Помош, проблеми, прашања, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата StenmarC
  • Време на започнување Време на започнување
Помош!
Имам DVD режач Philips SPD2414T и едно дата двд цд ми снима за цели 45 мин. Ептен е многу.....на лап-топот кога снимам исто такво го снима за максимум 10 минути....Па сега кој се разбира повеќе нека пише дали до режачот е или пак нешто друго софтверски.
п.с. ги испробав сите верзии на неро :toe:
Каков режач користиш на лап-топот?
Hint: Можеш да ја подесиш мануелно брзината на режење со Nero.
 
Имам ЛЦД монитор 15 инчи, и го фатив горе и да го поместам се скрши горниот дел. по средината имам бела линија, горе на тоа место кај што го фатив ко искршено стакло е, на некои места има црни плочки, само по краевите во долните ќошеви е ко што треба. Сеа, како иде поправката на тоа и поевтино ќе ми се фати да го поправам или нов да земам?
 
toni_zver со која брзина режеш ?

на максимална го носам и пак исто е

--- надополнето ---

Каков режач користиш на лап-топот?
Hint: Можеш да ја подесиш мануелно брзината на режење со Nero.

TSSTcorp DVD+RW TS-EL 632H
иначе брзината ја местам мануелно ама пак исто е...
 
Имам ЛЦД монитор 15 инчи, и го фатив горе и да го поместам се скрши горниот дел. по средината имам бела линија, горе на тоа место кај што го фатив ко искршено стакло е, на некои места има црни плочки, само по краевите во долните ќошеви е ко што треба. Сеа, како иде поправката на тоа и поевтино ќе ми се фати да го поправам или нов да земам?

15-ка екран за лаптоп е некои 100 евра. Така да најпаметно ќе ти излезе нов да земеш. За исти пари поголем и поквалитетен ќе добиеш.
 
Имам ЛЦД монитор 15 инчи, и го фатив горе и да го поместам се скрши горниот дел. по средината имам бела линија, горе на тоа место кај што го фатив ко искршено стакло е, на некои места има црни плочки, само по краевите во долните ќошеви е ко што треба. Сеа, како иде поправката на тоа и поевтино ќе ми се фати да го поправам или нов да земам?

Оштетена LCD матрица не се поправа. Нов!
 
Што се вклучува одржување на кулер на пц? Дување од прашина знам, за подмачкување такви ствари како иде тоа? Пасти, масти што знам...
 
Вентилаторите ги отварам му ставам мека маст за подмачкување, така се потивки одреден период. Зависно од квалитетот на маста и нормално квалитетот на самиот вентилатор, писксните ротор статор..
Радијаторот само чистење прашина и наслаги, така во одредеи временски периоди, кога сум изнадуван, си чепкам..:)
 
А шо пари е маста?
 
дали оваа графичка е уба за тие пари?

HD5750=HD4850, + DX11, помалку влече струја, помалце испушта топлина, така да, HD5750 ти е подобар избор од 4850-ката. Иначе добра карта е, ја имам таква, сите игри на high/very high на 17 инчен монитор (:kesa:). Но, веќе е тешко да се најде, а карта идентична на таа е 5750, како што кажав, со некои подобрувања.
А иначе да не сакаш случајно да ја ставаш на сегашниот Pentium D?????
 
Aбе да давав јас пари ке ја земев онаа другана ама ке ми ја носат од франција роднини и затоа.Иначе да дур не купам квадкор ке останам со овај пентиум :D.
 
Имам проблем со мониторов...:S
17' LCD acer, у последно време поточно последниве два дена се менува бојата, т.е. од нормална боја станува се поцрвена и поцрвена, дали ова може да е афектирано од страна од некои магнети, затоа што имам голем звучник до компјутерот...(не сум сигурен ама можно е затоа што нели на CRT се јавува тоа, или пак на телевизор...), ако може некој да помогне, или е време за нов монитор?
 
Хард Диск од 1 Тера КолкУ Пари е ? Ама Во Нико Ја гледав на Нивната Страна ама некако Дојде до Збунки Видов од 1.5 и беше 7500 а не најдов од 1:)
???
 
Добро што може да му е на двд-режачов...чита цд Windows Xp, а ниедно друго не чита...Може ли да е некој вид вирус?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom