Paypal во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tvrdokoren
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Си ги префрлам на сметка... просто ко грав. Исто како што ти би ми префрлил 20 долари на сметка, само овај пат сам на себе си ги префрлам. И за 10 минути си одам во банка и си ги подигам без проблем.

Банката и paypal си наплаќаат провизија за трансакцијата + ако ги извадам во денари банката ми ги менува девизите. Не гледам тука нешто нелегално или проблематично.
вака ја сум нов со paypal и банки и такви работи, т.е. немам големо искуство, моментално креирав акаунт на paypal кој уште е во процедура чекам да ми ги земат тие 1.5 евра и да го добијам тој 4-digit code, за да го активирам или да ги поврзам картицата и paypal, исто сакав да прашам колкав е периодот на чекање ? и имам слушнато дека ако си ставил земја Словенија максимумот што можеш да го подигнеш од еднаш е 500$, и дали сеуште при подигање на пари ја праат таа процедура што ти бараат фотокопија од лична карта и слични работи...
 
Paypal во Македонија
Кога ?
Според моето лично мислење, никогаш, барем во вакви околности.
Се разбира, огромна е веројатноста да грешам, можеби веќе утре ќе дојде, надежта последна умира, но моите нерви не се вечни.

Нашиот министер за информатичко општество, Иво Ивановски, уште кон крајот на 2008 се испофали дека се сретнал во САД со првите луѓе на PayPal и се договориле PayPal да дојде и во Македонија, најверојатно некаде кон април или мај 2009.
Се разбира, како министер за информатичко општество, тоа воопшто не му е работна околина на Ивановски, а и самиот тој му го потврди тоа на мој пријател, кој за разлика од мене има малку посилни нерви, па направи муабет со него преку e-mail, при што Ивановски му потврди дека доаѓањето на PayPal во Македонија не е негова надлежност, но сепак се испофали дека тој и неговото Министерство за Информатичко Општество правеле се што можеле за да дојдел PayPal во Македонија.
Сега сме на 4 месеци од доаѓањето на Новата Година 2011, а Македонија сеуште ја нема на PayPal.
Нашата влада доколку ја прашаме, најверојатно ќе се оправдува со светската економска криза, ама тука и ќе застанам, бидејќи не сакам да ги малтретирам членовите и набљудувачите на форумов со политика, а богами ни себеси.

На eBay, а и на други сајтови за купување и продавање, овозможено е плаќање и со Moneybookers, ама тоа е многу ограничено.
Како за почеток, на eBay, продавачот е тој кој ги диктира условите на достапните методи за плаќање, и ако продавачот не наплаќа преку Moneybookers, тогаш тука отпаѓа ваквата опција.
Некои продавачи дозволуваат плаќање со кредитни и дебитни картички, но ќе повторам, сепак, продавачот ги диктира условите на достапните методи за плаќање.
Над 70% од се што се продава на eBay се плаќа исклучиво преку PayPal, што е доста разбирливо, ако се земе во предвид фактот дека PayPal е во сопственост на eBay.

Од друга страна, од Македонија може да се купува од Amazon.com исто како и од eBay, со разликата што кај Amazon.com има други ограничувања: во Македонија испорачуваат само книги, музички производи и филмски производи.

Нашата држава, со сјајните и нејзини закони буквално не држи во гето, најмасовните Интернет пазари во светот, eBay и Amazon.com се достапни, но ограничени во однос кон Македонија.
А од странство да купуваш, па уште и преку Интернет, ем е побрзо и полесно, ем нема гужви како низ трговскиве центри, неподносливо високи цени, маскирани зад натписот попуст, а и плус, ако нарачаш однапред нешто што сеуште не излегло во продажба, добиваш бесплатна поштарина, е сега што и колку ќе ти наплатат Македонски Пошти или царина, е тоа не знам, досега имам купувано исклучиво софтвер, дистрибуиран по дигитален, а не по физички пат, што е вистински кошмар за нашава ни држава, која ништо нема да заработи од мојата купувачка бидејќи тоа што јас сум го купил, сум го купил, платил и ми стигнало по дигитален пат, без никакви царински терминали, поштарина и слично.

Се на се, според моето лично мислење, нашава ни прекрасна држава со нејзините и сјајни закони, ќе не држи што е можно подолго во ова гето, бидејќи и одговара.

