Денес (веќе вчера
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
) го земав
ова.
Прашање 1.
Дали е добра серија и колку е нова серијава.
Прашање 2.
Вика дека бравија енџин 2 (појма немам што е ова и каква е разликата со кецот ) си брка сам работа и си подесува автоматски (брајтнест, шарпнест, колор...) спрема условите (светлината) во собата. Дали е точно ова или треба и мануелно нешто да сетирам за подобра слика?
Прашање 3.
Кој формат на филм преку УСБ приклучокот можам да гледам? И дали има потреба од дополнителни сетирања?
Прашање 4.
Дигиталниот тјунер ги најде сите канали од БУМ ТВ ама се кодирани, дали националните ТВ станици во скоро време ќе ги пуштат фри ту аир? Колку што знам така нешто се договараа за да се сложат овие да ги реемитува БУМ ТВ.
Прашање 5.
Имам Макс Тв од т-хоум, и на стариот ТВ кога си гледаш телевизија (локални преку антена) и го вклучиш Х- боксот автоматски се префрлаше на AV, а сега морам да идам да бирам хдми - 1 за да гледам тв од Х - боксот.
Дали може да се сетира нешто за да кога го вклучам Х - боксот, автоматски се префрли на слика од хдми - 1 приклучокот.
Се надевам не се премногу глупи прашањава :kesa: и однапред благодарам на дадените одговори.