Фан Клуб: ФК Металург

Член од
18 февруари 2009
Мислења
480
Поени од реакции
38
Браво за дечките. 0:1 не звучи убедливо, ама победата не била доведена во прашање во ниту еден момент.
Прикажеле добра игра на резултат и тоа на гостински терен. Есента неколку пати поведуваше Металург па на крај не усеваа да ја сочуваат предноста. Ова е мал напредок во тој поглед.
Викендов сме слободни (да ти ебам лигата) па се надевам на некоја пријателска на Железарница.
za ova te izlagale vo poslednite 20 min se igrase samo vo 16tnikot na metalurg imavme 2 ubavi sansi ali vie imavte sreka :toe:
 

OdMitico

Rajko Mitic
Член од
4 мај 2008
Мислења
1.381
Поени од реакции
328
Zasluzena pobeda,si odigraa kolku sto im trebase za da pobedat,fizicki bea daleku popodgotveni i mislam deka toa presudi...Iskreno dobiv vpecatok deka koga i da posakaat mozat da dadat gol,iako i toj sto go dadoa beshe avtogol..
Inace na tribinite bese i gazdata na Metalurg - Minco Jordanov
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Падна и Ренова. Непобедливите :)

Убедлива игра. Браво.
На 3:1 малку повеќе од што треба почнаа да лежат на терен, ама толку се силите очигледно. И Ренова ќе го равеше тоа ако беше поинаков резултатот.

Во среда со Милано нема да е лесно. Не е оној истиот Милано од есента. Влезени се малку во филм откако победија дома со Победа, башка одморени се, не играа денес. Со евентуални 3 бода, се доближуваме на една победа до Работнички.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
cestito pobeda

Го "прегазија" лидерот
* И покрај тоа што поведе, Ренова имаше огромен пад во играта во период кога за 13 минути прими дури три голови од разиграниот скопски тим
МЕТАЛУРГ - РЕНОВА 3:1 (2:1)
МЕТАЛУРГ:
Георгиевски 2.5
Петковски 2.5
Лазаревски 3.5
Трајчев 2.5
Вајс 3
(73' Димитровски /)
Кралевски 3
Тенекеџиев 3
Костенцовски 2.5
(81' Цветановски /)
Крстев 3.5
Илијоски 3.5
(66' Ејупи 2.5)
Костовски 2.5

РЕНОВА:
1.5 Ковачевиќ
1.5 Стојанов
2 Мемеди
1.5 Гаши
1.5 Статовци
1.5 Бајрами
(1.5 Јанчевски 67')
1.5 Османи
1.5 Нухију
(1.5 Мицков 60')
1.5 Тодоровски
2 Али
1.5 Толески

Стадион: "СРЦ Железарница" во Скопје. Гледачи: 500.
Главен судија: Љубомир Крстевски. Помошници: Панде Атанасов и Златко Стојановски (сите од Битола).
Делегат: Гоце Цветановски (Д. Хисар).
Стрелци: Крстев 36', 49' (п), Илијоски 45' (М) - Али 34' (п) (Р).
Ж. Картони: Георгиевски, Лазаревски, Трајчев, Костовски (М) - Стојанов, Османи (Р)
Ц. Картони: Трајчев 78' (М) - Статовци 86' (Р).
Играч на натпреварот: Миле Крстев.