А да, и ова да го спомнам: Пред неполни 48 часа, на еден друг форум, една личност која што користи PayPal account регистриран во Словенија со Visa Electron дебитна картичка од НЛБ Тутунска Банка, се пожали дека account - от му бил блокиран од страна на PayPal бидејќи му барале да достави некаков идентификационен документ по електронски пат, бидејќи подигнал од неговата PayPal сметка досега вкупно 2.500 евра, му плаќале преку PayPal за неговата работа, најверојатно од странство, па сега бидејќи account - от му е од Словенија, но тој не е, account - от ќе му остане блокиран, совет му дале да си отвори друг PayPal account, што во превод секако ќе значи и друга Visa Electron дебитна картичка.
Чисто колку за да ги информирам тие кои што подигнуваат пари од свои PayPal сметки регистрирани во Словенија.
PayPal, поради својата полиса против перење пари, после подигнати вкупно 2.500 евра, бара да го верификувате сопствениот идентитет, за да се уверат дека си имаат работа со вистинската таа личност од таа земја.
 
па добро... ако подигаш пари... а има ли лимит ако плаќаш преку пејпал?

Е и мене ме интересира истото.
Му пишав на тој типот за кој спомнав на крајот од пост #197, и сеуште не ми одговорил, и кој знае дали воопшто ќе ми одговори.
И јас сакам да знам, еве ми ја НЛБ Тутунска Банка пред нос, во моја зграда имаат филијала, ама ако ми го блокираат PayPal account - от и поради ставање пари на сметката, а не само поради подигнување пари од сметката, тогаш џабе ќе вадам Visa Electron.
Веќе си користам дебитна MasterCard Standard од Охридска Банка и имам купувано со истата на Интернет и одлично ме служи.
Ако вадам Visa Electron од НЛБ Тутунска Банка, тоа ќе биде исклучиво за да можам да си купувам преку PayPal, инаку Visa Electron не е добро решение за купување на Интернет, многумина ми имаат кажано дека не може да се купува преку Интернет со истата од САД или од Канада и не знам од уште кои други земји, но ако ми сврши работа за купување преку PayPal, тогаш ќе извадам.
Доколку блокираат и поради надминување на одредена сума на ставени пари на сметката, тогаш воопшто немам причина зошто да вадам Visa Electron, дебитната MasterCard Standard што ја користам од Охридска Банка одлично ме служи и во целост сум задоволен од истата.
А и згора на тоа, во Комерцијална, Стопанска и НЛБ Тутунска Банка секогаш си имаш гужва колку ти душа сака, за пензии, за плати, за што ли уште друго не...
А во Охридска Банка секогаш кога одам или никој не чека пред шалтер, или ги има најмногу 3 кои чекаат, во споредба со гужвата што ја видов во НЛБ Тутунска Банка пред некој ден, 15 души да чекаат на 2 шалтери, па тоа е доста голема разлика.
Дури и да извадам Visa Electron од НЛБ Тутунска Банка, сепак, пари на сметката ќе си ставам во Охридска Банка, млад сум, и затоа не планирам да си ги трошам нервите на чекања, ќе си ги имам и жена и деца еден ден, и 30 години само со децата ќе си имам и нервози и грижи колку ми душа сака, за тогаш си ги чувам нервите, а не за гужвите по банките, попрво ќе им плаќам високи провизии само затоа што ставам пари на сметка која не е во нивната банка, ама сепак ќе си свршам работа за секунда, наместо да си ги кинам нервите среде гужви по банките.
 
^^ затоа користете Moneybookers или AlertPay ...
AP не се многу раширени по нетов .. но можеме да си ги користиме во Македонија барем за онлајн плаќање .. и ги имаат сите работи кои и PP ги има ..
MB повеќе ги има од AP .. но и двете не се толку раширени како PP .. сепак од секаде каде што купувате онлајн побарајте дали може да се плати со AP или MB ...
јас каде шо плаќам редовно онлајн ми рекоа дека наскоро ќе имплементираат AP имале повеќе луѓе кои бараат .. ПП немаат повеќе држави и како алтернатива сите користат AP или MB

--- надополнето ---

а шо се однесува за лимит .. сите имаат лимит .. во зависност од тоа дали имаш Personal, Business итн акаунт ..
AlertPay на пример Business акаунт ти дозволува на веб страната да примаш плаќања од кредитна, да направиш копчиња (како кај PP) Buy Now итн ... и нема лимит на Business акаунт и на Personal Pro .. а сае верифицира со СМС код кој ќе ти го испратат на мобилен . .
 
Да, и јас користам Moneybookers со дебитната MasterCard Standard од Охридска Банка и во целост сум задоволен.
Но поентата е, како што пишав во пост #197, на eBay конкретно, продавачот е тој кој ги диктира условите околу тоа како ќе платиш, продавачот одлучува дали ќе му платиш преку PayPal, или преку дебитна или кредитна картичка, или преку Moneybookers, или преку не знам кој друг метод.
Конкретно, досега најголем дел, нешто над 80% од се што сум нашол на eBay за купување, требало да се плати преку PayPal.

Јас знам дека има граница, но прашањето е:
Дали после надминување на одредена граница на пари искористени за купување, ќе ми бараат да го верификувам account - от, поконкретно како што му направиле на овој типов за кој пишав на крајот од пост #197, му побарале по електронски пат да им достави дигитална фотокопија од лична карта или од возачка дозвола или од не знам каков друг тип на документ за да им го докаже својот идентитет.

Ете, на него преку PayPal му плаќале за некакви услуги кои ги правел, најверојатно од странство, и не одеднаш, туку во повеќе наврати подигнувал пари, и откако целосната сума на парите што ги подигнал во сите тие наврати достигнала $2.500, од PayPal му го блокирале account - от и го известиле дека ќе му остане блокиран се додека не го верификува својот идентитет.

Е сега јас планирам да го користам PayPal Personal Account - от, со кој може само да се купува.
Тоа што мене ме интересира е:
Дали има граница и на сума на пари кои ќе ги потрошам преку PayPal на купување, по што ќе ми го блокираат account - от се додека не го верификувам мојот идентитет ?

Еве, да речеме, во повеќе наврати ќе купувам од eBay преку PayPal, и со текот на времето ќе надминам одредена сума.
Дали PayPal ќе ми го блокира account - от се додека не го верификувам мојот идентитет ?
 
Еве, да речеме, во повеќе наврати ќе купувам од eBay преку PayPal, и со текот на времето ќе надминам одредена сума.
Дали PayPal ќе ми го блокира account - от се додека не го верификувам мојот идентитет ?

Еднаш пишував за тоа и пак ќе напишам за да нема дилеми?
Кога купуваш немаш лимит ама прво мора да ти е верифициран акаунтот, доколку примаш пари преку PayPal тогаш имаш лимит а тој лимит зависи од тоа како ти е регистриран акаунтот и од тебе ќе побараат да доказ дали е твој акаунтот.
Проблемот кај порачките од Кина е дека 90% од фирмите кои продаават на интернет примаат пари само преку PayPal и испорачуваат стока само на адресата која ти е регистирана?
Доколку сакаш да порачаш за некој другар и да стигне на негова адреса мора прво да прашаш дали ќе ти испорачаат на друга адреса а ти да платиш и тие ќе ти одговорат дали бидува или не?
Оние што имаат акаунт во Словенија кога ќе се договараат со Кинезите за испораката нека им кажуваат дека царината во Словенија е многу голема и дека во Македонија за таа нарачка нема да платиш царина и тие ќе се согласат.
До сега само еден продавач ме одбил и не ми испратил на адреса во Македонија!
 
Абе разбирате вие дека како државјани на Р.М. немате право да ги чувате парите надвор од Македонија???? Каков ПејПал, тоа нема да го видиме се додека го имаме тој глуп закон. И не е до министерот за информатика, тој можи да шета и да се курчи колку сака. До министерот за финансии и сегашниот/актуелниот закон е. Треба да се направи промена како би можеле да не додадат во ПејПал листата на држави. Толку.

Сега тоа што тутунска банка е во словенечка сопственост, охридска во француска и има дупки и пропусти е друга математика.
 
Еднаш пишував за тоа и пак ќе напишам за да нема дилеми?
Кога купуваш немаш лимит ама прво мора да ти е верифициран акаунтот, доколку примаш пари преку PayPal тогаш имаш лимит а тој лимит зависи од тоа како ти е регистриран акаунтот и од тебе ќе побараат да доказ дали е твој акаунтот.

Фала многу за помошта, AtoM-AnT.
Сега ми се јасни ограничувањата кај PayPal.

Абе разбирате вие дека како државјани на Р.М. немате право да ги чувате парите надвор од Македонија???? Каков ПејПал, тоа нема да го видиме се додека го имаме тој глуп закон. И не е до министерот за информатика, тој можи да шета и да се курчи колку сака. До министерот за финансии и сегашниот/актуелниот закон е. Треба да се направи промена како би можеле да не додадат во ПејПал листата на држави. Толку.

