Дали се живееше подобро пред осамостојувањето?

Кога се живееше подобро?

  • Вкупно гласачи
    92
Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
Би требало да ја разбереш оваа поента на АТОМ-АНТ, па потоа размисли за смешката.
pa razmisli ti,Slovenija prva sakase nezavisnost,i i se e.ba mamata na cela SFRJ,i toa so teski i krvavi vojni.patriotite togas bile za YUGOSLAVIJA,a ne za MAKEDONIJA.tie sto bile za Makedonija,bile i neprijateli na Yugoslavija,t.e.bile protiv SFRJ so Makedonija vo nea.,a RM posle mnoooooooooooooogu vreme svoja drzava oformi bas vo SFRJ.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Епа мојот дедо беше ПАТРИОТ па го затворија,тој не беше да се растури Југославија туку беше за слободна Македонија.И покрај сите маки во животот,го тепале и измачувале во Идризово па и потоа му правеле разноразни местенки тогашните агенти на КОС сепак тој сите ги надживеа,умре горд на 98 години!

Епа дедоти убава прикаска ти раскажал ПАТРИОТ местен по комунистички затвори па на слобода и пак местенки и згора на тоа доживеал 100 ка
браво за твојот ДЕДО РАМПО
 
po muabetive ispaga deka togas zatvorite bile polni se so nevini zatvorenici.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
pa razmisli ti,Slovenija prva sakase nezavisnost,i i se e.ba mamata na cela SFRJ,i toa so teski i krvavi vojni.patriotite togas bile za YUGOSLAVIJA,a ne za MAKEDONIJA.tie sto bile za Makedonija,bile i neprijateli na Yugoslavija,t.e.bile protiv SFRJ so Makedonija vo nea.,a RM posle mnoooooooooooooogu vreme svoja drzava oformi bas vo SFRJ.

АТОМ-АНТ многу духовито ти ја долови поентата произлезена од желбата и залагањето на дедо му, без притоа да навлегува во она што се случуваше во Југославија во деведесетите години.

Кога зборуваме за подоброто живеење во СФРЈ, можеме да заклучиме дека истата таа Словенија најубаво живееше во СФРЈ и имаше највисок стандард. Тогаш зошто побара раздружување?

Во крвавата војна при распадот на Југославија немаше патриоти туку имаше изманипулирани млади луѓе кои им беше всаден некаков југословенски дух, кој за кратко време се угаси и сите тие си отидоа во своите тогашни републики и продолжија како Словенци, Срби, Хрвати итн.

Тие што биле за Македонија, не биле непријатели на СФРЈ туку само сакале Македонија да си го добие она што го заслужува и да и се исправи историската неправда која до ден денешен не и е во целост исправена.

Во рамките на СФРЈ Македонија доби само на еден дел слобода, но не на поклон, туку сама си ја заслужи, а заради тогашните прилики не успеа да ги ослободи и останатите делови, така што никој не и даде на Македонија слобода, напротив со свои борци помогна во конечното ослободување на СФРЈ, што не е случај обратно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
po muabetive ispaga deka togas zatvorite bile polni se so nevini zatvorenici.
Ако почнеме да навлегуваме во тие затворања, пресуди...малку поинаква ќе излезе сликата за тогашниот систем. Затоа и не го споменав тој дел од историјата на сфрј. А одговорот е да, според тоа кои беа ...казнувани. Ко веќе кажаа за претците еве, дедото кондураџија, го затворија, му зедоа куќа и цели 5 златници и ги набркаа во буквално шупа. Настанот е од педесеттите години во Битола. А од политика ниту тогаш ниту понатаму имал врска. Кондураџии, занаетчии...

Али реков ако ова се рчне со затворањето и национализацијата се навлегува во малку пошироки води на муабет, истовремено и со доста контрадикторности и расправии па на крај ќе излезе дека тие наши претци настрадале во педесеттите за ние после тоа, во 60-тите и почетокот на 70-тите да имаме мирен и задоволителен живот. Ќе се отворат доста рани во тој контекст па затоа би го преќутел тој период:smir:.
 
Сталин

Висарионович
Член од
24 декември 2008
Мислења
239
Поени од реакции
11
Да се обидеме да бидеме реални...
Југославија не беше до толку моќна и развиена држава. Тоа е факт. И да тргнеме од тоа.
Политички права и слободи - никакви. Не е дозволена критика на системот, и на поединци од истиот, но сите други слободи се тука...Криминалитет на многу ниско ниво, како и во сите други комунистички држави.
Сопственоста на фирмите - општествена, значи сечија и ничија...уникат беше во светски рамки. Фирмите константно во загуби, па демек план прават за излез од ситуацијата, банките даваат кредити кои никогаш не се враќаат, оти нема од што...превработеност...
Кој ги памти боновите за бензин од 80-тите и рестрикциите на струја? Тоа...зошто Милка Планинц не обезбеди девизи да се купат...
Е сега за обичниот социјалистички трудбеник од тоа време...имало живот...
Платата иде на први...ама со неа на пр. нема што да се купи...Ги паметите ли редиците насабајле за леб и млеко, па празните рафтови во продавниците??? И, како спротивност на нив преполните продавници со ИСТ производ кој не се троши?
Затоа...ги направивме луѓе Бугарите и Грците...
Одмор на море во Грција, шопинг во Солун, Софија, Петрич, Сандански....Црно море...Купување бела техника и Аудио и ТВ по фри шопови....
Не беше до толку розово како што некои се обидуваат да кажат...платите не беа толку многу високи...пак луѓето одеа по Швајцарии и Германии...према западот пак си бевме чергари.
Се радувавме како деца на лименка Кока Кола донесена од Грција...
За разлика од другите комунистички држави, во Југославија слободно се доаѓаше до пасош.
Се во се...минато...
Во право се некои кога велат дека на човек никогаш не му е доста. Имаше плати редовни, со нив можеш да си дозволиш се потребно за среден финансиски живот, здравство ти е платено, имаш мир во државата и добра безбедност. Немаш потреба од кредити и големи сметки кои треба да вадиш кредит за да ги платиш, се можеше да си дозволиш. Во Југославија беше така. Кога се ти е добро имаш ли потреба да создаваш партија со нова идеологија? Администрацијата на Тито го водела тој систем бидејќи виделе дека тој систем добро функционира и народот добро живее. Е сега голема работа ако немало Кока Кола или Милка.
Спомнуваш дека западот бил многу по модерен од Југославија. Можеби имало производи од цел свет, но Франција, Германија или Шпанија и Португалија беа како денешна Македонија, сиромашни, бидејќи таков е раниот капитализам. Затоа ние денес сме сиромашни како и сите поранешни југословенски држави, бидејќи кај сите тие држави капитализамот е во развиток и сеуште не поминал во пракса.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346

Сталин, се читаш ли што пишуваш????
Германија, Шпанија, за Франција да не ни спомнувам, беа економски ГИГАНТИ во однос на СФРЈ, така да муабетот ти е во најмала рака смешен.
Кога тие го поминале раниот капитализам, просторите на СФРЈ беа уште во феудализам.
Системот неможеше да опстане никако.
Имаш пазар, но во планска економија...каде е тука понудата и побарувачката во услови на планско производство?
Имаш култ на личност, и што кога ќе умре диктаторот? Во овој случај Тито? Распад...
Што е тоа се што во СФРЈ можеше да си дозволиш? Ништо...и тогаш за една кола треба да штедиш 5-6 години...ама кредити...и затоа се отиде бестрага 1991 (банкарскиот систем).
„Црвената буржоазија“ национализираше и од планините се преселија во куќите градени со труд, кои без пари станаа нивни и изиграваа демек борци.:pos2:заслужни граѓани. Смешки...
И да...има потреба од искоренување на злото наречено самоуправен социјализам од главите на некои кај кои уште веруваат дека било добро, а не живееле ни минута во тоа време и има потреба од повеќе партии заради избор, за да нема диктатура.
И...капитализмот си постои оддамна и си функционира...социјализмот излезе дека е обична глупост на баграта слезена од планините желна за леб без мотика.
 
ogledalo

провинцијалец
Член од
12 мај 2008
Мислења
3.198
Поени од реакции
174
ако се живеше подобро во диктатура..тогаш плачипички не кукајте за демократија!
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
ако се живеше подобро во диктатура..тогаш плачипички не кукајте за демократија!

Еј сакаш да кажеш дека денес има поголема демократија ??

