LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Се јавив техномаркет, прво женската не знаеше шо е 3ДТВ, после ми рече не продаваме Самсунг телевизори (на насловна имаат Самсунг :tapp:) после ми вика ај почекај малце. Па откако три пати се потруди да ги тури сите апарати со нејзиното дерење : "ЈАНЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!!!", Јане дојде.

Јане: Повелете.
Јас: Сакав да ве прашам дали добивте 3Д телевизори, имаше реклами на телевизија за Самснуг 3Д ТВа.
Јане: Продадовме една 37ица, 75 илјади денари.
Јас: Нови ќе добиете?
Јане: Наскоро
Јас: А наочари одат со ТВто или мора посебно да се купат?
Јане: Нема наочари, касно е тоа за нас (мислеше рано е).
Јас: Епа како ќе го видиме 3Д ефектот без наочари?
Јане: Епа нема сигнали сеуште.
Јас: Како нема? Има некој ДЕМО диск, некое демо видео. Playstation 3ката веќе има 3-4 бесплатни 3Д демо игри.
Јане: Не сум информиран.
Јас: Фала пријатно.

Абе зошто вакви луѓе работат таму? Го жалам чоекот што дал 75 илјадарки , мада и не сум сигурен дали е биден 3Д телевизор.
Трагедии се:) Иначе и на кајгана ја има рекламата за 3Д телевизорите;)
 
Земав Самсунг Б550 40-инчен, пред да почне светсково, и сеа од коа заврши да ве прашам...има усб, ама преку него не може да се гледа филмови, туку само слики да се гледаат или музика да се слуша...е сеа, дали знае некој, има пробано или слично, дали може да се направи нешто, да се земе некој посебен дел или слично па да се гледа преку усб? прашав тука еден локален мајстор ова истово, он вика, веројатно може, немам пробано, ама ако не е испитано не ни пробувај да не заебеш се...па ако знае некој нешто, нека каже :)
 
Еве една дискусија за тоа како да го хакнеш усб-то да ти пушта 1080p видеа.
Е сега може и да зафркнеш нешто да го расипеш тв-то, може и да не ти важи после гаранцијата, затоа прави го на свој ризик ;)

И барај на гугл: Samsung B550 usb hack ќе најдеш туторијали.
 
Дечки ај ве молам кажете ми овој дали го бива, или нешто подобро за отприлика тие пари дали има? :) Фала :)
 
Дечки можеби е оф топик ама ме интересира како оди постапката кога гледаш филм преку усб на тв како да наместиш превод? дали во фолдерот да се стави преводот , но која екстензија да ја има? srt ,ssa , sub,..... Иначе станува збор за Philips 32PFL5405H/12 и никако не можам на нет да најдам кои формати на преводи ги поддржува и дали воопшто може да се стави превод.
Позз
 
Другар има LG LH7000 и преку USB кога пушта филмови преводот мора да е во фолдерот со исто име, и 100% работи ако е srt екстензија. Со други екстензии немаме пробано.
 
Дечки ај ве молам кажете ми овој дали го бива, или нешто подобро за отприлика тие пари дали има? :) Фала :)

Пријателски совет ако сеуште не е купен, избегавaј ги Самсунг, барај Панасоник и LG :)
 
Дечки можеби е оф топик ама ме интересира како оди постапката кога гледаш филм преку усб на тв како да наместиш превод? дали во фолдерот да се стави преводот , но која екстензија да ја има? srt ,ssa , sub,..... Иначе станува збор за Philips 32PFL5405H/12 и никако не можам на нет да најдам кои формати на преводи ги поддржува и дали воопшто може да се стави превод.
Позз

Јас “проблемот“ го решив со предходно “лепење“ на прводот директно на сликата од филмот. Кога преводот е посебно не го препознава под ниедна екстезија (барем кај мене)
Едноставно и брзо се прави тоа со програмчето ФОРМАТ ФАКТОРИ (го има на замунда)
 
Пуштаат бе некои 3D демоа во Техно-маркет или Нептун?

Да идеме да ѕирнеме. :)
 
Мислам дека видов дека пуштаат 3D демо во продавницата за SONY таму дијагонално од Рамстор, карши NLB Banka, позади МНТ, пред семафорите, карши Нова Македонија, под дирекцијата на Орифлејм, одма до тоа OFFICE & CO

Еве и линк со точната локација :)

Е ако некој не се снајде.....
 
Aсални 3D се или фејкерски ѓубриња? :)

Bahh who cares, и онака нема вистински 3D филмови..
 
таму дијагонално од Рамстор, карши NLB Banka, позади МНТ, пред семафорите, карши Нова Македонија, под дирекцијата на Орифлејм, одма до тоа OFFICE & CO
Е ова се вика објаснување на локација!!!!!!!!!
 
Некои мислења за поефтиниве FULLHD 32ки?

Го гледам philips 32pfl3605 - 23.990 што е во АМЦ, ако имаат на залиха сеуште...добри рецензии има, јесда не сум го видел во пракса. Исто има и LG со слични цени од LE4 и LE3.5 сериите, па затоа се мислам...

philips_32PFL3605-12-.jpg

Не ми давајте совети за поголем за само 6-7к плус, бидејќи ова ми е за во соба и не ни можам поголем да ставам...очи ќе расипам. :)
 
НИКАКО ОД АМЦ! што и да е!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom