Охрид

Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Има недоречености во законот за децентразлизација кој го спомена гоне.Плажите и зоните кој се заштитени со закон се под ингиренции на државата.Оние во градот со батко му ремис се на негова душа.
Не го бранам него,ги бранам Охриѓани кој се гушат,а никој не им го решава проблемот,едни на други си ја фрлаат топката за градба,а парите не им ги остваат во каса.
А дека крадел не е тајна,втор мандат зошто му дадовте?Плус и незнае една реченица да сврзе со друга :))
(ми текнува на претходните избори,он беше број 2,а нанче 1.На една локална тв во дебата,вашиов вели за крај:гласајте за број 1)
Вака не дека јас нешто ја бранев власта, само си го кажував моето мислење за градоначалникот, искрено не ми е гајле ни за едните ни за другите, ама градот ни страда исто како и државата а не може да најдат заеднички збор. Околу децентрализацијата, што не влеговме во втора фаза на децентрализација каде што и градот би поседувал повеќе пари заслужни се пратениците на Вмро дпмне од охрид кои како да се бореа кој повеќе ќе му се умилкува на премиерот, и пак градот страда и граѓаните т.е. ние, во него.
А со фрлањето на топката се покажа Железничка (не знам дали си запознаена ама тоа е улица која е треба да е заобиколница на Охрид накај Битола, моментално ние си ја викаме улица Предизборна) :)
Кратко речено труло е :)

А Нанче изгуби во Охрид само заради неговото (наводно или не, баш ми е гајле) Бугарско портфолио (можда тој не, ама татко му е асли) :)

и за крај затоа што ги спомна речениците на градоначалников еве види ја најаката реченица кажана на брановите на радио Охрид :) :) :)

"Денеска е мртва сабота, многу од слушателите се на гробиштата па... бог да ги прости нив!!" :)

п.с. има и додадок песна во линкот
http://on.net.mk/default-mk.asp?ItemID=B8C178A51B809942A4B87486747C1ABC
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Охрид од 2000-та навака е пренатрупан со згради.Па еден парк асолен бе немат.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Железничка уште не е изградена? 4 години откако е раскопана,срамота.
Туку Охрид интензивно почна да се гради во 2000/2001,од тогаш е проблемот на Охриѓани.Згради на секој чекор,парцели се продаваат,лудница.Мафии еден тон,Карадак,Ремис лом направија,згради од хартија.Нај мака ми е за просторот на старата автобуска,преку ноќ се продаде и се сруши.Порано беше ладничко навечер,лани кога бев во внатрешноста на Охрид кај ординација Сонце беше топло.Јас не се сеќавам на тераса да сум седела на кратки ракави во Охрид.Која промена ја носат тие згради на кеј што се...
Најубавиот град во светот,не го заслужува тоа,се надевам сите ќе платат еден ден за тоа.
А Петрески е...,Бисер треба да го прекрстите :pos: Ја имам слушнато и таа,милион ги има треснато до сега.
Што се случува накај Андон Дуков кампот,АС,има градење?Слушнав дека се продавале парцели по багателна цена.
 
Член од
15 мај 2008
Мислења
947
Поени од реакции
99

Железничка е актуелна само пред избори, одлична сцена и осветлување за сликање со лопати во најразлични пози. За локалните избори и Груевски и Јанакиевски се изнасликаа, а до ден денес Железничка остана ископана, со кратери. Луѓето кои живеат таму не можат да се вратат дома, си ги искршија колите.

А пак Аце наш во овие неколку години изгради толку многу згради што мислам дека нема толку жители во државава за да купат од тие станови. Битно си лапа по 10-20% провизија, а градот се задави во сопствените гомна. Ама нас, на Охриѓани Аце ни е супер, ние си го изгласаме, го вработи пола Охрид во Водовод и Комуналец и сега луѓето немаат плата земено со месеци, одат по тројца вработени да читаат еден саат за вода и немаат доволно столчиња по канцелариите за да седнат :tapp:

А накај Андон Дуков имаше доста изградено, но 2004 се направи акција и се урнаа викендичките (http://star.vest.com.mk/default.asp?id=78164&idg=4&idb=1163&rubrika=Makedonija). Сега е таму евтино бидејќи сите се плашат да градат таму.
 
Навистина ми е жал што го читам ова.Од лична преписка настрада народот.И најтажно е што на самите Охриѓани им е најскапо да живеат во сопствениот град.Велиш во Комуналец стаса да работи пола град,страшно.Плус и Алче не дава пари..до каде стаса градов.
Барем се снаоѓате со туризмов или се плашите од годинава?
 
Со туризмов ќе биде како и секоја година.
Сите ќе се жалат дека е слабо, дека нема гости, дека не чинат туристите, а пак ќе се отвораат нови кафулиња, ресторани, апартмани и мали хотелчиња на секој чекор. Значи капи по некој денар за сите и си живурка градов, барем на лето.
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
Навистина ми е жал што го читам ова.Од лична преписка настрада народот.И најтажно е што на самите Охриѓани им е најскапо да живеат во сопствениот град.Велиш во Комуналец стаса да работи пола град,страшно.Плус и Алче не дава пари..до каде стаса градов.
Барем се снаоѓате со туризмов или се плашите од годинава?
Со туризмот барем за тие што работат со него, има, само најстрашното е што трае еден месец и сите сакаат да заработат во тој месец за цела година да можат да преживеат. Треба некој да седне и да смисли стварна стратегија за туризмот во Охрид преку цела година. Затоа што ако има што да видиш на лето (не зборувам за капење во езерото) истото може да го видиш и преку цела година. Само дали луѓето кои работат во Општина во отсекот туризам не знаат да смислат или им е полесно нишај врата земај плата, не знам.
Да ги имаш природните убавини на овој град и да не знаеш да привлечеш туристи е срамота, а најповеќе грев. Да им беше на швајцарците или на некој од другите западњаци ќе се растуреа од пари. Во Охрид сакаат едноставно отварам кафич и од утре сум газда и ќе сум богат.... и леле кога ќе дојде јули ќе се растурам од пари. Толку е туризмот ЗАСЕГА.

Едноставно не знаеме да ја продадеме "приказната"
 
Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.176
Поени од реакции
4.133
Најсмешно ми е кога ќе речат за Охриѓани дека живеат од туризам.Во Охрид луѓето преживуваат од туризам,не живеат од него.А оние кои се занимаваат со туризам,тоа им е втора дејност.Ретки се тие кои примарна дејност им е туризмот.Е пред 20 год стварно се живеело од туризам и се земале добри пари.Па колку само куќи се изградени низ Охридов од тој златен период пред 20 г.Па Охрид туристички уште не ја има стигнато 1987 г(еден милион туристи).како најдобра година за Охридскиот туризам.Е до толку сме назад.

--- надополнето ---

Имаше.... хотел Парк ... ама го срушија :) :) :)
Да,да.Сега ќе изградат ем поголем,ем поскап.:tapp:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Со туризмот барем за тие што работат со него, има, само најстрашното е што трае еден месец и сите сакаат да заработат во тој месец за цела година да можат да преживеат. Треба некој да седне и да смисли стварна стратегија за туризмот во Охрид преку цела година. Затоа што ако има што да видиш на лето (не зборувам за капење во езерото) истото може да го видиш и преку цела година. Само дали луѓето кои работат во Општина во отсекот туризам не знаат да смислат или им е полесно нишај врата земај плата, не знам.
Да ги имаш природните убавини на овој град и да не знаеш да привлечеш туристи е срамота, а најповеќе грев. Да им беше на швајцарците или на некој од другите западњаци ќе се растуреа од пари. Во Охрид сакаат едноставно отварам кафич и од утре сум газда и ќе сум богат.... и леле кога ќе дојде јули ќе се растурам од пари. Толку е туризмот ЗАСЕГА.

Едноставно не знаеме да ја продадеме "приказната"
Мислеа,мислеа и ништо не смислија.20 години потрошија во мислење и на крај пак исто.Туризмот во Охрид трае 1 месец,ако во екот се снајде некој,ќе живурка некој месец,но ако не се снајде тешко за зимата.
Ни тур,ни бутур оператори не донесоа туристи и тие што идат го штедат секој денар.Порано во Охрид,кога бев средношколка одевме и сите десет дена пиевме и јадевме надвор.Сега идат со полн багаж пиперки,домати и јајца кај роднини во стан да се затштеди некој денар.Од тоа нема пари.Но и народот не е крив,едноставно нема пари за луксуз.
Стратегија нема додека има нишачи на врата.Кој ќе се снајде арно,кој не ќе иде на кредит живот.Срамота за најубавиот град во земјава ваков муабет да се прави,жалосно е на тие невидени убавини да збориме за сиромаштија и како да се преживее.Но надежта никогаш не умира,ќе биде подобро еден ден!
 
Член од
19 септември 2008
Мислења
730
Поени од реакции
62
[/COLOR]Да,да.Сега ќе изградат ем поголем,ем поскап.:tapp:
Нема да изградат хотел, ќе изградат луксузни апартмани кои ќе ги продадат и ТОЛКУ. Тоа е еднократна добивка за некого и од појќе фајде Охрид нема да има. Како и од секоја зграда изградена. И да земе градот 1 милион комуналии и 10 милиони, ова не е долгорочна инвестиција. Друго да имаш хотел на местото каде што можат да доаѓаат туристи и да се сместат. Друго е да имаш веќе продадени апартмани. Инвестиција УПМ ти се вика ова
 
Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Данок на имот плаќаме,струјата ни ја наплаќаат поскапо пошто не сме биле од Охрид и сеа ќе воведуваат данок дека имаме станови,а не живееме во нив??! Шо им е гајле,становите се регуларно купени...ако им сметаат зградите нека не градат више,а не се тепаат кој најскапо ќе ги продаде .:uvo: За тие 3 месеци што сум во Охрид давам повеќе пари него цела година у Скопје да седам.
 
zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.090
Пак некој се жали што 3 месеци што е во Охрид трошел повеќе него 9 во ск....што да кажам јас цела година во Oхрид :).Него се "удајв" од прашини последно време...на секои 10 метри нова зграда се крева а слушам сега со новиот закон можело повеќе од 4 спратови во централно градско подрачје каде што живеам и јас...ако крене комшијава пред мене зграда сонцето ке го гледам сабајле во 6 и вечер во 7 налето....есен,зима,пролет да не се надевам...
 
Youthanasia

The game
Член од
19 март 2010
Мислења
141
Поени од реакции
11
Како шо гледате на општинава приоритет и е градење дваесеткатници.Згради се градат на секој чекор, а немат со шо да привлечат туристи, жално.Шо ќе им се дваесеткатници ко немат луѓе,шо ќе сместат ?Прво нека го средат градов малку.Туристити не идат само за да се искапат,да седат во луксузен стан,на крај краева тие имет палати,идат со цел да видат нешто во Охрид.Денојве бев на екскурзија низ Чешка,Унгарија,Австрија и неможам да се изначудам колку се понапредни од нас,неможевме да се разминиме од туристи,едноставно е прекрасно,гледам архитектурата не им е нешто за фалење,ама имаше шо да видиме.Парите во Охрид се вртат на релација Општина-Ремис-Општина.Се додека “таткото“ на градов не имат еден космополитски поглед,а не ко коњите само напред,никогаш немат да организираме туризам до таков степен,барем според мене.:smir:
 
F

FuckYouAll

Гостин

Шо ти сметет тебе тие "дваесеткатници"?
Дан сакаш да градат цркви, џамии и споменици?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom