугите на PayPal во овие три држави, ама 1 година трае 365 дена, а на Балканот лагите се секојдневна навика, така да, и со вакви приказни, сепак ќе преживееме некако, па ќе видиме, дали заклучно со 31 декември 2011, во Македонија ќе бидат достапни услугите на PayPal, или не.
Доколку веќе на 1 јануари 2012, услугите на PayPal и понатаму останат недостапни во Македонија, слободно ќе можеме да дојдеме до заклучок дека и ова е само уште една приказна, чисто само колку за да се смирува рајата, за да не се буни и за да си дреме мирно.

Инаку, една работа треба да се разјасни, а тоа е дека проблемот поради кој PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија, не е поради македонскиот закон за банки, според кој, граѓаните на Република Македонија не смеат да имаат банкарски сметки во странство.
Од каде можеме да дојдеме до заклучокот дека проблемот не е кај нас ?
Па, од фактот дека други Интернет базирани сервиси, како Moneybookers, ги нудат во Македонија на целосно легален начин, кристално истите услуги кои што ги нуди PayPal, вклучувајќи ја и опцијата да си отворите сопствена Интернет сметка на која можете да ставате пари.
Освен ако Moneybookers нелегално работи во Македонија, друго објаснување би било дека проблемот не е кај нас, туку кај дамите и господата во PayPal.
По тоа што јас го имам слушнато, причината поради која што PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија, е бидејќи македонската законска регулатива ќе бара PayPal, за секоја остварена трансакција, или за секоја остварена трансакција над не помнам која одредена сума, ќе мора да ја извести Управата за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам. Ова правило не им се допаѓало на дамите и господата во PayPal, поради што, PayPal и понатаму не ги нуди своите услуги во Македонија.

Исто така, има една теорија според која, PayPal не ги нуди своите услуги во Македонија, поради високата стапка на електронски измами и кражби.
Ваквата теорија слободно можеме да ја баталиме, бидејќи, ако една Бугарија, која е рај за криминалците на Балканот, како и една Русија и еден Израел, кои се шампиони во хакирање и електронски измами и кражби, може да ги уживаат услугите на PayPal, тогаш и една мала Македонија, со нешто над 2 милиони народ, заслужува да ги ужива услугите на PayPal.
Е сега, не сме најголема држава во светот по големина на територија, како Русија, ниту сме стратешки партнер на западот на Блискиот Исток, како Израел, поради што тешко дека било кој би одбил да тера бизнис со овие две држави, ама тоа не е никакво оправдание за да Македонија биде заобиколена од страна на PayPal.
Така да, од тука, и оваа теорија паѓа во вода.

Богами, ќе биде долга 2011, како и секогаш кога сме во очекување на добри вести, а кој знае дали воопшто ќе ги дочекаме истите тие добри вести во 2011.
 

дЏанго

Gunslinger
Член од
21 август 2010
Мислења
366
Поени од реакции
791
Епа сега што е тоа е. Очигледно Пејпел на легален начин ние ќе немаме. Штом сега кога влагаме во втората деценија од овој нов милениум, каде што има таква технологија што не сме свесни, ние, кои „се бориме“ да влезему во ЕУ и НАТО, да немаме услуга што го имаат држави како Боцвана, Тувалу или која уште не е стварно апсурдно. Што значи дека за купување од интернет од Македонија е малце потешко. Таа интернет картичката на СБ е превара затоа што јас не најдов онлајн продавници кои шипуваат во Македонија. Ако сте нашли алал да ви е затоа што јас и покрај такви напори не успеав(барем за тоа што го барам). Инаку имам слушано муабети(иако некако не ми се сигурни) дека Пејпел во Македонија порано имало, но поради „развиеноста“ на интернетот кај нас и неговата „голема употреба“ едниствени од Македонија што биле приклучени биле интернет криминалци. Па така господата од Пејпел се решиле да не стават на некоја црна листа и да не одјебат сите у пичку матер. Но не ме држете за збор како што реков само ми имаат зборувано вакви муабети, а сум слушал и дека некој нарачал тигар преку Пејпел па затоа го блокирале, па затоа најверојатно се како што реков само муабети
 

cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Јас само би додал уште една теорија, а тоа е доставата во Македонија. По се изгледа, кај нас функционираат само ДХЛ и ФедЕкс со 100% испорака, но кошта неверојатно многу, обичната пошта како да нема баш добар процент на испратени/доставени пакети. Од искуство, 100% од пратките од пошта ми стигнале, ама повеќето на чудни начини, неретко пакетче насила „зипувано“ и пикнато во сандуче, оставено покрај сандуче, на милост и немилост на сите комшии од зградата, доставено на комшијата пошто јас не сум бил дома, итн. Морам да признам дека сум немал искуство со нестигната пратка, но ми кажале за мистериозно исчезнати „вредносни“ пратки. Имено, пратка пратена како „тест“ - евтино ланче означено како скапо, (пратено од пријател за тест) не стигнало на крајна дестинација.

