Да се обидеме да бидеме реални...
Југославија не беше до толку моќна и развиена држава. Тоа е факт. И да тргнеме од тоа.
Политички права и слободи - никакви. Не е дозволена критика на системот, и на поединци од истиот, но сите други слободи се тука...Криминалитет на многу ниско ниво, како и во сите други комунистички држави.
Сопственоста на фирмите - општествена, значи сечија и ничија...уникат беше во светски рамки. Фирмите константно во загуби, па демек план прават за излез од ситуацијата, банките даваат кредити кои никогаш не се враќаат, оти нема од што...превработеност...
Кој ги памти боновите за бензин од 80-тите и рестрикциите на струја? Тоа...зошто Милка Планинц не обезбеди девизи да се купат...
Е сега за обичниот социјалистички трудбеник од тоа време...имало живот...
Платата иде на први...ама со неа на пр. нема што да се купи...Ги паметите ли редиците насабајле за леб и млеко, па празните рафтови во продавниците??? И, како спротивност на нив преполните продавници со ИСТ производ кој не се троши?
Затоа...ги направивме луѓе Бугарите и Грците...
Одмор на море во Грција, шопинг во Солун, Софија, Петрич, Сандански....Црно море...Купување бела техника и Аудио и ТВ по фри шопови....
Не беше до толку розово како што некои се обидуваат да кажат...платите не беа толку многу високи...пак луѓето одеа по Швајцарии и Германии...према западот пак си бевме чергари.
Се радувавме како деца на лименка Кока Кола донесена од Грција...
За разлика од другите комунистички држави, во Југославија слободно се доаѓаше до пасош.
Се во се...минато...