Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Пред 2 недели ми цркна старата графичка, и после тоа земав нова Geforce gt210 и се појави проблем. Фино лепо го ставам компјутерот во standby и после тоа кога ќе го укључам компјутерот кукиштето се во ред си работи, а мониторот никако да се укључи и уште си стои во standby . Чареее
 
Чарето е многу лесно и едноставно - Не користи Stand By!

Таа функција на Windows оперативните системи одсекогаш била преполна со багови и грешки, а и на десктоп компјутер не гледам никаква причина зошто би ја користел. Мене компјутерот ми гори 24/7, па си гасам монитор кога легнувам, а ако сакам да го исклучам, мавам ShutDown. Проблеми = 0
 
Здр. Прашање : Имам Двд режач , но и проблем , ми чита само цд а двд несака . Нема двд диск ми вели . Што да правам .? :toe: позз
 
проба ли со друго двд цеде? можеби време е за нов режач..
 
зашто ми вриштат звучниците на лап топот кога ке пуштам на најгласно?? се слуша како фонија...
 
зашто ми вриштат звучниците на лап топот кога ке пуштам на најгласно?? се слуша како фонија...

Ти правело и порано така или од пред некое време? Види преку Windows-от да не си ги накачил до 100%.
 
па кога ќе ги накачам на 100 % тогаш пишти,инаку една недела има што ми прави вака...
 
mrFresh ima problem so laptopot zaboravil da go navede toa :)

Нека го исклучи лаптопот, нека ја извади батеријата и нека притисне на power дугмето едно 5-6 пати. Ова ќе му помогне на лаптопот да ја испразни сета струја од него и ќе го реши проблемот со усб портовите. И не се секирајте, ова е честа појава кај лаптопите поради начинот на кој што работат (постојано се под напон, од батеријата нели).
 
blagodarime :)
 
Значи вака сега.Имам проблем со една програма.Кога ја користам процесорот го искористува 100% иако реално не би требала да искористува ни 30%,а сето тоа нормално е проследено со ненормално кочење и никакви услови за користење на програмата.Програмата бара минимум 500 MHz процесор,а во моментов се користи Intel Celeron 3.06 GHz.Разбирам дека целероните се ѓубре и дека за *** не ги бива но да не може да се работи нормално на таква програма е смешно.Сепак имав сличен проблем со мозила но мојот компјутер.Ми го искористуваше процесорот 100%,а имам Intel Dual core 2.2.Имам сомневања дека станува збор за софтверски проблем.
 
А таа програма да не е нешто за порничи штом се срамиш да ни ја кажеш по име? :pos2:

Многу е возможно да имаш закачено вирусче некое, ама без информација за која програма станува збор, толку можам да ти помогнам.
 
Прати слика од Процесите.. ( Task manager, Processes )
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom