cestito pobeda
Го "прегазија" лидерот
* И покрај тоа што поведе, Ренова имаше огромен пад во играта во период кога за 13 минути прими дури три голови од разиграниот скопски тим
МЕТАЛУРГ - РЕНОВА 3:1 (2:1)
МЕТАЛУРГ:
Георгиевски 2.5
Петковски 2.5
Лазаревски 3.5
Трајчев 2.5
Вајс 3
(73' Димитровски /)
Кралевски 3
Тенекеџиев 3
Костенцовски 2.5
(81' Цветановски /)
Крстев 3.5
Илијоски 3.5
(66' Ејупи 2.5)
Костовски 2.5
РЕНОВА:
1.5 Ковачевиќ
1.5 Стојанов
2 Мемеди
1.5 Гаши
1.5 Статовци
1.5 Бајрами
(1.5 Јанчевски 67')
1.5 Османи
1.5 Нухију
(1.5 Мицков 60')
1.5 Тодоровски
2 Али
1.5 Толески
Стадион: "СРЦ Железарница" во Скопје. Гледачи: 500.
Главен судија: Љубомир Крстевски. Помошници: Панде Атанасов и Златко Стојановски (сите од Битола).
Делегат: Гоце Цветановски (Д. Хисар).
Стрелци: Крстев 36', 49' (п), Илијоски 45' (М) - Али 34' (п) (Р).
Ж. Картони: Георгиевски, Лазаревски, Трајчев, Костовски (М) - Стојанов, Османи (Р)
Ц. Картони: Трајчев 78' (М) - Статовци 86' (Р).
Играч на натпреварот: Миле Крстев.
Мечот на "Железарница" меѓу екипите кои конкурираат за висок пласман го оправда епитетот дерби. Вистински првенствен натпревар со многу борба, трчање, шанси, голови, пенали, црвени картони... Од с$ по нешто, на крајот сосема заслужена победа на Металург, екипа која има фантастичен старт во пролетниот дел од шампионатот. "Зелено-белите" како и на првиот меч во Прилеп така и на овој одиграа борбено, храбро, победнички и сосема заслужено се радуваа на триумфот.
Гледајќи го мечот до 30. минута некој да кажуваше дека Металург ќе го добие овој натпревар, никој немаше да му верува. "Металурзите" одиграа анемично, слабо со многу грешки во додавањата, со катастрофална игра во средината на теренот. Меѓутоа, нешто магично се случи со момците на Жикица Тасевски по таа 34. минута кога "гипсарите" дојдоа во водство. Пеналот во гол го претвори Али, и тогаш следуваше будење од "мртвите" на фудбалерите во "зелено". Одличниот гол со глава на Миле Крстев по додавањето на Лазаревски постигнат само стотина секунди подоцна, им даде дополнителен мотив на "железарците" дека може да дојдат до победата. Веднаш дојде и шансата за пресвртот, но Костовски не се снајде а имаше одлична шанса. Меѓутоа, вторпат мрежата на Ковачевиќ се тресеше во последните секунди од првиот дел кога Илијоски ги надмудри двајцата стопери Статовци и Стојанов и успеа да ја спроведе топката во мрежата. Со истото темпо Металург "влезе" и во вториот дел кога по само четири минути игра Илијоски одново го надмудри Стојанов, кој беше принуден со фаул во шеснаесетникот да спречува, што беше доволно за Крстевски да покаже на белата точка. Одговорноста падна на Миле Крстев, кој ја "закова" во горниот десен агол од немоќниот Ковачевиќ. Што е со Ренова? Загубена на теренот, без игра, без идеја, желба... Костов се обиде со измени, но и "резервистите" се вклопија во "сивилото". На спротивната страна залетаниот скопски тим имаше уште неколку шанси, прво одново преку Костовски тотално да го растури моменталниот лидер на прволигашката табела, меѓутоа несфатливо е што утна голгетерот на "металурзите" кој дефинитивно имаше лош ден вчера. Голманот Ковачевиќ спасуваше "четворка" во неговата мрежа по силниот удар на најдобриот поединец Крстев. С$ што успеа да стори Ренова е гредата на Мемеди во последните минути од мечот да го намали водството.
