Во современиево наше скептицизмот е широко распространет, но како и во секоја добра работа која човекот ја прави се наоѓаат нелуѓе кои извитоперуваат секоја една добра работа.
Сега станува збор за скептицизмот.
Постојат два вида на скептици:
Скептик= човек кој не е задоволен со моменталните вистини и е во потрага по подобри и поквалитетни вистини макар кои и да се и каде тие може да водат.
Квазискептик=човек кој е задоволен со моменталните вистини и е во потрага по докази да ги потврди тие вистини исклучиво за да ги негира останатите.
Со ова на ум продолжуваме со темата.
Теоријата на еволуција е токму тоа: ТЕОРИЈА
Со денешниот развој на науката сеуште да не може да се докаже теоријата е апсурд. Замислете, од кога е поставена теоријата, а сепак е сеуште на ниво на теорија.
Сепак, покрај се`, тоа не пречи таа да им се предава на децата како научен факт иако е теорија!!!
Адам и Ева
Креационистичка квазискептичка потрага по вистина.
Како и да е, приказната за Адам и Ева поседува вистина во преносното значење и тоа во делот на духовното, не на материјалното.
Да се тврди дека човекот постанал од инцест, односно само од две репродуктивно способни единки, како доказ за човековото настанување е апсурд еднаков на тврдењето дека човекот е постанат од мајмун.
Како и да е, оваа теорија не им се предава на децата како научен факт.
Еволуцијата се дефинира, меѓу другото, како развој при приспособување кон природните услови.
Општо познат факт е дека човекот не е приспособен на ниедни природни услови кои моментално се активни во природата. Тогаш во што и како еволуирал човекот?
Единствено место каде што човек би можел да опстанува, но и да се развива е во неговата творба наречена општество. Имајте на ум дека природата не создава општества.
Веронауката,
Единствена маана на веронауката која ја предаваа во нашите училишта е тоа што не ги предаваа вредностите кои со себе ги носи верата туку ги учеа децата како во црква да се однесуваат. Христијанската вера е прекрасно нешто. Таа се состои од индивидуалност, слобода, хуманост, доблест, односно се` што го краси човекот и тоа преку слободата тоа да го изразува преку својот индивидуален концепт.
За жал, христијанската религија се покажа и покажува поинаку.
Инаку, кој не прави разлика помеѓу вера и религија не би требало да дискутира на вакви теми.
Доколку скептиците на оваа тема сакаат да дознаат нешто повеќе нека прочитаат нешто за
- Louis Bolk: retardation theory
- Information theory and DNA
Квазискептиците... Тие и онака се` знаат.
Поздрав:helou: