Погледни го твојот пост погоре како е, што би рекле експертиве конципиран па кажи ми ти!
Не, ти погледни го!

Ај назад на темата...
Тачи посилен од аплаузот за Македонија во ОН
Тепачката во македонскиот парламент одекна посилно во домашната јавност од аплаузот на светските државници во Генералното собрание на ОН за името на Република Македонија. Така е тоа во држава кога мажиштето Мендух Тачи ќе нападне жена. Тоа е посилна вест отколку кога претседателот на државата, Црвенковски, и претседателот на Генералното собрание, Керим, ќе го употребат уставното име на својата татковина на ужас на грчкиот амбасадор и грчките дипломати. Се разбира, тоа ќе биде прва вест и национална трагедија во соседна Грција, а кај нас примитивизмот на албанските лидери е вест за катарза на мнозинството.
Меѓутоа, она што се случуваше низ ходниците на македонскиот парламент ги стави во сенка ѕвездените мигови на македонската дипломатија. Парадата на албанскиот инает и јавната демонстрација на насилство и простаклак ја стави во шок целата нација. Претседателот на парламентот, Љубиша Георгиевски, од највисокиот законодавен дом направи балканска крчма каде што од сабајле се собираа силеџии со бричени глави и воловски вратови, демек, како „гости“ на албанските партии. На сите дента им беше јасно дека ќе има инциденти. Некои од пратениците го најавија тоа уште пред еден месец. Локалниот шериф Тачи фатил за гуша жена, колешката Теута Арифи. Каква храброст, каков голем јунак. Љубиша Георгиевски ни по една година нема ниту капацитет ниту храброст да се издигне во претседател на парламентот, во претседател на сите пратеници. Бедно за еден интелектуалец, за една јавна личност и режисер кој ужива во улогата да изигрува евтина марионета на претседателската престижна фотелја во Собранието на Република Македонија. Љубиша Георгиевски не чувствува никаква одговорност што низ парламентот шетаат набилдани телохранители кои кога не ги чуваат своите кукавици од лидери, во слободно време се занимаваат со рекетарство и криминал. Љубиша Георгиевски уште еднаш го урниса и онака никаквиот авторитет на парламентарците и народните избраници. Ќе влезе во поновата македонска парламентарна историја како маргиналец и партиски војник.
Мендух Тачи јавно покажа дека не му е ни до колена на Арбен Џафери. Филозофот знаеше со своите изјави да иритира, но и да замисли, но сепак далеку беше од примитивизмот на Тачи, кој се' повеќе личи на нагазна мина отколку на современ македонски политичар. Нема ништо полесно отколку да го испровоцирате Тачи кој веднаш експлодира и ја покажува сета своја политичка, а и лична некултура. Овој пат и својот кукавичлак.
Новинарите се посебна тажна приказна во македонскиот парламент. Иако се на работно место, добиваат шлаканици од силеџии и дивјаци. Секаде во светот тоа би бил своевиден скандал. Тие се таму не поради тоа што многу сакаат да ги гледаат суратите на Тачи и на Лека и на сите други 118 пратеници, туку затоа што треба да ја информираат јавноста. Настаните во македонскиот парламент, на очиглед на целата јавност, покажаа не само недостиг на демократски капацитет туку јасно се виде и нивото на културата на македонската власт и на опозицијата. А особено на претседателот на парламентот, Љубиша Георгиевски, кој не може да избега од одговорноста за она што се случува под покривот на највисокиот законодавен дом. Тој широко ги отвори вратите за насилство и за непочитување на основните правила на однесување во еден демократски парламент. Она пак што се случуваше надвор од парламентот во центарот на Скопје е посебна приказна. Полициски сили без ознаки само покажаа дека со МВР владее партиска полиција.
Не дека нема тепачки во парламентите на многу подемократски земји, но секогаш во Македонија има една специфичност. Во светот пратениците кои ќе излезат од колосек се „тепаат“ за големи идеи и национални интереси. Во Македонија не знаат зошто се тепаат. За инает.
Овие настани само уште еднаш ја покажуваат тажната македонска закономерност: секогаш кога Македонија е пред меѓународен успех ќе се најдат морони кои ќе ја засрамат земјата и ќе нанесат ненадоместливи штети.
Ерол Ризаов