Не зезај човече, па денес народот е жртва на неспособни политичари, во СФРЈ Љубчо, Ахмети, Тачи и слични ќе ги немаше.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.887
Поени од реакции
12.421
Немаш потреба од кредити и големи сметки кои треба да вадиш кредит за да ги платиш, се можеше да си дозволиш.
Напротив Сталин, сите живееја на кредити, но кредити кои, кога ќе ги земеш првите неколку рати беа проблем. Понатаму беше смешка да се исплаќаат. Се беше на кредит -стан, кола... само отплатата е различна од сега. Тогаш буквално државата ти ги исплаќаше -односно банките (и пак излегуваше државата како исплаќач). Но тоа беа добри поволности за обичниот граѓанин оти тогаш сите (скоро сите) се стекнаа со возила, а и сите мигрирани бивши земјоделци од руралните области (тогаш и се отсели грото од село во град) се стекнаа со станови и бараки.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Напротив Сталин, сите живееја на кредити, но кредити кои, кога ќе ги земеш првите неколку рати беа проблем. Понатаму беше смешка да се исплаќаат. Се беше на кредит -стан, кола... само отплатата е различна од сега. Тогаш буквално државата ти ги исплаќаше -односно банките (и пак излегуваше државата како исплаќач). Но тоа беа добри поволности за обичниот граѓанин оти тогаш сите (скоро сите) се стекнаа со возила, а и сите мигрирани бивши земјоделци од руралните области (тогаш и се отсели грото од село во град) се стекнаа со станови и бараки.
Море и земјоделците беа доста јаки, нова механизација, пазар 22 000 000 огромно производство. Денес се со истата механизација од пред 30 години, дури се бележи и назадување, дел од механизацијата купена за време на СФРЈ е расипана па се префрлаат на најпримитивните начини на обработка.
 
Член од
22 јули 2008
Мислења
819
Поени од реакции
26
ако се живеше подобро во диктатура..тогаш плачипички не кукајте за демократија!
So sakas da kazes deka vie isfrustriranite Vmrovcinja ste kako nekoi diktatori pa nekoj da kuka za demokratija.
Patetika ziva ste be vmrovci ne znaete drzava da podredite pa odozgora pocnaa i diktatori da se mislat.

Demokratija nikogas nemalo i nema ni da ima taka da isto ni se fakja.
 
Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
So sakas da kazes deka vie isfrustriranite Vmrovcinja ste kako nekoi diktatori pa nekoj da kuka za demokratija.
Patetika ziva ste be vmrovci ne znaete drzava da podredite pa odozgora pocnaa i diktatori da se mislat.

Demokratija nikogas nemalo i nema ni da ima taka da isto ni se fakja.
Најголемиот поборник за независна Македонија си се пресели во Благоевград, море ако ме слушате мене уште утре протерајте се што е со предзнак дпбне
 
Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Ве читам и си велам дали пак да ве ставам на нервози :)

Во врска со Југоносталгијава...:drk:
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Еј сакаш да кажеш дека денес има поголема демократија ??

Не зезај човече, па денес народот е жртва на неспособни политичари, во СФРЈ Љубчо, Ахмети, Тачи и слични ќе ги немаше.
Денес можам слободно да псујам кого сакам, вклучувајќи држава, Премиер, претседател, опозиција, судство...да се расправам со полиција и да не бидам уапсен...
Поголема демократија, дефинитивно.

Напротив Сталин, сите живееја на кредити, но кредити кои, кога ќе ги земеш првите неколку рати беа проблем. Понатаму беше смешка да се исплаќаат. Се беше на кредит -стан, кола... само отплатата е различна од сега. Тогаш буквално државата ти ги исплаќаше -односно банките (и пак излегуваше државата како исплаќач). Но тоа беа добри поволности за обичниот граѓанин оти тогаш сите (скоро сите) се стекнаа со возила, а и сите мигрирани бивши земјоделци од руралните области (тогаш и се отсели грото од село во град) се стекнаа со станови и бараки.
Епа...кредитот е необезбеден со врзување со некоја странска валута на износот на ратата, како што е сега ( не важела девизната клаузула) а динарот паѓа ли та паѓа, инфлацијата го јаде...па купуваш кола за сума на рата од една кутија цигари...дури и се силиш да го отплатиш многу пред време!
И, пропаднаа банките...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom