Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Член од
27 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
2
Каков господ бе.Човекот сам си е одговорен за своите постапки.Само полесно е да веруваш дека некој тако звани Господ е крив за тоа отколку сам да се обвиниш.Не постои Господ.Тоа е само од потреба на човекот да верува во нешто.Да има кого да фали и да обвинува.
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.130
Поени од реакции
795
Ако некој реши да си свирне куршум низ глава, не треба да го криви Бог за тоа. Можеби Негова волја е тој човек да умре по 50 години, а овој ќе се упуца и нема да го праша Бог дали требит или не.

Бог знае што и како ќе биде, но доколку некои нешта зависат од нашите одлуки, а ние не се консултираме со Бог за истите, а си постапиме како што ни е ќефот , нема друже што тука да кукаш дека Тој е крив и испланирал се.
Бог испланирал се и знае што и како ќе биде... ама ние сепак имаме слободна волја? Ова е веројатно една логична недоследност што се учи во прво или второ оделение.
НЕМОЖЕ бог да знае однапред се, и ние да имаме слободен избор... Бидејќи ако некој веќе знае што ќе се случи во иднина, ние неможеме да носиме сопствени одлуки по своја волја која може да се коси со планираното!
Да се консултираме со бог за нашите одлуки? Се консултираш ли ти со бог додека преминуваш пешачки премин? Се консултираш ли со бог додека јадеш (да не ти отиде храната случајно во душник)? Се консултираш ли со бог додека возиш автомобил? Се консултираш ли со бог додека одиш по скали, додека дигаш тегови или додека пушиш цигара или пиеш пиво? Се консултираш ли со бог за се да иде по неговиот план? Можда ќе решиш да постапиш поинаку од зацртаното...

Патетичен квази-аргумент на лицемерен верник... без грам логика и рационалност!
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Прво , ретко кој знае или поубаво кажано знаел.
Ако знаеме ние не би правеле лошо , а правиме значи не знаеме.
Тоа разбирање е божје и со ова ниво на свест со кое би го поставил не би добил одговор сигурно.
Тогаш се поставува прашањето кое е божјото ниво на свест или другачие кажано Christ Consciousness или Buddha Consciousness.

--- надополнето ---

Заборавив да пишам што даде гугл синхронизиран со моите барања.
http://www.iamuniversity.org/iamu/mobile/literature/corners/spiritual_psychology_corner/3736-How-Achieve-Christ-Consciousness.html
Не сум го читал ама верувам у шесто сетило за овие работи. :)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Mengele bil doktor po filozofija i medicina i te kako dobro znael so prai, pistolot ne go izmislil debil.
 
Г

Господ

Гостин
Бог допушта зло и страдање за да ни го направи животот поинтересен.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.849
Поени од реакции
12.377
Хм, ова истото се прашуваат и сатанистите -ако сатаната постои, зошто допушта зло и страдање. Не знам паганите, бахаистите, хиндуистите, будистите, атеистите...кого обвинуваат за злото и страдањето. Бог и за нив е виновен?
 

Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
Бог испланирал се и знае што и како ќе биде... ама ние сепак имаме слободна волја? Ова е веројатно една логична недоследност што се учи во прво или второ оделение.
НЕМОЖЕ бог да знае однапред се, и ние да имаме слободен избор... Бидејќи ако некој веќе знае што ќе се случи во иднина, ние неможеме да носиме сопствени одлуки по своја волја која може да се коси со планираното!
Да се консултираме со бог за нашите одлуки? Се консултираш ли ти со бог додека преминуваш пешачки премин? Се консултираш ли со бог додека јадеш (да не ти отиде храната случајно во душник)? Се консултираш ли со бог додека возиш автомобил? Се консултираш ли со бог додека одиш по скали, додека дигаш тегови или додека пушиш цигара или пиеш пиво? Се консултираш ли со бог за се да иде по неговиот план? Можда ќе решиш да постапиш поинаку од зацртаното...

Патетичен квази-аргумент на лицемерен верник... без грам логика и рационалност!
Види, ако тргнеме од премисата дека Бог е семоќен, зашто не би знаел што ќе се случи во идинината?

