Логички тогаш само оној кој верува во овој Бог би требало да го "обвини" Бог за несреќите (ако не веруваш во нешто-тоа не постои, следствено нема на што да се префрли вината
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
). Доколку некој верува во што знам,
Перун, Вишну, сатаната, или Один (пример, се оградувам од конкретни имиња на богови пошто не знам другите точно у што веруваат) би требало за секое зло да ги обвинува соодветно. Тоа и ме интересираше, дали за сатанистите виновен е сатаната, Кришна, Вишну... за некои други, нивниот бог...ме интересира кој е за нив виновен при вакви случувања.
Инаку за судбината...честопати е дискутирано, но сметам дека во најголем број случаи човек влијае колку што му овозможува околината, т.е. многу малку. Посебно најмалку може да влијае на смртта и страдањата за кои се говори. Како минуваат години, човек се уверува постојано во тоа.
Пример ете Ниче за кого говорите, сигурно не се определил за лудило и тешка и бавна смрт...след на околности/судбина/Бог...сеедно кој во што верува...на кои сам не можел да влијае.