Сега тоа што тутунска банка е во словенечка сопственост, охридска во француска и има дупки и пропусти е друга математика.

Е па сега, Dzish, треба да гледаш на дупките и пропустите од друга страна.
Ако ти не ги искористиш истите за своја корист, некој друг ќе ги искористи.

Нашава држава со сјајните и нејзини закони не држи во гето, а на нас ни се пружа шанса да ги искористиме дупките и пропустите во нејзините закони за да излеземе од гетото.

Што се однесува до парите во странство, ако некој чува пари во странство тоа е едно, а ако некој го користи PayPal само за купување преку Интернет, а не и за примање пари, тогаш значи PayPal игра улога на банкарски посредник помеѓу купувачот и продавачот, PayPal не ги задржува истите тие пари за себеси, ниту ги чува за корисникот на сметката.

Ако и ова е нелегално за нашава држава со сјајните и нејзини закони, тогаш значи сите кои што купуваме преку Интернет сме криминалци, бидејќи можеме да купуваме со кредитни и дебитни картички преку Интернет, а секогаш има посредници, тоа не мора да се ни PayPal, ни Moneybookers, ни било кој друг.

Најчесто кога купуваш преку Интернет, веб сајтот од каде што купуваш има интегриран систем за купување и продавање, кој служи како посредник помеѓу купувачот и продавачот, што значи кристално исто како и PayPal и Moneybookers, со разликата што не мораш да правиш account на тој интегриран систем за купување и продавање, туку доволно е да ги внесеш своите лични податоци и податоците за картичката со која што купуваш.
Истиот тој интегриран систем ги чува твоите податоци и ја одзема одредената сума пари од твојата сметка преку твојата картичка, додека продавачот не ја верификува и потврди нарачката, вообичаено тоа трае само неколку секунди, но сепак факт е тоа дека тие твои пари се надвор од Македонија за време на тие неколку секунди.

И тоа не прави нас, граѓаните кои купуваме преку Интернет, криминалци ?
Е па ако е таква ситуацијата, тогаш, е*ати државата !!!

Јас конкретно планирам да го користам PayPal исклучиво само за купување, а не за да ми ги чува моите пари надвор од Македонија.

Е сега со оглед на тоа дека државата со сјајните и нејзини закони ме е*е мене, поради што го нема PayPal во Македонија, а на мене ми се нуди шанса да го користам PayPal со картичка од банка во Македонија која е во сопственост на странска банка, така што само ќе морам да регистрирам странски PayPal account.

Е па кога државата ме е*е мене и очигледно не планира да престане, барем не во блиска иднина, зошто тогаш да не ја е*ам јас нејзе ?
Ќе ја е*ам се додека и таа ме е*е мене, па кога таа ќе престане да ме е*е мене и PayPal ќе дојде и во Македонија, и јас ќе престанам да ја е*ам државата, ќе ја затворам странската PayPal сметка и ќе си отворам нова во Македонија.
 
Оние што имаат акаунт во Словенија кога ќе се договараат со Кинезите за испораката нека им кажуваат дека царината во Словенија е многу голема и дека во Македонија за таа нарачка нема да платиш царина и тие ќе се согласат. До сега само еден продавач ме одбил и не ми испратил на адреса во Македонија!


Мислам дека нема врска ова, на ибеј си внесуваш твоја адреса (Тој и тој, град, Македонија), а пејпел можеш да користиш кој сакаш, од која земја сакаш. Адресата која им се појавува нив е таа што си ја внесол на ибеј, а не таа на пејпел. Јас за секој случај пишувам порака кога плаќам „здраво, го купив тој и тој производ од кај вас, и сакам да го испорачате на мојата адреса таа и таа. Поздрав...“ Тие посекако ќе видат која адреса е на ибеј, и со таа во пораката (дека се исти). А мислам дека адресата од пејпел нигде не ја кажува.

До сега имам порачано 100 пати, и сите пратки стигнале. И за другар еден, од ист пејпел порачавме, со тоа што тој отвори негов акаунт на ибеј и само ја додадовме истата пејпел адреса (сега таа е кај двајцата). Значи, најбитна е адресата на ибеј, таа може да биде Македонија.
 
Мислам дека нема врска ова, на ибеј си внесуваш твоја адреса (Тој и тој, град, Македонија), а пејпел можеш да користиш кој сакаш, од која земја сакаш. Адресата која им се појавува нив е таа што си ја внесол на ибеј, а не таа на пејпел. Јас за секој случај пишувам порака кога плаќам „здраво, го купив тој и тој производ од кај вас, и сакам да го испорачате на мојата адреса таа и таа. Поздрав...“ Тие посекако ќе видат која адреса е на ибеј, и со таа во пораката (дека се исти). А мислам дека адресата од пејпел нигде не ја кажува.

До сега имам порачано 100 пати, и сите пратки стигнале. И за другар еден, од ист пејпел порачавме, со тоа што тој отвори негов акаунт на ибеј и само ја додадовме истата пејпел адреса (сега таа е кај двајцата). Значи, најбитна е адресата на ибеј, таа може да биде Македонија.
Јас не знам ти од кај порачуваш ама многу добро пишува дека Кинезите испорачуваат стока само на таа адреса што е регистрирана на PayPal, кога порачувам и ставам адреса од МК што ми е на EBAY не можам ни да платам а тоа е дека и на двата PayPal акаунта не ми е пишана Македонската адреса!
Имам доста искуство во тие работи и редовно порачувам за многу мои другари и колеги кои не можат да купат некои работи затоа што се многу поскапи од колку на EBay?
 
http://www.mondo.rs/s183190/Info/Ekonomija/Srbija_i_Makedonija_zovu_PayPal.html

Трошки за рајата, чисто колку за да си ќути и за да има со што да се занимава.
Не мора да значи дека е вистина, а и да е, не е никаква гаранција дека PayPal веднаш ќе ни затропа на врата.
Министерката за телекомуникации и информатичко општество на Србија, Јасна Матиќ, уште во јуни 2009 изјави дека Србија ќе биде приклучена на PayPal во 2010, па еве, на 4 месеци од Новата Година 2011, ништо такво ниту се има случено, ниту е најавено.
Лично ќе поверувам кога ќе дојде PayPal во Македонија, до тогаш, на вакви приказни не им верувам, од наједноставна причина што нашава држава со сјајните и нејзини закони не ми влева многу доверба за да поверувам на вакви приказни.
 
Јас не знам ти од кај порачуваш ама многу добро пишува дека Кинезите испорачуваат стока само на таа адреса што е регистрирана на PayPal, кога порачувам и ставам адреса од МК што ми е на EBAY не можам ни да платам а тоа е дека и на двата PayPal акаунта не ми е пишана Македонската адреса!
Имам доста искуство во тие работи и редовно порачувам за многу мои другари и колеги кои не можат да купат некои работи затоа што се многу поскапи од колку на EBay?
Епа адресата на пејпел ми е во Норвешка, а на ибеј во Македонија. Кога ќе платиш, имаш една белешка која оди кај кинезот, и на неа пишува шипинг адреса Македонија (на ибеј има две, примарна и шипинг адреса, двете треба да ти бидат во Македонија). Ако пуштаа на пејпел адресата, сите работи ќе ми стигаа во Норвешка, па не стигаат таму. Заради напишаното дека праќаат на пејпел адресата, јас за секој случај пишувам порака да ми пратат на таа и таа адреса, но според белешката од пејпел, шипинг е македонската, не таа на пејпел.
 
Еве уште еден бисер на сјајните македонски закони.
Државата ќе ги легализира и контролира лихварите.
Секоја личност која што поседува минимум 100.000 евра и изнајмува одредена сума од истите тие пари на друга личност и при побарување на истите тие пари назад наплаќа одредена камата, ќе мора да регистрира фирма, а ќе може да издава и картички. Вкупните пласмани не смеат да надминуваат 500.000 евра, со што до некаде им се ограничува сумата пари која што лихварите можат да им ја позајмат на граѓаните.
Со други зборови кажано, граѓаните на Македонија повеќе нема да мораат ни да отвораат сметка во банка и да вадат дебитна картичка со која ќе може да се купува преку Интернет.
Доволно ќе биде да се задолжат кај некој лихвар по пат на вадење на кредитна картичка од кај него/нејзе.
Државата ќе ги контролира каматните стапки на лихварите.
Државата се фали дека ова било европска пракса, колку е тоа вистина, ќе дознаеме.

Како и да е, ова тешко дека PayPal ќе го свари како добра вест.
Како да не е доволно тоа што PayPal, доколку дојде во Македонија се разбира, ќе мора да тера бизнис со македонските банки, кои и онака се однесуваат и постапуваат како легализирани големи лихвари, па сега PayPal ќе треба да си тера бизнис и со легализираните мали и средни лихвари.

Тешко дека ова ќе да е добра вест, однесувајќи се на доаѓањето на PayPal во Македонија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom