LCD телевизори

  • Креатор на темата Креатор на темата VINO
  • Време на започнување Време на започнување
Немам појма немам барано......провери по местата каде што продаваат телевизори...АМЦ,Техно Маркет,Нептун и сл.
 
планирам сега да земам некој ЛЦД телевизор најмногу ради светското, а и ради тоа што, тој шо го имам дома е за никаде, а и плус затоа што од кабловската пробуваат уште дигитална телевизија, па сите програми кои ги имаат сега за сега се без пари, ама не можам да ги гледам на сегашниот тв без ресивер, а би можел со нов ЛЦД. е сега, планирам да земам некој Самсунг од 32 или од 36 инчи, зависи до парите шо како ќе најдам...прашањето ми е, братучетка ми слушнала дека во нептун има плати 1 - земи 2, а затоа шо се неам завртено во Скопје доста време, ме интересира дали ова постои и дали уште трае, со оглед на тоа шо страната не им работи? ако не, дали знае некој некоја инсајдерска информација од продавнициве дали ќе имаат некои акции и намалувања пред светското првенство??? го прашувам ова со цел, да не се избрзам, да земам нешто денес, а утре за истите пари да има 4-5 инчи поголем :)
 
планирам да земам некој Самсунг од 32 или од 36 инчи
земи од 36!!!!! инчи
 
абе брат, тоа фала богу...пишав од 32 само ради тоа шо не знам колкави се разликите во цените меѓу тие два, иначе зашто би земал помал?? :)
него дај за другите прашања ако знае некој нешто да каже? :)
 
Земи Панасоник, генерално се подобар избор од Самсунг без размислување.
 
абе брат, тоа фала богу...пишав од 32 само ради тоа шо не знам колкави се разликите во цените меѓу тие два, иначе зашто би земал помал?? :)
него дај за другите прашања ако знае некој нешто да каже? :)

36 инчен ЛЦД телевизор нема баш, затоа Костак саркастично ти препорача да земеш таков. Земи си 37 инчен :)
 
Зедовме LG LCD 42" таман за светсково од Нептун, громои е. :)
 
Samsung b550 моментално е најдобра опција за квалитет/слика/цена... го имам гледано во Техномаркет, ги натерав продавачите да пуштат иста слика на различните модели, Самсунгот има најдобра оштрина, агол на гледање, контраст бла бла бла...
 
Вака ми донесоа Sony BRAVIA BX300..на кабловска сликата е срање на усб то не ми пушта видео формати иако пишува дека пушта,е сега го приклучувам со сателитската што го имам ама со обичниот кабел како на претходниот обичен тв сликата подобра е ама некако не ме радува ни таа, ресиверот е ONYX на кутијата пишува дека е дигитален тој ресивер, е сега дали ке ми треба посебен кабел нешто помош ќе ве молам не се разбирам многу многу
 
Ме интересира дали телевизорот GRUNDIG "VISION 6 32 6801" (32 инчи) има можности да прикаже дигитален видео сигнал од кабелскиве? Сакам да земам дигитален пакет па да не давам пари џабе, да видам прво дали има такви можности

најдов некои линкови
http://www.kameleon.rs/tv-lcd-grundig-vision-6-32-6801-22834-c235-view.htm
http://betterlifeuae.com/product_info.php?cPath=81&products_id=259
на едната страница пишува дека нема дигитален тјунер, на другата дека има влезови за дигитален видео сигнал

не се разбирам :kesa: па не знам кај да барам таков податок у спецификациите
 
не гледај по нет туку дирекно таму кај што си го гледал барај или на кутијата или во проспектот треба да има DVB-C ако сакаш да гледаш дигитална на кабелска,инаку поголем дел имаат дигитални ама тие се DVB-T а тоа ти е за обична антена а не за кабелска
 
Пишува дека има можност преку скарт излезот. На крај краева ќе пробам, ваљда ќе има некоја разлика. Ок, фала дац_куфер
 
Пишува дека има можност преку скарт излезот. На крај краева ќе пробам, ваљда ќе има некоја разлика. Ок, фала дац_куфер

абе дигитален може секој телевизор,ама финтата е да има вграден рисивер зошто треба да купиш рисивер кој кошта +2000-3000 ако е обичен,а ако сакаш HD што најверојатно сакаш за тој телевизор те кошта 7-8 илјади за тоа ти викам да си бараш со вграден DVB-C и не се замараш
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom