Имам така поголем проблем, па не најдов ништо околу тоа на интернет, и барам помош од вас.
Значи лани земавме лаптоп Acer Aspire one од понудата на т мобајл, мање битно, лаптопот скоро имаше проблеми со напојување. Почна да трепка кога се полни, и потоа не се полнеше повеќе. Наидовме на истиот проблем на интернет каде имаше решенија. Полека со слики беше објаснето, и заедно со татко ми (обучуван, и доволно добар за такви ствари) го отворивме, и средивме проблемот. Воопшто немаше проблеми, но после некоја недела, воопшто не се полнеше (дури и мирисаше на изгорено) па да не ризикуваме го однесовме на сервис, не се сеќавам точно, и ни рекоа дека нема некој начин да се реши проблемот.
Енивеј, татко ми имаше идеја, и знаеше дека така би успеало, само тоа што го бараше тој, не го најдовме.
Она за што ве прашувам сега е, дали има овде кај нас, нешто како држач за лаптоп (слични на оние што го ладат) и се зацврстува, односно приклучува со лаптопот преку местото на батеријата, и се полни преку него. Има нешто такво? Ве молам итно ми треба одговор, доколку знаете.