- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
Кон болтуваното:
Ајде, според тебе, која е причината за смртта на споменатото дете? Секако, тоа кое ќе го наведеш, да биде аргументирано со јаки докази....ако ги имаш, разбира се, е не да бидат сомнежи и автодебати до немајкаде и назад и пак да останам без саканиот одговор.
Ќе ти дадам и две гледишта,оти си ми мил и лижавчест...
Едното гледиште е дека детето се разболело од тумор.
Го носеле по доктори,таму го сечеле,го буцкале,му давале некој грозни апчиња за да му го повратат имунитетот,но,и покрај се,детето починало.
Е сега,ние сомничавите можеме да извадиме две сценарија за "што потоа"..
Првото е дека неговите родители долго го оплакувале,неможеле да сфатат зошто баш нивното дете морало да ги напушти,и засекогаш носат црно и тагуваат во себе.
Второто е дека еден од родителите(или двајцата)после ова паѓаат во страшна кататонија,престануваат да јадат и губат секаков контакт со работите кои ги правеле среќни.Можеби умираат од тага,можеби живеат со неа.
Јас ова гледиште го прифаќам како сосем нормална работа.Нема утеха после таква трагедија.Со ништо не можеш да ја пребродиш.Ти си загубил дел од себе и не смееш да бидеш лицемерен и да бараш оправдувања за да ја оставиш зад себе.Ако имаш сила да живееш со неа,во ред.Ако немаш....
Второто гледиште е со исто почетно сценарио.Детето заболува од тумор и умира,покрај се што медицината(читај науката)се обидела да направи за него.
Неговите родители со недели го прашуваат Господ зошто баш нивното дете морало да замине,зошто таква била Волјата негова...
На мракот и тишината која доаѓа како одговор тие наоѓаат разбирање.Тие прифаќаат дека Бог имал друг план за него,и со тоа,го замислуваат нивното дете среќно,горе на небесата....
Одвратно ми е да продолжувам.И овие луѓе ми се одвратни.
Не мили мои.
Вашето дете гние под земја.
Станува трулеж.
Станува ништо.