Што си се фатил за таа човечка перспектива кога немаш никаква друга?! Божествена сигурно не си добил.
Значи кариесот може да постои без забот а? И 'рѓата може да постои без железо?
Ако не постои доброто, не би постоело ни злото. Злото само по себе не постои. Тоа е едно големо ништо. Како што не постои темнина, туку отсуство на светлина, како што не постои студенило, туку отсуство на топлина, така не постои ни зло, туку постои отсуство на доброто.
И ништо, ама ништо на овој свет нема да одбере да биде зло, само бидејќи сака да биде зло (или го сака злото).
И еве уште една перспектива: што или кој е оној кој кажува кое е добро, а кое е зло? Значи мора да има трета страна. Дуализам со три страни нема. Јасно ли ти е? Како ќе кажеш дека една линија е крива, ако пред тоа не си видел што е права линија? Кој стандард ти ќе го имаш за тоа што е права, а што е крива линија? Значи пак, има нешто трето што кажува кое е што.