Заедно со другите теории, се е можно.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
или на мене на пример ксенонски сијалици кои ми ги препракаат по 3-ти пат (околу 85 дена до сега) зашто им се губи трагата во транспортот одкако ке влезат во македонија. срека што и беј се залага за правата на потрошувачот, и секој што сака да продава преку и беј го потпишува тој договор, па така испорачувачот на стоката е должен и одговорен за испораката се додека крајниот корисник не потпише дека ја примил стоката... муабетот ми беше за функционирањето и поштеноста на нашите институции вклучувајки ја по ова прашање на прво место нашата пошта...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Инаку имам слушано муабети(иако некако не ми се сигурни) дека Пејпел во Македонија порано имало, но поради „развиеноста“ на интернетот кај нас и неговата „голема употреба“ едниствени од Македонија што биле приклучени биле интернет криминалци. Па така господата од Пејпел се решиле да не стават на некоја црна листа и да не одјебат сите у пичку матер. Но не ме држете за збор како што реков само ми имаат зборувано вакви муабети, а сум слушал и дека некој нарачал тигар преку Пејпел па затоа го блокирале, па затоа најверојатно се како што реков само муабети
Не се само муабети, точно е ова што го кажа. Познавам многу луѓе кои правеа превари на времето и што се не им стигаше дома... иначе повеќето, ако не сите што го правеа тоа се провинцијалци.
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Сега провинцијалците се криви :pos:
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Јас само би додал уште една теорија, а тоа е доставата во Македонија. По се изгледа, кај нас функционираат само ДХЛ и ФедЕкс со 100% испорака, но кошта неверојатно многу, обичната пошта како да нема баш добар процент на испратени/доставени пакети. Од искуство, 100% од пратките од пошта ми стигнале, ама повеќето на чудни начини, неретко пакетче насила „зипувано“ и пикнато во сандуче, оставено покрај сандуче, на милост и немилост на сите комшии од зградата, доставено на комшијата пошто јас не сум бил дома, итн. Морам да признам дека сум немал искуство со нестигната пратка, но ми кажале за мистериозно исчезнати „вредносни“ пратки. Имено, пратка пратена како „тест“ - евтино ланче означено како скапо, (пратено од пријател за тест) не стигнало на крајна дестинација.

Заедно со другите теории, се е можно.
Royal Mail ти се исто така 100% сигурни, со кинезите сум имал ситни проблеми, ама ништо страшно, додека со пратките од USA сум ги имал најголемите проблеми.
Нарачав два FOSSIL часовници, од кои едниот не стигна(btw беше поефтин за 3000ден отколку кај нас да го купев).Добрата работа е што продавницата од Сан Диего ми пиша дека саатот е изгубен во транспорт кај нас, ама пошто бил осигуран ми препратија исти таков кој стигна без проблем:
Најверојатно првиот пат се погодил погрешниот цариник. :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.114
Поени од реакции
12.692
А овие нашиве, Македонски Пошти, секоја година зборуваат дека ќе ги продадат, и никако да ги продадат.
Но големата мака гласи:
Што е полошо, денешнава корупција кај царината и некоректниот однос на Македонски Пошти, не секогаш, но сепак одвреме навреме,
или да тераме бизнис со некоја странска пошта, која ќе стане нов сопственик на Македонски Пошти, и кој знае какви тарифи ќе воведе ?
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Веќе четири дена чекам резервираните парични средства за верификација на PayPal акаунтот да ми бидат прикажани во прометот на сметка. Дај споделете искуства, да чекам уште или да проверам во банка.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
146
Поени од реакции
6
Веќе четири дена чекам резервираните парични средства за верификација на PayPal акаунтот да ми бидат прикажани во прометот на сметка. Дај споделете искуства, да чекам уште или да проверам во банка.
Па чекај си ... тоа ти е работа =] Не работини денови се сабота и недела...
Ќе ти се средит кун понеделник, вторник среда... најкасно :D
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
А овие нашиве, Македонски Пошти, секоја година зборуваат дека ќе ги продадат, и никако да ги продадат.
Но големата мака гласи:
Што е полошо, денешнава корупција кај царината и некоректниот однос на Македонски Пошти, не секогаш, но сепак одвреме навреме,
или да тераме бизнис со некоја странска пошта, која ќе стане нов сопственик на Македонски Пошти, и кој знае какви тарифи ќе воведе ?

што ми вреди нашава пошто со ниските тарифи која е не ажурна и не квалитетна? мислам дека го имаш мојот одоговор...
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
До тие што им е регистриран paypal account-от на друга држава (Словенија, Бугарија...).
Има ли некој искуство со примање на поголема четирицифрена сума? И секако дали има проблем со подигање на парите?
До сега најмногу што сум повлекол се околу 50-ина долари.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
До тие што им е регистриран paypal account-от на друга држава (Словенија, Бугарија...).
Има ли некој искуство со примање на поголема четирицифрена сума? И секако дали има проблем со подигање на парите?
До сега најмногу што сум повлекол се околу 50-ина долари.
2500 евра ти е максималниот лимит што можеш да го примиш и подигнеш во една фискална година...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom