Првата е тоа што со конфигурацијата на лаптопов ми следуваа мене 160 GB HD место,но откако го земав видов дека поделен ми е на 40 и 110,што значи = 150 GB HD и мислев дека ме сјебале и си се помирив со тоа дека сум у минус со 10 GB.Но сега кога почнав да инсталирам Убунту на определбата за партициите ми се појави дека јас уствари имам 160 GB HD.Е сега како може Windows-ов да не ми ги познава тие 10 GB и дали може нешто да се направи,а да не се малтретирам со формат,само работа да си отварам??
Накратко: помири се со тоа.
Иако "проблемов" е од хардверско потекло (во хардвер лежи повеќе, јас сум повише по софтверот) ќе ти дадам и логично образложение:
1. 160GB ти покажува пред форматирање а самото форматирање користи дел од Хард Дискот за бут секторите и FAT/NTFS системот на форматирање. Значи он ги резервира за себе и само за себе, тебе не ти дава да ги видиш воопшто. Што поголемо е ХДД-от, толку повеќе резервира.
2. Вториот проблем се ствара кога ќе се земе во предвид дека технички 1GB е 1024MB. Арно ама, производителите често продаваат Хард Дискови во кои пресметката за капацитетот ја вршат со пресметка на 1GB како 1000MB. Windows-от не работи така, он си пресметува со 1024.
Значи хард диск од 160 гигабита на Windows ќе се прикаже како хард диск со капацитет од 156.25 ГИГАБАЈТИ. Тука одземи делови од првата точка + што повеќе партиции имаш толку повише остава празен простор измеѓу партициите... Појасно ти е сега верувам.
Линуксот само ти го прикажува како 160 гигабита веројатно. Јас имам и линукс и по некоја случајност 160 гигабита хард диск на него и погоди... 149.46 гигабајти кои можам да ги искористам, другото е отидено во неповрат, само на налепницата на дискот го пишува.