Нападнат е новинарот на А1 Телевизија, Лирим Дулови од обезбедвањето на ДУИ. Нападот се случил во парламентот. Нападнат е и претседателот на ПДП, Абдулади Вејсели, од Садула Дураку (командантот кој го остави Куманово без вода во 2001, подоцна министер за земјоделие во владата на СДСМ). Закани кон Вејсели упатил Рафиз Алити (командант М'суеси, „учителот“ о Радуша). Јани Макрадули, како што и доликува на него за сето ова го обвини Никола Груевски. Не, не се смејте, пак најде некоја линија па ги оправда неговите другарчиња од ДУИ. Алхемијата секогаш е јака страна на СДСМ. Нормално, тие по правило не се криви. Ни СДСМ ни ДУИ. Меѓусебно се надополнуваат. Ма „СВЕ“ во име на народот и демократијата. Дури и кога се убиваат луѓе. Овие инциденти во парламентот му идат нешто како мачкина кашлица. Гарантирам оти ќе најдат некој изговор со кој ќе се обидат да се извадат за оваа брука кој силно пукна во јавноста и ќе се одрази врз нив (во еден правец-надолу)!
Што е целта на сето ова? Денес требаше (конечно) да започне седницата на која на дневен ред се закони со т.н. европски предзнак. Сето тоа е значајно за извештајот кој европејците треба да го објават во ноември, а се однесува на нас. СДСМ и ДУИ до максимум ја кочат работата (непродуктивни дискусии, противење на се што е предложено, сеење магла во јавноста за што ќе им стигне, бојкотот на Б.Ц. за амбасадорите). СДСМ и ДУИ се декларативно за Е.У. во суштина прават се' да не се случи тоа. Тоа значи спроведување на вистинска функционална демократија во која нивниот криминал би излегол на виделина и би бил соодветно законски третиран, а нивната поддршка кај она малку членство што им остана (за ова по однос на ДУИ се подразбира закани по живот ако не се лојални) во тој случај би изостанала. Погледнете го само нивното ниво на дискусии, која беда на духот, кои промашени личности. СДСМ и ДУИ не би можеле да „пливаат“ во демократски услови какви што спроведува оваа Влада.
Вчера се замрзна имотот на Фершпед. Најголемото транзиционо „достигнување“ на СДСМ. СДСМ ќе се обиде да ја одврати јавноста баш со вакви испади на кои се подложни нивните идеолошки и криминални браќа од ДУИ. СДСМ секогаш тоа го правеше дисктретно. За нивна жал, се помалку им успева. Нивните кадри се прочитани, а фацички како Рада, Шема, Макрадули, Кондарко, Жерновски, Топузовска (и Фрчко како експерт по општа пракса) немаат капацитет да убедат за нешто во кое и тие самите не веруваат.
Што следи? Остварување на заканите од ДУИ (ДУИ се заканува по животот на секој кој не им е по терк)? СДСМ многу посакува да се случат. Знаете, тие најобро пливаат во ситуации кога „ја спасуваат Македонија“. Само што работите се многу променети, а СДСМ никогаш повеќе нема да се врати на власт. Едноставно, Владата работи со полна пареа, воспоставени се нови стандарди и нови вредности, а и нема кадри кои би ја вратиле СДСМ на власт. Кој луд би ја дал довербата на Игор Шема, на Шеќеринска, на Макрадули...? СДСМ неповратно се распаѓа и смрдеата од сето тоа ја чувствува цела јавност. Нивната приказна е на залез. За разлика од нив, ние нашите достигнувања и борба ги постигнавме институционално и со работа. СДСМ и ДУИ ќе се обидуваат на секаков начин да го кочат патот на Македонија кон изградба на демократско општество, општество кое штотуку почна да создава критичка маса која знае да цени и да мисли со сопствениот ум! Сите знаеме како размислуваат „Guns ‘n’ Roses“. До наши уши стигна и паниката во нивните редови што едноставно нивната политика доживува слободен пад во неповрат. Сеуште играат на картата на силеџиство. Џелат, тепан и спасител во исто време. Кој театар... Очекувам според законот, сите насилници и обиди за било каква дестабилизација да бидат соодветно казнети. Апсурдите, како оној на Макрадули од пред малку, кога правдајќи ја постапката на насилство од ДУИ, го обвини противникот и натаму ќе се случуваат зашто тоа е нивна матрица на размислување (што не отиде во некое од семејствата на убиените бранители да им го обели образот на ДУИ??). А во таквите изговори можат да поверуваат само испраните мозочиња на полу-личностите растени во подрумите на Бихаќка (имате неколку егземплари на форумов).
Ќе биде ли смешно кога ЕУ ќе ја даде оценката? :ples: