Хахах копирам Гугл цитати? Ми добро де... ама ти да не гледаш Зеигеист
може?
Ако сакам ќе копирам. Јас можам да користам се што ми е достапно од верата, како што ти можеш да користиш се што е спротивно на неа.
-Верувам затоа што знам дека има нешто повеќе од што мојот примитивен ум и разум може да интерпретира.
-Верувам кога гледам на се околу себе. Верувам кога се радувам на денот, или кога се плашам од ноќни ѕверови.
-Верувам кога некој ме негира, бидејки знам дека постојам.
-Верувам кога некој ме подценува а не ме знае и знам дека не е во право.
-Верувам кога ќе направам грешка, бидејки најчесто кривицата е во мене или по заслуга на некој друг човек, а не Бог, бидејки имаме слободна вољја. Бог може да ти помогне да не се фрлиш од мост, но нема да те фати долу ако сам го избереш тој пат
-Верувам кога ќе ми се случи нешто лошо, бидејки ако се потрудам доволно ќе видам дека има низа причини по кое тоа нешто ми се случува.
-Верувам кога гледам како во Африка се гладува, а човековата лакомост профитира од нивните маки и нивната смрт.
-Верувам и дека на добри луѓе им се случуваат лоши работи, но знам дека некои добри луѓе не им помагаат на своите добри браќа. Верувам дека на добри луѓе им се случуваат лоши работи, но на крајот на краиштата кои сме ние да пресудуваме за такви работи.
-Верувам дека ѓаволот и злото се присутни кога не е присутна верата т.е. Бог. Како што е темнината одсутство на светлина или пак студилото одстутсво на топлина. (Физика, Ајнштајн).
-Верувам бидејки знам дека некои работи сам мора да ги сработам и да не чекам на возвишена интервенција бидејки таквата може да дојде со труд и верување, а не седење и лелекање.
-Верувам кога некој неможе да ме сфати бидејки верувам, но сепак има нешто што во гради го чепка и тајно посакува да дознае и спознае тоа што на мене ми е веќе секојдневие
-Верувам бидејки сакам да верувам и знам дека кога ќе ги затворам овие очи, ќе ми се отворат нови, други, искрени и скоро совршени, во место кое што умот неможе да го предскаже а зборовите не се доволни за опис.