И кога читаш хороскоп или одиш кај гатачка, наводно и тие ја знаат твојата иднина, ама сепак не ги обвинуваш дека ти го испланирале животот, или дека ти немаш слободна воља. Јас разбирам што Синатра сака да каже со ова, зашто за верниците ова има смисла. Секако мораме да признаеме дека Бог е толку голем што нашите мали и ограничени умови не можат да разберат се. Затоа треба и да се има вера. Башка, очигледно е дека немаш ни грам познавање на доктрината на христијанската вера, па затоа не треси работи од ракав.

И немој да мешаш Божја волја и Божји план.

Ако си христијанин, секако дека ќе ја бараш Божјата волја во твојот живот, ќе бараш водство и заштита од него. Немој да ги тривијализираш работите.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
И немој да мешаш Божја волја и Божји план.
Елаборирај. Ако не ти е тешко, дефинирај, според тебе божја волја и божји план. Не ми оди заедно со слободната волја што наводно ни е дадена, која во безизлезни ситуации ја форсирате како ефтин зејтин.
 

Стејси

King's Daughter
Член од
11 август 2010
Мислења
34
Поени од реакции
6
Елаборирај. Ако не ти е тешко, дефинирај, според тебе божја волја и божји план. Не ми оди заедно со слободната волја што наводно ни е дадена, која во безизлезни ситуации ја форсирате како ефтин зејтин.
Немам што јас на тебе да ти елаборирам. Прво научи да се однесуваш, а потоа обрати ми се.

(поарно овца, отколку јарец)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.683
Поени од реакции
34.186
Немам што јас на тебе да ти елаборирам. Прво научи да се однесуваш, а потоа обрати ми се.

(поарно овца, отколку јарец)
Чувај си провинцијалското однесување по дома. Ако незнаеш, земајќи во предвид дека си жена, прај го тоа што си најдобра. Ќути.

Бог е војаер. Нели несмее да се меша, ни дал наводно слободна волја, и секако за делата следат наводно последици. Е сега контрадикторноста ми е во поимот божјиот план, божјата волја? Значи уште пред да одлучиме тој знае што ќе одлучиме. Негов план било тоа in the first place, негово сценарио? Што ја класифицира слободната волја како илузија? Премногу допирни точки со детерминизам.

Ако постои зошто допушта зло и страдања. Клучното е дали постои. Илузија се ствара, од смртта, стравот од нејзе кој генерира надеж за задгробен живот. Дали Бог постои?

Не.

Господ е мртов.

Кога сме кај Ниче, еве ти уште некој фин цитат.

„Сега за мене би преставувало страдање, би претставувало мачење на оздравен човек да верувам во такви призраци: тоа би ми претставувало страдање и понижување. Така им зборувам на тие што веруваат во задгробниот живот.
Страдањето и немоќта - тие ги создадоа сите задгробни светови; и онаа кратка лудост на среќа што му е позната на страдилникот“

„Moeто „јас“ ме научи на нова гордост, на која сакам да ги научам луѓето: да не си ја кријат главата во песокот на небесните нешта, туку да ја носат слободно, таа земна глава што ја создава смислата на земјата.“
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
И ако Ниче рекол Бог е мртов , готово он умре.
Да , умрена е идејата за Бог-персоналити и толку , уствари и никогаш не постоела .
Незнам што точно мислела таа интелигентна будалетинка под поимот Бог.
Ама не свакај здраво за готово.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Како би дознал што е комитрагедија ако не знаеш што е трагикомедија.
 

831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.987
Поени од реакции
12.630
Хм, ова истото се прашуваат и сатанистите -ако сатаната постои, зошто допушта зло и страдање. Не знам паганите, бахаистите, хиндуистите, будистите, атеистите...кого обвинуваат за злото и страдањето. Бог и за нив е виновен?
Обично тие не обвинуваат никого за своите постапки како што прават останатите...за останатите секогаш е другиот виновен, другиот таму некаде :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom