А знаеш ли зошто бевме означени како една од најризичните зони за инвестирање како што уште најверојатно сме?Па и од авион се гледа дека тоа е невидена фарса со години подготвувана и форсирана од Македонските олигархијски кругови,всушност сите негативности за нас започнуваат со нив,кој одкако ќе се осигураат дека никој нема повеќе да им бара потекло на имотот,да ги затвора во Шутка и Идризово,да ги уценува нивните најблиски за криминално стекнатите пари на нивните родители се впуштаат во погон и практично преку ноќ наоѓаат инвеститори во бизнисот сега дури и премногу заинтересирани за соработка иако до вчера не сакаа ни да чујат за Македонија како дестинација.Земи го примерот со Мајлстон и Зегин или Кока Кола со Скопско па и Пепси или Пригат со Прилепско пиво.Мислиш ли дека Охис не можеше да најде странски партнер,или само се чекаше моментот што ќе биде со неговиот директор,да не зборуваме за Тутунски комбинат Прилеп кој беше гигант за Европа или за 11Октомври фабриката за воена опрема,или еден Пролетер-Прилеп кој продуцираа олигарси чии деца денес се министри во оваа влада.Па биди реален бе,мајкаму стара,кога веќе ме влечеш за збор,дали некоја странска фирма би инвестирала кај нас доколку сознае дека бившиот директор или неговите деца сакаат да останат газди на фабриката се разбира со над 51% а тие само би вложиле пари во секогаш алчните и спремни за таманење пари стари сопственици на акциите кој вртоглаво растат на Македонската берза како никаде во светот се додека не се почуствува колку некој некого влечел за опашка.Знаеш ли дека Македонскиот Телеком е убедливо најуспешна подружница на ДојчеТелеком во светот,си се запрашал ли како е тоа можно во едни вакви општо познати "неповолни" услови за инвестиции.Кога ќе го најдеш одговорот на дел од овие суштествени прашања се надевам дека ќе ти се разјасни зошто Македонија е означена како неинтересна земја за вложување и кој ја форсира како таква.Тогаш сигурно би ти се разјаснило дека Олигархијата е таа која ни го крои чункот нам на 2 милиони народ кој практично е беззначајно дали ќе биде примен во ЕУ или ќе има либерален визен режим.