Треба ли нов студентски дом во Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата GUSAR-VMRO
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде да бидеме реални малку. Вистинскиот проблем е што никој од надлежните се нема заангажирано да потегне некоја ваква иницијатива, да се стори нешто конкретно за да се подобрат условите за сместување на студентите.

Најголемиот проблем е тоа, занемарете ги штетите, начините на наплата, гаранциите... сето тоа тоа би можело многу лесно да се регулира.

Проблемот првенствено е во студентите, понатаму преку студентските организации, нивните раководства и претседатели кои треба да извршат притисок врз оние од кои што зависи ова.
Значи треба да дејствувате конкретно, а не само да се изразува револтот од лошите услови додека се цврцка црвено винце во тесната студентска собичка во цимерски муабет кој ќе остане на масата и нигде подалеку од неа.
 
Не знам за другите, ама јас додека студирав бев толку демотивирана. И што ако завршив ниту таму МК можев да работам како инженер ниту овде СРГ. Овде поготово го нема смерот јас што го имам завршено, па морам да земам друг смер ако сакам како инж. да барам работа, а ако тоа не го направам сум како без школо. Кога ќе видиш од сите страни сардисана.
 
NE DA TREBAAAAA!!!
Ako se znae deka smestuvanjeto sekoja godina e horor za studentite od strana!! Ako se znae deka politickite partii si pravat kampanji so mestata...

Не напротив не треба уште студенстски домови, подобро владата да вложи во земјоделието и стопанството, да ги подобри условите надвор од скопје и таму да останат провинцијалците, и да се извозуваат производи(башка ке можад да прават поише пари и од тие со факултет), а не сите дошле у скопје и сите факултет ке завршат и што... сите шефови... па кој ке работи како ке напредуваме така цела популација со факултет (кој и кога ке го завршиш , ништо незнаеш)
 
Не напротив не треба уште студенстски домови, подобро владата да вложи во земјоделието и стопанството, да ги подобри условите надвор од скопје и таму да останат провинцијалците, и да се извозуваат производи(башка ке можад да прават поише пари и од тие со факултет), а не сите дошле у скопје и сите факултет ке завршат и што... сите шефови... па кој ке работи како ке напредуваме така цела популација со факултет (кој и кога ке го завршиш , ништо незнаеш)

^Напротив, дури и тие кои планираат да се занимаваат со земјоделство(во конкретниов случај) треба да студираат - на земјоделски, се разбира. А потоа со стекнатите знаења ќе можат да произведуваат квалитетни производи(и не, не се секирај, таквите веројатно не би останале во Скопје). А дека неможат сите да бидат шефови, се согласувам.
Од друга страна, има финансии кои би можеле да се инвестираат во земјоделството и стопанството, но најчесто тие пари завршуваат или во туѓ џеб, или за глупави проекти.

А за нов студентски... да, треба, но приоритет треба да е реновирање на веќе постоечките со цел подобрување на условите за живот. Мислам дека е навистина деградирачки еден тоалет да го користат 20 (и повеќе) луѓе.
 
Прво старите нека се рушат сите од корен,па нека се градат нови :smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom