Постанокот на Универзумот
(тема посветена на skrstevsky :smir: )
:smir:
Како настанал Универзумот?
Дали тој воопшто има свој почеток?
Дали тој случајно се самосоздал или пак зад него стои Бог?
Кое е вашето мислење?
Јас, како христијанин, сметам дека Бог го создал Универзумот.
Имам повеќе аргументи за своето убедување, но ќе започнам со тезата дека: Бог е најдоброто објаснување за почетокот на Универзумот.
Ова би го сролал на следниов начин:
Единственото нешто кое во целост ко објасува настанокот на универзиумот е Бог. Тоа ни е дадено и наше е да го прифатиме, но може да го прифатиме со резерва бидејќи и науката се труди да објани..НО додека да објасни наше е да го прифатиме она што го имаме.
1) Се што почнува да постои мора да има своја причина.
2) Универзумот има свој почеток. (15-20 милијарди години)
3) Затоа Универзумот има своја Причина.
Староста на универизумот е толку колку што е. НО пред да се создаде универзиумот имало нешто.... Огромно количество на енергија собрана на “мал“ простор кој почнал да експандира и го викаат Биг Бенг. А колку време бил Б.Б. како таков не се знае, барем јас немам сретнато таква информација. Тука е почетокот на нештата, според науката. Според Религијата еден е Создателот и ние сме Негово дело.
1) Првата премиса следи дирекно од законот на каузалноста. Последицата е почетокот на новото постоење. Но дали може Причината да произведе Последица, ако таа Причината сеуште не постои?
Без причина, нема дејство, нема последица. Причината на постанокот е Б.Б. Причината за негово случување е голем притисок во центарот и неговата околина. А причината за негово создавање и опстојување низ времето е енигма......овде нема што да се каже, ќор сокак за научниците.
За да бидам на едно рамниште со твојата мисла која не е лесна за разбирање:
Светот е причинет и неговата причина е без почеток и крај, значи светот е вечен. Ова се однесува како на последицата така и за причината. Ако причината не се менува, тогаш не може да се менува ниту последицата. Светот нема свој почеток, вечен е како времето. Светот нема крај. Ова што сега ние го имаме има почеток, но она што било претходно нема почеток и нема крај. Ние сме неговата последица.
Само појасни си/ми ја мислата, која ти е Причината, а која Последицата.
П.С. Светот го поистоветувам со општо постоење на нештата, на СЕ ! Значи по крајот на нашето постоењемостанува нешто да опстојува. Тоа “нешто“ го мапишав како свет. За да не бидам разбранпогрешно оти е контрадикторнот малце.
2) Втората премиса е добро позната. Универзумот не е вечен. Спротивното тврдење се судира со Вториот Термодинамички Закон. Тој вели дека со текот на времето ентропијата (мерка за неред) расте, а потенцијалната енергија со која може да се изврши некоја работа се намалува. Па така ако универзумот би бил вечен, сите ѕвезди, вклучувајќи го и нашето Сонце би требало многу многу одамна (бесконечно минато време) да согореле т.е. топлотната смрт требала да се случи многу одамна.
Универзиумот има свој почеток и крај. Крај нема Причината за неговот постоење, крај нема Причината на Последицата.
Водородот е горивото на ѕвездите. При неговото согорување во јадрата на ѕвездите тој ослободува температура од 30.000 степени и во овие нуклеарни реакции (фузија) тој се претвара во двапати потешкиот елемент хелиум. Со тоа водородот неповратно се троши. Процесот е иреверзибилен. Тоа се случува во нашето Сонце и во сите други ѕзвезди.
Било каков модел и хипотеза да избереме која ќе тврди дека Универзумот е вечен ќе се судри со Вториот Термодинамички Закон и со проблемот на сеуште присутниот водород во ѕвездите и нивното светење, затоа што доколку претпоставиме вечно минато на Универзумот, како последица добиваме дека топлотната смрт на Универзумот требала да се случи далеку во минатото, а денес се да е темно, раширено, во движење, но ладно...
Исто како она што го напишав погоре. Последицата има Почеток, а има и Крај. Вечност Универзумот нема, тој е временски растегната последица која тера одредено време, која се/ќе се< повторува во зависност на природата на Причината, т.е. причината за создавање на Причината, на вољата, на желбата.
Но не е така...сеуште има водород, сонцето и уште милијарди други ѕзведи сеуште светат. Следува дека Универзумот има свој почеток, а со тоа има и причина за своето почнување... теистите велат дека таа причина е Бог, а атеистите збунето креваат раце
^^^
На теистите им е послесно. Она што им е дадено на сите го прифатиле како такво. Атеистите, нека му ја мислат како да ги докажат своите тези, кои не се убедливи бидејќи не опфаќаат се.
Без конкуренција, една од најпознатите и најприфатените теории за настанокот на универзумот е теоријата [FONT=fixedsys,arial black]Биг Бенг[/FONT] (Големата Експлозија). Теоријата вели дека таа експлозија се случила пред 15-20 милијарди години, иако е тоа пред огромно време, сепак е конечно.
Да. Б.Б. има свој почеток, но Причината е во вечноста, да не се повторувам ќе се задржам на Б.Б. и на обајснувањето за тоа дека ние се наоѓаме на една од две паралелни плочи во 10 димензионален систем.
Прво ќе почнам со 10 димензионален систем кој има некоја врска со Почетокот, односно Последицата.....
- Овие 2, 10 димензионални плочи осцилираат и меѓусебно си дејствуваат. Како почнуват осцилациите, така тие се зголемуваат по амплитуда и по фреквенција. Со зголемувањето, се “разнесува“ материјата на плочите, се изретчува и згуснува. Со згуснувањето се создаваат галаксиите, т.е. со разретчувањето се создава меѓугалактичкиот простор кој се менува. Овие осцилации се намалуваат, што не носи кон крајот на постоењето се додека не почне повторно осцилирање и ново создавање, а за ова Причина (за почетокот) повторно нема, се е оставено само на себе, спонтано, што некако не е издржано......накратко.
Биг-Банг-от:
Биг Банг-от е погрешно разбран иако е точно пласиран. Имено, се вели дека се почнало во една точка, која била преееполна со енергија, која експлодирала и почнала со експанзија. Ова е погрешно. Б.Б. бил насекаде. Причината за негова експанзија ја наведов погоре - притисок на внатрешноста со периферијата. Еве пример: Сите галаксии се движат и се приближуваат едни кон други., што би довело до т.н. Вселенски судир, метеж. Ова е исто како да замислиме дека се намалува површината Земјата со сите автопати (вселената), но возилата (галаксиите) остануваат на својата стандадна големина. Последица: Возилата ќе се натрпуаат браник до браник и Ништо не може да ве спаси од него бидејќи е на Секаде во исто време ! Слично е со “Космичкиот (вселенкиот) метеж“, Б.Б. го “решил“, “расчистил“. Б.Б. не бил експлозија на тока во просторот, туку експлозија на самиот простор. При ова се менува само просторот помеѓу галаксиите, а нивната големина не се менува иако просторот експандира. Овде има 3 теории за експанзијата: Или се намалува вселената, или сме во ограничен простор - конечен, или е шириме. Докажано е дека се шири вселената, а видливата граница е 14 милијарди светлосни години. Значи на фотонот му тра толку време да стаса до нас, т.е. на светлината и терба толку време. Сликата што ја добиваме е историја...гледаме во минатот (ова чисто..онака го напишав, последнава реченица).
3) Третата премиса е логичка импликација од првите две.