RePrEsEnT
Until The End Of Time
- Член од
- 26 септември 2007
- Мислења
- 92
- Поени од реакции
- 126
Ајде да ја разгледаме следнава ситуација: Одите на одмор. Се враќате после десет дена. Влегувате во шпајзот и нешто ви смрди на расипано. Набрзо заклучувате дека смрдеата доаѓа од фрижидерот за длабоко замрзнување. Додека вие сте ја трошеле кремата за сончање тој се расипал, а заедно се него и она што било во него и сега, за да го отворите ви е потребна гас маска. Одите и ја набавувате од соседот (кој е прв човек на цивилната заштита на вашата месна заедница) и се охрабрувате да си ја завршите работата. Го отворате фрижидерот и сето месо што вујко ви на село ви го дал, кога ја колел свињата (лани зимото) се испорасипало, освен килограм и половина кременадли кои се свежи како свињата вчера да ја испуиштила душата.
Што е тука чудното? Месото кое се расипало? Или она што останало свежо? Секако делка она што останало свежо.
Римјани 3:
12 Сите згрешија , сите станаа неполезни, нема кој да прави добро, нема ниту еден.
13 Нивното грло е отворен гроб, измамуваат со јазиците, змиски отров е под нивните усни.
14 Устата им е полна со клевета и горчина
15 Нозете им се брзи за пролевање на крв,
16 Запустување и беда се нивните патишта
17 Не го познаваат патот на мирот
18 Страв Божји нема пред нивните очи.
Според погоре (стиховно) опишаните околности вистинско чудо е дека на планетава сеуште има нешто нерасипано.
И тоа само заради милоста Божја.