Paypal во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата Tvrdokoren
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
МАЕСТРО КАРТИЦАТА И ВИЗА КАРТИЦАТА СЕ ПОВРЗАНИ СО ЕДНА ЗАЕДНИЧКА СМЕТКА и дека на тој начин можеш со маестро картицата да отвориш пејпал акаунт...
Не можеш никако, без VISA картица. баш, keep dreaming.
Проверено и докажано.

Еве ќе пробам деновиве да се регистрирам на Paypal со Maestro, па ќе видиме колку е точно тоа што ти го кажува директорот.
Каков директор бе. Не верувај дека директор на банка се замара со платежни картици, па тие не знаат ништо за нив.
Двете се дебитни. И Visa Electron и MasterCard Maestro. И на дебитните картички може да одиш во минус, ако банката ти овозможи тоа. Очигледно кај тебе ти го овозможила само за Виза.
:uvo: Тешко дека те верувам, може да влезеш у минус, ако и само ако дојде до случајна грешка во системот за наплата.
 
Можеш да влегуваш во минус, јас можам плата ипол на Маестрото, башка и ми дели на 3 рати. Значи дебитна е ама пошто е врзана со платата, сепак може.
 
Веројатно повеќе му веруваш нему оти не знае ништо. VISA било исто со Maestro :pos: Која генијалност :pos: Еве ќе пробам деновиве да се регистрирам на Paypal со Maestro, па ќе видиме колку е точно тоа што ти го кажува директорот. И не гледам како со муабетиве на форум се нарушува угледот на NLB Тутунска...

--- надополнето ---

На сликава никаде не гледам дека можеш да се регистирираш со Maestro, туку има Visa, Mastercard и Amex...
2432sz8.png

Еве што ми се појави кога пробав да се регистирам со Maestro
5vsw.png

И одма се регистрирав со Visa Electron...
atkjva.png

Така да, нека не се нервира многу директорот комшија, нека прочепка малце на нет, нека ги разгледа добро правилата... оти ние не го дискредитираме името на NLB банка, туку тој со неговото незнаење го прави тоа.

Пробав со Маестро од НЛБ и од АBN AMRO (Холандска Банка) Неможеше.
Исто така неможев со Мастер на ABN AMRO мојата картичка бара некој безбедносен код (code2) кој PAY pal Не го подржува.
И накрај успеав само со Виза Електрон на НЛБ купив некој ствари на e-bay и работи без проблем. ke тупи дека треба нешто да внесеш од твојата сметка број испратен од Pay Pal иако не го направив тоа успеав да платам.
Значи Дефинитивно СО Виза Електрон на НЛБ може со Маестро нема шанси.
 
Каков директор бе. Не верувај дека директор на банка се замара со платежни картици, па тие не знаат ништо за нив.
:uvo: Тешко дека те верувам, може да влезеш у минус, ако и само ако дојде до случајна грешка во системот за наплата.
Знам дека не знаат ништо де, затоа не верував, го направив сето тоа што го направив колку да му покажам...
Инаку може да одиш во минус и со дебитна картичка доколку имаш таков договор со банката.
 
quote_icon.png
Напишано од nbrm
Двете се дебитни. И Visa Electron и MasterCard Maestro. И на дебитните картички може да одиш во минус, ако банката ти овозможи тоа. Очигледно кај тебе ти го овозможила само за Виза.

:uvo: Тешко дека те верувам, може да влезеш у минус, ако и само ако дојде до случајна грешка во системот за наплата.

Јас и не барам да ми веруваш. Не сум јас поп, па да ширам вера, па ти да ми веруваш или не веруваш.

Јас ти кажувам нешто што ептен добро го знам и така е. Еве јас имам дебитна со дозволен минус и плус кредитна. Разликата е друга, ама ќе ме отупиш со тоа дека не ми веруваш, па ќе ја рипнам.
 
А за регистрирање некоја друга земја користите, пошто Македонија ја нема на листата?
 
Знаете ли дека согласно Законот за девизно работење не е легално да имаш сметка во странство, т.е. да чуваш пари во странство?

Во случајов вие парите ги чувате во PayPal, значи во Луксембург (со оглед дека одите преку Словенија, т.е. преку ЕУ).
 
грешка, сметката ти е отворена тука во тутунска банка, и парите ти се на наша сметка
 
грешка, сметката ти е отворена тука во тутунска банка, и парите ти се на наша сметка

Парите ги имаш некое време во тутунска, после не. Ајде размисли малку за целиот процес (во кој момент парите ти одат од тутунска на пејпал, кога плаќаш, каде седат дотогаш...).

1. Кога ти се земаат парите во од сметката во тутунска?
2. Кога купуваш?
3. Кога ти се земаат парите од сметката во пејпал (еве веќе тука се гледа дека имаш сметка)?

Дали е можно 1 да се направи денес, а 2 и 3 десет дена подоцна? Кај се парите тие 10 дена? Не се во Македонија...
 
размислам.....

парите, па парите...

твоите пари се твои, моите се мои пари и тие, парите... стојат во тутунска банка, се до трансферот преку paypal до некоја фирма/компанија каде што ѓи трошам.
paypal зема само провизија од тие пари. kapish?
 
Убаво кажува mettalhammer, Paypal ти е нешто како картичка, само кога плаќаш нешто ти црпи пари од сметката во банка.
 
Знаете ли дека согласно Законот за девизно работење не е легално да имаш сметка во странство, т.е. да чуваш пари во странство?

Во случајов вие парите ги чувате во PayPal, значи во Луксембург (со оглед дека одите преку Словенија, т.е. преку ЕУ).

ЕВЕ НА СИТЕ ДА ВИ Е ЈАСНО ЗОШТО НЕМАМЕ PAY PAL ВО МАКЕДОНИЈА.

Едноставно нема закoнска регулатива.

Ќе скапиме овде, ќе црвосаме во ова пустелијава...
 
размислам.....

парите, па парите...

твоите пари се твои, моите се мои пари и тие, парите... стојат во тутунска банка, се до трансферот преку paypal до некоја фирма/компанија каде што ѓи трошам.
paypal зема само провизија од тие пари. kapish?

не е така. стојат и во пејпал. во неговата банка во луксембруг (бидејќи си „словенец“, т.е. „европеец“). да беше американец, ќе беа во америка.

не ми одговори на прашањето погоре. еве уште еднаш да го парафразирам: погледни во изводот што го добиваш од тутунска. кога ќе ги префрлиш парите на пејпал, со кој ден ти се симнати од сметка? може да не платиш туку да ги чуваш таму 6 месеци?

П.С. Само да те потсетам на поговорката: „Don't shoot the messanger“. Знам дека не ти се допаѓа веста и знам дека уште Софокле во Антигона напишал дека никој не го сакат гласникот кој носи лоша вест, АМА ТАКА Е. Законите ги носи парламентот...

--- надополнето ---

Убаво кажува mettalhammer, Paypal ти е нешто како картичка, само кога плаќаш нешто ти црпи пари од сметката во банка.

Или што би рекле Леб и сол: Нешто као картичка, као какао... Цео свет је као какао...

Да се вратиме на темата: имаш ли ти сметка во пејпал? имаш ли пари на неа за да плаќаш или ти даваат да плаќаш без пари?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom