Кои земјоделци? Постоеше нешто ситно, многу расцепкано и со ралник земјоделство. Главнината беше во ЗИК-овите. Сета подобра земја и добиток беа одземени. затоа дел од селанството и се исели, кој странство, кој во Скопје. За успесите на земјоделството се виновни видеожурналите пред секоја кинопроекција.
Индивидуалното земјоделство барем во Македонија беше екстензивно, еднакво на производството во кралство Југославија или порано. Да не беа големите комбинати тешко ќе ги снабдувавме другите републики со земјоделски производи. Тие беа носители на планското земјоделско производство. Се друго после војната се конфискува или национализира. Преѓеска реков, подобро да не се отвора муабет за тој период пред 60-тите години, тежок спомен е. Качени на магаре бегаа пред милицајците од Струмичко Градошорци за Скопје, како најдолна банда. Зошто? Оти не само што им ја зедоа земјата и стоката туку требаше да рмбаат на истата и сет приход да оди во државата. Нешто полошо од турско. Доста е потсетникот на тоа време од 50-тите, маки видоа луѓето. Јас кога зборам за добро време, мислам за од негде земјотресот скопски па до некоја година пред смртта на Тито.
Иако едниот дедо го протераа од земјата, другиот од куќата, пак не сакам да плукам, релативно добро беше, мирно време, бесплатно здравство и слично.