Металург знаеше што сака и сосема заслужено успеа да слави победа над есенскиот шампион. Преодни оценки во тимот на Костов заслужуваат само Мемеди и Али, останатите имаа желба, но недоволно за повеќе од пораз на "Железарница". Потфрли тимот на Ренова и несфатливо е како може за само 13 минути да прими три гола. Тоа не доликува на еден тим кој се бори за шампионската титула. На крајот вреди да се напомене дека и двата тима го завршија натпреварот со 10 играчи, откако беа исклучени Јовица Трајчев во Металург, односно Фарук Статовци во спротивниот табор.
Г. Бошев
Минута по минута...
24' - Обидот на Бајрами од слободен удар од лево завршува над голот на Металург
0:1 34' - Нафрли Мемеди од лево, Георгиевски ја изби топката од Али на десната страна, кој мина крај Лазаревски, кој го сопре со фаул, Крстевски досуди пенал. Али сигурен шутира лево доле, Георгиевски ја имаше во раце топката, меѓутоа таа "отседна" во мрежата
1:1 36' - Одличен центаршут на Лазаревски од лево, Статовци беше прекраток да расчисти, а Крстев со глава ја "закова" во горниот десен агол од немоќниот Ковачевиќ
39' - Тенекеџиев убаво го проигра Костовски, кој излезе сам пред Ковачевиќ, но лошо пласира по земја и беше лесен плен за голманот на Ренова
2:1 45' - Одново добар центаршут на Лазаревски од лево, топката стигна до Илијоски на 10 метри, кој ја смири, се заврте, шутираше по земја и го совлада Ковачевиќ
3:1 49' - Акција која ја почна голманот Георгиевски со долга топка го проигра Костовски, а овој со глава ја "продолжи" до Илијоски, кој беше поснаодлив од Стојанов, го мина влезе во шеснаесетникот, но е сопрен од стоперот на Ренова, пенал за Металург. Сигурен реализитор е Миле Крстев
66' - Колосална шанса за Металург. Тенекеџиев краде од Мемеди, влезе во казнениот простор, го проигра осамениот Костовски, кој од само неколку метри утна празен гол
74' - Крстев од слободен удар се обиде силно, а Ковачевиќ одлично и со парада успеа да спаси
85' - Се тресе гредата на Металург по обидот на Мемеди од 20-тина метри од лево
СТАТИСТИКА
МЕТАЛУРГ РЕНОВА
1 корнери 8
6/5 удари/во 3/1
16 прекршоци 18
3 офсајди 3
1/1 пенали 1/1
4 ж. картони 2
1 ц. картони 1
На натпреварот Минчо, Червар, Хари, Јонуз...
На овој натпревар, како и на претходниот присуствуваше сопственикот на Металург, бизнисменот Минчо Јорданов, кој беше во друштво со тренерот на РК Металург, Лино Червар. Во "ложата" над соблекувалните со нив во друштво беа и Харалампие Хаџи-Ристески, како и селекторот Мирсад Јонуз. Тешко дека селекторот можеше нешто да види од вториот ред, затоа што во првиот седеа "газдите" Јорданов и Идризи.
Повреда на Вајс
Сите во Металург се "тресеа" по повредата на капитенот Мирослав Вајс во 73. минута. На неговото место влезе младинскиот репрезентативец Владимир Димитровски и на крајот добро си ја заврши работата во одбраната. Вајс го повреди "листот" на ногата и денешните лекарски проверки ќе покажат колку ќе паузира.
"Сефте" за Металург
Конечно, Металург чекаше и дочека за првпат да го победи тимот на Ренова. Во досегашните четири натпревари "металурзите" имаа две нерешени и два порази и еве, конечно, вчера дочекаа да & се радуваат на победата против тетовскиот тим.
ОД ТРЕНЕРСКИ АГОЛ
ЖИКИЦА ТАСЕВСКИ
"Им честитам на сите учесници на дербито. Најмногу честитки на моите фудбалери кои демонстрираа огромна желба за победа. Покажавме карактер како и екипа, и покрај водството на Ренова, веднаш се вративме во натпреварот и успеавме да дадеме три гола. Задоволен сум од залагањето и од играта, но по овој меч треба да останеме цврсти на земја првенството е долго, н$ очекуваат уште натпревари"
ВЛАТКО КОСТОВ
"Фер и коректен натпревар во кој победи екипата која знаеше да ги искористи своите шанси. Морам да признаам дека беше вистински дерби меч во кој домашните чесно победија. Немам никакви замерки до приемот, до судењето и до играта. Заслужен пораз кој ние го признаваме".