Мечот на "Железарница" меѓу екипите кои конкурираат за висок пласман го оправда епитетот дерби. Вистински првенствен натпревар со многу борба, трчање, шанси, голови, пенали, црвени картони... Од с$ по нешто, на крајот сосема заслужена победа на Металург, екипа која има фантастичен старт во пролетниот дел од шампионатот. "Зелено-белите" како и на првиот меч во Прилеп така и на овој одиграа борбено, храбро, победнички и сосема заслужено се радуваа на триумфот.
Гледајќи го мечот до 30. минута некој да кажуваше дека Металург ќе го добие овој натпревар, никој немаше да му верува. "Металурзите" одиграа анемично, слабо со многу грешки во додавањата, со катастрофална игра во средината на теренот. Меѓутоа, нешто магично се случи со момците на Жикица Тасевски по таа 34. минута кога "гипсарите" дојдоа во водство. Пеналот во гол го претвори Али, и тогаш следуваше будење од "мртвите" на фудбалерите во "зелено". Одличниот гол со глава на Миле Крстев по додавањето на Лазаревски постигнат само стотина секунди подоцна, им даде дополнителен мотив на "железарците" дека може да дојдат до победата. Веднаш дојде и шансата за пресвртот, но Костовски не се снајде а имаше одлична шанса. Меѓутоа, вторпат мрежата на Ковачевиќ се тресеше во последните секунди од првиот дел кога Илијоски ги надмудри двајцата стопери Статовци и Стојанов и успеа да ја спроведе топката во мрежата. Со истото темпо Металург "влезе" и во вториот дел кога по само четири минути игра Илијоски одново го надмудри Стојанов, кој беше принуден со фаул во шеснаесетникот да спречува, што беше доволно за Крстевски да покаже на белата точка. Одговорноста падна на Миле Крстев, кој ја "закова" во горниот десен агол од немоќниот Ковачевиќ. Што е со Ренова? Загубена на теренот, без игра, без идеја, желба... Костов се обиде со измени, но и "резервистите" се вклопија во "сивилото". На спротивната страна залетаниот скопски тим имаше уште неколку шанси, прво одново преку Костовски тотално да го растури моменталниот лидер на прволигашката табела, меѓутоа несфатливо е што утна голгетерот на "металурзите" кој дефинитивно имаше лош ден вчера. Голманот Ковачевиќ спасуваше "четворка" во неговата мрежа по силниот удар на најдобриот поединец Крстев. С$ што успеа да стори Ренова е гредата на Мемеди во последните минути од мечот да го намали водството.
Металург знаеше што сака и сосема заслужено успеа да слави победа над есенскиот шампион. Преодни оценки во тимот на Костов заслужуваат само Мемеди и Али, останатите имаа желба, но недоволно за повеќе од пораз на "Железарница". Потфрли тимот на Ренова и несфатливо е како може за само 13 минути да прими три гола. Тоа не доликува на еден тим кој се бори за шампионската титула. На крајот вреди да се напомене дека и двата тима го завршија натпреварот со 10 играчи, откако беа исклучени Јовица Трајчев во Металург, односно Фарук Статовци во спротивниот табор.
Г. Бошев

Минута по минута...
24' - Обидот на Бајрами од слободен удар од лево завршува над голот на Металург
0:1 34' - Нафрли Мемеди од лево, Георгиевски ја изби топката од Али на десната страна, кој мина крај Лазаревски, кој го сопре со фаул, Крстевски досуди пенал. Али сигурен шутира лево доле, Георгиевски ја имаше во раце топката, меѓутоа таа "отседна" во мрежата
1:1 36' - Одличен центаршут на Лазаревски од лево, Статовци беше прекраток да расчисти, а Крстев со глава ја "закова" во горниот десен агол од немоќниот Ковачевиќ
39' - Тенекеџиев убаво го проигра Костовски, кој излезе сам пред Ковачевиќ, но лошо пласира по земја и беше лесен плен за голманот на Ренова
2:1 45' - Одново добар центаршут на Лазаревски од лево, топката стигна до Илијоски на 10 метри, кој ја смири, се заврте, шутираше по земја и го совлада Ковачевиќ
3:1 49' - Акција која ја почна голманот Георгиевски со долга топка го проигра Костовски, а овој со глава ја "продолжи" до Илијоски, кој беше поснаодлив од Стојанов, го мина влезе во шеснаесетникот, но е сопрен од стоперот на Ренова, пенал за Металург. Сигурен реализитор е Миле Крстев
66' - Колосална шанса за Металург. Тенекеџиев краде од Мемеди, влезе во казнениот простор, го проигра осамениот Костовски, кој од само неколку метри утна празен гол
74' - Крстев од слободен удар се обиде силно, а Ковачевиќ одлично и со парада успеа да спаси
85' - Се тресе гредата на Металург по обидот на Мемеди од 20-тина метри од лево

СТАТИСТИКА
МЕТАЛУРГ РЕНОВА
1 корнери 8
6/5 удари/во 3/1
16 прекршоци 18
3 офсајди 3
1/1 пенали 1/1
4 ж. картони 2
1 ц. картони 1

На натпреварот Минчо, Червар, Хари, Јонуз...
На овој натпревар, како и на претходниот присуствуваше сопственикот на Металург, бизнисменот Минчо Јорданов, кој беше во друштво со тренерот на РК Металург, Лино Червар. Во "ложата" над соблекувалните со нив во друштво беа и Харалампие Хаџи-Ристески, како и селекторот Мирсад Јонуз. Тешко дека селекторот можеше нешто да види од вториот ред, затоа што во првиот седеа "газдите" Јорданов и Идризи.

Повреда на Вајс
Сите во Металург се "тресеа" по повредата на капитенот Мирослав Вајс во 73. минута. На неговото место влезе младинскиот репрезентативец Владимир Димитровски и на крајот добро си ја заврши работата во одбраната. Вајс го повреди "листот" на ногата и денешните лекарски проверки ќе покажат колку ќе паузира.

"Сефте" за Металург
Конечно, Металург чекаше и дочека за првпат да го победи тимот на Ренова. Во досегашните четири натпревари "металурзите" имаа две нерешени и два порази и еве, конечно, вчера дочекаа да & се радуваат на победата против тетовскиот тим.

ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
ЖИКИЦА ТАСЕВСКИ
"Им честитам на сите учесници на дербито. Најмногу честитки на моите фудбалери кои демонстрираа огромна желба за победа. Покажавме карактер како и екипа, и покрај водството на Ренова, веднаш се вративме во натпреварот и успеавме да дадеме три гола. Задоволен сум од залагањето и од играта, но по овој меч треба да останеме цврсти на земја првенството е долго, н$ очекуваат уште натпревари"
ВЛАТКО КОСТОВ
"Фер и коректен натпревар во кој победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси. Морам да признаам дека беше вистински дерби меч во кој домашните чесно победија. Немам никакви замерки до приемот, до судењето и до играта. Заслужен пораз кој ние го признаваме".
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Металург - Хоризонт Т. 1:1

И по којзнае кој пат Металург покажа како е да играш на домашен терен, а да се однесуваш како гостин.
Дури на 10 минути пред крај им текна дека е 1:1 и дека имаат играч повеќе па почнаа малку да напаѓаат.
Фалеше Миле Крстев, ама нема оправдување за „дупката“ од 50-та до 80-та минута кога нема идеја што да прават на терен.
Браво за Турново, очигледно задоволни се со едниот бод. Прв пат ги гледам Турново и ме разочараа малку. Можат да играат фудбал, ама повеќе сакаат да дигаат раце и да се расправаат со судии. Тој еден 5-ка носи и друг со 19-ка (мислам дека е С.Пандев) нон стоп нешто преговараат на судии, на секоја гужва се во средина итн.
Тоа што сите лежеа на терен, провоцираа и глумеа, може да им се разбере бидејќи резултатот им го овозможуваше тоа. И Металург така правеше против Ренова.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Со најновото засилување за Металург,Ертан Демири продолжува градењето на силен Металург за наредна сезона за атак на шампионската титула и настапот на европската сцена кој е речиси очигледен.
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Дел од изјавата на тренерот на ФК Милано, извесен Драган Антиќ:

Срамота за еден таков тим да плаќа судии за да не победи, а сакаат да идат во Европа. Не може да го победи Милано, кој на овој натпревар играше без неколкумина клучни играчи. Децата буквално ги собрав од улица и се натпреварувам во Лигата. Јас да имам барем тројца фудбалери од сегашните од Металург, ќе бидам шампион со 10 бодови разлика пред вториот. Минчо фрла милиони, а не може да го победи последниот и става таков тренер кој нема поим од фудбал. Не ми е јасно како добиваат лиценца таквите тренери. Само да знаат дека тие се во војна со Милано засекогаш. Од овој натпревар па наваму, тие се во војна со нас. Барем да кажеа, ќе им пуштев да освојат три бода...

