Serpico
Сковинистратор / I'm Batman
- Член од
- 25 јануари 2007
- Мислења
- 11.166
- Поени од реакции
- 691
Зборувавме за Кутриот Јас.
Сега сакам да подискутираме за еден друг тип на луѓе, чие битисување би можело да се смести во категоријата - Застрашувачи!
Насилни его-центрици со суета до плафон, знаат само еден начин на решавање на работите а тоа е нивниот начин. За несреќа на останатите, нивниот начин подразбира психофизичко малтретирање на својата поблиска околина се до остварување на замислената цел, која пак најчесто е крајно хедонистичка.
Секогаш имаат џокер во ракавот... ако за Кутрите тоа беше емпатијата, за застрашувачите е сосема логично - стравот.
Што можеме пак, со нив? "Пусти будалу"? Ќе им објаснуваме дека не е во ред да се практицира наметнатиот а не стекнатиот авторитативен систем? Или, кај што има сила = нема правдина?
Јас со ваквите луѓе се справувам на различен начин. Еден од ефикасните е да не се справуваш со нив, туку елегантно да ги изигнорираш. Сепак, доколку продолжат со својата песна, обично се подбивам со нивните изјави давајќи им до знаење дека нивните проповеди не допираат до мене и уште повеќе, се помалку веќе видени и благопатетични.
Најчесто, никако не им удоволувам. Освен кога од "застрашувачи" ќе преминат во "кутар јас", па ме фаќаат на сентименталност