http://sport.com.mk/?ItemID=36636A9C1E1C284E80ED994D2A6CA94B

:pos2:

Бев во неделата и го видов типот. Типичен српски пољопривредник. Не знам дали е од Пожаревац или Горњи Милановац ама однесувањето на терен, а и после на трибина не му беше достојно ниту за во локална кафана, а не за на прволигашки терен. Како да излегол од мафијашки филм. Ни на крај памет не би помислил дека е фудбалски тренер. И тој човек, нашол да јаде гомна за Металург, за спонзорот, за тренерот ...
Минчо фрлал милиони. Епа Минчо сега фрла милиони, ама знае дека еден ден ќе почне да ги собира тие милиони. Не се прават резултати преку ноќ. Знаеме сите што сме од околинава дека ракометниот клуб Металург пред да стане ова што е сега неколку години „трошеше“ пари без резултати. Ама ете сега, дојде нивното време. Јадрото е битно. Ако продолжи вака со инвестиции и во фудбалот, ќе дојде и времето на ФК Металург. Бизнисмен е Минчо, знае како да се заработи. Можеби гангстерот од ФК Милано, Драган Антиќ, кој ете бил и спонзор на екипата, мисли дека ќе дојде во МакФудбалот и за неколку месеци ќе се збогати. Доста ни е од таквите ѓубриња како него.

Со најновото засилување за Металург,Ертан Демири продолжува градењето на силен Металург за наредна сезона за атак на шампионската титула и настапот на европската сцена кој е речиси очигледен.
Како повратник од странство мислам дека Демири ќе може веднаш да игра !?? штом ќе стигнат сертификати, лиценци ... и такви формалности.
 
Член од
4 декември 2007
Мислења
346
Поени од реакции
24
Со Силекс наредна у гости нема право не стигнал сертификатот на време,али со Пелистер дома ваљда ке го видиме во составот на Металург.
 
Член од
5 јануари 2009
Мислења
2.654
Поени од реакции
81
Демири две години "зелено-бел"
Металург ангажираше уште едно ново засилување во своите редови за последните неколку кола, и за идната сезона од шампионатот. Вчера потписот на двегодишниот договор со "металурзите" го стави искусниот фудбалер за врска, довчерашниот член на Локерен, Ертан Демири.
Поранешниот фудбалер на Вардар и на Работнички долго беше во преговори со "железарците" за вчера конечно да пристапи на третопласираната екипа во нашето првенство. Претходно Демири беше поврзуван со трансфер во екипата на Пелистер, меѓутоа откако не дојде до договор, Жикица Тасевски и раководството на Металург се решија да го ангажираат.
"Добивме искусен фудбалер во средината на теренот, кој освојувал титули во минатото со Работнички. Тој ќе биде од голема корист во нашиот тим. Потпиша двегодишен договор, со тоа добивме квалитетно засилување во средината на теренот", рече тренерот Тасевски.
31-годишниот Демири пред две сезони замина во Белгија од тимот на Работнички. Поради ненавремено пристигнување на сертификатот, тој претстојното коло против Силекс нема да може да дебитира, а својот прв натпревар во дресот на Металург ќе го има против Пелистер, натпревар кој се игра на 25 април на "Железарница".


Антиќ вс Тасевски
* Антиќ: "Тасевски залутал во професијата. Додека такви ги водат македонските клубови, во Македонија нема да се развива фудбалот"
* Тасевски: "Не сакам да коментирам многу, само ќе кажам дека Антиќ го злоупотреби гостопримството на Металург"
Драган Антиќ против Жикица Тасевски. Имаа што да си кажат на завчерашниот натпревар, кога беше постигнат првиот гол. Во еден момент се "фатија за гуша" па настана голема мешаница која резултираше со неколкуминутен прекин, по што Антиќ ја повлече екипа во соблекувалната, па следуваше премислување и натпреварот продолжи. Што си кажаа? Кој прв почна? Антиќ отиде кон помошникот судија кој во моментов беше до клупата на Металург, а тука реагираа и од клупата на домашниот тим по што во мешанциата не се знаеше кој кого пцуе, кој кого држи... Епилогот е испраќање на двајцата тренери на трибините. Антиќ продолжи од трибините да ја води екипата, а Тасевски од ложата која се наоѓа веднаш над соблекувалните.
Тренерот на Милано не може да се помири со она што се случуваше на завчерашниот меч на "Железарница". Во вчерашниот телефонски разговор изнакажа многу критики кон Металург, кон стручниот штаб, раководството, судиите...
"Во првиот момент не бев сигурен дали беше гол или не, но сите потоа го потврдија играњето со рака на домашниот играч. Тренерот на Металург е посебна приказна во сето ова. Тој залутал во професијата, како и неговиот помошник. Никаков фер-плеј од страна на домаќинот, ние ја исфрламе топката во аут поради повреда на еден играч, тие не сакаа да ни ја вратат. Јас отидов кон судијата, а тие без потреба почнаа да ме напаѓаат.
Срамота за еден таков тим да плаќа судии за да н$ победи, а сакаат да идат во Европа. Не може да го победи Милано, кој на овој натпревар играше без неколкумина клучни играчи. Децата буквално ги собрав од улица и се натпреварувам во Лигата. Јас да имам барем тројца фудбалери од сегашните од Металург, ќе бидам шампион со 10 бодови разлика пред вториот. Минчо фрла милиони, а не може да го победи последниот и става таков тренер кој нема поим од фудбал. Не ми е јасно како добиваат лиценца таквите тренери. Само да знаат дека тие се во војна со Милано засекогаш. Од овој натпревар па наваму, тие се во војна со нас. Барем да кажеа, ќе им пуштев да освојат три бода, а не вака со помош на судиите да н$ победуваат", истакна револтирано тренерот на Милано, Антиќ, кој с$ уште не може да се помири со судиската одлука да го признае погодокот со рака.
"По завршувањето на мечот судијата се извинуваше. Што ми вреди сето тоа кога останав без бодови. Навистина, ќе повторам, е срамота еден таков тим како Металург кој вреди многу да плаќа судии за да го победи последнопласираниот тим на табелата", заврши Антиќ.
За разлика од Антиќ, тренерот на Металург, Жикица Тасевски, беше многу поблаг. Не сакајќи, како што истакна тој, да се спушта на "неговото ниво", со куса изјава:
"Антиќ нека изјавува што сака, само ќе кажам дека тој го злоупотреби нашето гостопримство. Антиќ дојде на клупа кај мене, а не отидов јас кај него. Мене сега ме интресира само следниот натпревар со Силекс, а на Милано можам да му посакам само среќа на следните натпревари", кусо истакна Тасевски не сакајќи да коментира ништо повеќе во врска со оваа "војна" со Антиќ.
Г. Бошев

ШТО СО КУМАНОВСКИОТ ТИМ ВО ИДНИНА?
Антиќ најави заминување, Милано отстапување!?
Драган Антиќ, кој е главен финансиер во Милано, е разочаран од македонскиот фудбал. Тој по последните случувања размислува целосно да се повлече од Милано и повеќе да не дава пари во кумановскиот тим.
"Ова што сум го доживеал тука, го немам доживеано ниту во мојата играчка ниту тренерска кариера. Ова не е првпат што н$ крадат судиите, и тоа исто се случи на натпреварот со Силекс. Навистина не можам да разберам како македонскиот фудбал да оди напред со вакво судење и вакви случувања. Оваа недела ќе бидат познати сите детали, сега сум моментално во Србија, сакам да размислам за с$ и потоа ќе ја донесам одлуката дали ќе продолжам во Милано, односно дали ќе се натпреваруваме и во иднина. Ако мислат дека ќе бидеме само статисти во Лигата, се лажат", вели Антиќ.

Антиќ: "Тоа што ја вратив екипата е најголемата животна грешка"
Тренерот на Милано се покаја за одлуката да ја врати екипата на терен. Во еден момент од Антиќ ечеше: "Нема да играме, ајде во соблекувална", за по неколку минути да ја врати екипата на терен.
"Навистина не можам да си простам на самиот себеси што целосно не ја повлеков екипата од теренот. Требаше да биде тоа моја последна одлука, да влеземе во соблекувалната, да се пресоблечеме и да си одиме. Тоа што ја вратив екипата е мојата најголема животна грешка. Истото требаше да го сторам и на натпреварот во Кратово. Вака повеќе не оди", вели Антиќ.

Искри и во Куманово пред неколку кола
Ова не е прв "дуел" меѓу тренерите Антиќ и Тасевски. Тие имаа исто така вербална пресметка и на натпреварот во Куманово пред неколку кола, кога мечот заврши без голови. Имено, на средината од вториот дел дојде до мешаница меѓу двете клупи, по што со помош на полицијата и на службените лица беше расчистена мешаницата. На тој дуел двата тренери добија само усни опомени, за разлика од сега кога двајцата беа испратени на трибини.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.128
Поени од реакции
75.068
Незнам што се занесува типов и како воопшто дотуркал да биде тренер. Кога го видов на Вардар-Милано ми се измочав од смеа. Облечен во моторџиско јакниче, како прав гангстер :pos: Незнаев дека им бил и спонзор :pos:
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Катастрофа еј, како у маало да играат. Се изнасмеав битно...
 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Незнам што се занесува типов и како воопшто дотуркал да биде тренер. Кога го видов на Вардар-Милано ми се измочав од смеа. Облечен во моторџиско јакниче, како прав гангстер :pos: Незнаев дека им бил и спонзор :pos:
Еве го фраерот:pos2:
 
Член од
1 декември 2008
Мислења
1.043
Поени од реакции
182
Незнам што се занесува типов и како воопшто дотуркал да биде тренер. Кога го видов на Вардар-Милано ми се измочав од смеа. Облечен во моторџиско јакниче, како прав гангстер :pos: Незнаев дека им бил и спонзор :pos:
Абе каков тренер каков спонзор, типов гарант го довлечкале од некој локал со покер машини. :pos2:
Спонзор на Милано? Тимот ќе се распаднеше да не беше Хари. Средношколец со пари од џепарац може да биде спонзор на Милано. Овој Антиќ е тотално залутан во фудбал. И уште па јак се прави, ќе ни продава муда за бубрези. Кога се качи на трибина во неделата, збор не знаеше да им каже на играчите. Секој втор збор му беше „Ајде, проби га ... идемо“, како навивач да е, а не тренер.
 
П

Паспарту

Гостин
Абе каков тренер каков спонзор, типов гарант го довлечкале од некој локал со покер машини. :pos2:
Спонзор на Милано? Тимот ќе се распаднеше да не беше Хари. Средношколец со пари од џепарац може да биде спонзор на Милано. Овој Антиќ е тотално залутан во фудбал. И уште па јак се прави, ќе ни продава муда за бубрези. Кога се качи на трибина во неделата, збор не знаеше да им каже на играчите. Секој втор збор му беше „Ајде, проби га ... идемо“, како навивач да е, а не тренер.
На Градски против Вардар само ги пцуеше играчите, јебем ти ово оно, шајку, мајку... :)

Работава не е за смеење туку за плачење, ваков аматеризам има само во Македонија и на ниту едно друго место на светов. Жикица до вчера рапер беше, сега е тренер, али ај он колку што знам има некоја диплома за тренер, а овој сиротиов дошол од Житораџа и глуми љокален шериф и единствена допирна точка со фудбалот му е кога ги гледа играчите на шише од пепси :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom